Предложете ми за испакнат ангиом на врат со радио бранови,доктор ? Да немам лузна и да е саглам д-р ве молам од искуство
Ќе ве молам за презимето од др Ирина што работи кај Старова? Или евентуално ако имате и нејзин број? Се работи за дете со импетиго најверојатно. Никој не дава точна дијагноза и се вртиме во круг. Или ве молам за препорака за друг доктор.
Д-р Силвија Дума на клиника Д-р Ирина не е ништо посебно искрено подобар е тој другиот машкото што беше ама како се вика не знам Агрон мислам , само колку е во Мк нз јави се прашај ги
Јас сум задоволна од Др.Лидија Бисеркоска во Ремедика ,кај ќерка ми одма утврди дијагноза за одмредена ситуација,како кажа така испадна , инаку други ме мафтаа не можеа да утврдат што е.
Која цена е преглед? Да Агрон е. Ама нема термини тоа е страшна работа. Иначе др.Агрон ја среди егземата кај брат ми.
Па со приоритетен кој е слободен тој те прима, иначе ако можеш види Др Весна Бришковска така нешто беше и таа не е лоша ...државно искрено има доста стручни за разлика од приватно како што имам приметено
Зарем таа отишла приватно ? Колку им викаше на пациенти и имаше враќано дека биле на приватно па државно ,луда жена мене ми остави негативен впечаток а за знаење не стигнав до таму ме избрка пошто сум била на приватно
Девојки со денови ѕвонам во д-р Горица Ласер центар никој не се јавува. Не можам ни да закажам, ни да се консултирам. Сакав да прашам дали некоја има правено последниов период ласер кај нив, за отстравување на плочест ХПВ на лице? Ме интересира цената во моментов.
На фиксниот број им вртеше? Пробај јави се директно кај докторката, мислам дека го има и нејзиниот број на нет, на Инстаграм профилот ако не се лажам. Ако не се снајдеш, кажи слободно.
Минатото лето ми се појави мала сончева дамка под окото од страната на носот.Дерматолог рече дека е сончева дамка и дека треба да користам спф 50 за заштита .Една пријателка ме советуваше да земам масло од горка семка од хунза па се мислам што да правам.Некои го ваѓаат спф штетен ама со оглед дека летно време сум нон стоп на сонце нема друго решение,капчина не сакам да носам да ми се поти косата ,а и тоа ќе мора изгледа .Некој /а искуство со сончева дамка како сте ја решиле .
Гледам дека ги фалите докторите од 8ми Септември, можеби некои од нив се ок али целото искуство и системот не вреди… можеби затоа си и одат тие што малце повеќе вредат како Брошкоска. Денес бев за дермоскоп со закажан преглед од матичен, односот на сите вработени е ужасен, освен ако не си и ти некоја простаќа па да ти е нормален таков тон и понашање. Не се почитува туѓото време ни-ка-де! Ни во ординација, ни на шалтер, ни лифт додека чекаш - во ординација врата не се затвара на преглед може цела чекална да ти го разбере проблемот ги заболе докторите за твојот комфор, можеш да чекаш со ЗАКАЖАН ТЕРМИН и 50 минути!! додека она си се смее со пациентот пред тебе и си прикажува за животот и сето тоа без грам срам, знам зашо вратата не беше затворена ни на нив како што не беше и за мене. На шалтер системот работи вака, шалтерката може да си одлучи кога ќе ги носи предметките до книговодител и да се задржи таму 40!! минути, без притоа да има замена, без да напише известување без ништо, као си може она зашо на крај на работно време да го прави тоа, да бе од свое време ќе си крати кога може вака, што има веза што ќе чекаат луѓе, нека чекаат дошле у болница за здравје, ако треба да се вратат на работа нивни проблем. Во лифт, ако начекаш да дојде ќе се возиш со кесите медицински отпад не затворени до тебе, со болни со отворени рани до тебе и со хегиничарката во количка што носи крпи од џогери за перење! и ако си дошол здрав 90% е веројатноста дека ако се возиш во лифтот ќе се заразиш со нешто. Ете тоа све посведочив денес. Најглавното ќе го заборавев, се штеди на вреќи за отпад бев за жал и на тоа сведок, додека чека 55 минути за преглед ќе се изнагледа човек се и сешто. За трагедијата да биде поголема, во една од кантите имаше крв исфрлено и додека претураше од канта во кеса поголема без да ја собере само кесата затворена пошто се штеди нели, ѝ истече крвта се разли по подот, не носеше никаква заштита женава бтв ни ракавици ни маска на лице, одвратно. Не би сакала да знам дали живее сама или дали е баба на деца што после работа иде да ги гушне дома Ако ова искуство се исплати повеќе од што да идеш на приватно и платиш преглед колку што ќе платиш нокти со гел лак тогаш дечки идете тровете се по државниве болници што да кажам, ја повеќе никогаш не дај боже!!! После ова, многу малку имам почит и за докторите што работат во ваков систем. *имам слика што не ми дава да ја закачам, на едната страна од ординацијата е дермоскопот и компјутерот на докторката а на другата, имаше биро и врз него душег со жолто по него цел најверојатно отпад што лабаво си стои у ординација вака
Zdravo,sakam da pojdam na dermatolog za da mi se iscisti licevo imam komedoni i vospleni akni po celoto obrazite,ne sum bila dosega pa kakva e postapkata dava tretmani,kremi ili apcina?
zdravo ke moze li da mi preporacate nekoj dermatolog strucen za psoriaza vo mnogu napredna faza? se mislam za andrej petrov vo sistina ako moze iskustva ili nekoj drug specijalist od dr vesna plakoska ne sum voopsto zadovolna ni terapija ni pristap fala mnogu