Ве молам за препорака на добар дерматолог во Скопје, без разлика дали приватно или државно. Потребно ми е за Actinic keratoses и да се погледне со дермаскоп. Благодарам
Не знам искрено, кај мене преубав впечаток остави и сеуште трае. Искрено, судејќи по коментарот долг подоле - баш ми е мило што отишла каде ќе ја ценат.
девојки каде да најдеме Алдара крем (Imiquimod 5%) или Quimodiа? Ве молам за помош никаде ја нема. Ако некој знае било каде во МК
Дали има некој искуство со криотерапија на хиперпигментација на лице? Би сакала да се консултирам во ЛП. Исто препорака за добар дерматолог за хиперпигментации. Истражував и најдов само за Дерма Нова во Скопје и Др.Тасевска во Битола. Ве молам за искуство доколку имал некој кај нив.
Времето за резултат е релативно кај секој пациент. За 4 месеци немав акни, за 1година бев како да сум немал претходно проблем со лицето, ни флеки ни нови акни, ништо. Од стрес знам да се нафрлам, но не како порано.
Задоволни сте? И отприлика дали прегледуваат детално, и дали се како сите класика дерматолози што нудат нивни креми
Па не знам искрено,прв пат одам кај Ирина… прегледот е на база на разговор.Креми и такви работи ми напиша од повеќе производители и јас сама си одбрав… а за резултат ваљда треба време…
И јас бев во 8ми на дермоскоп ама среќа докторката и падна жал да ме враќа па ме прегледа на крај Прво беше преглед па рече сега ќе ти закажам дермоскоп а матичната напиша на упат за дермоскоп и требаше пак да доаѓам , па малку се расправав и чекав на крај .Не ми ги прегледа сите зошто нели не ми бил термин ама тие што ме секираа 10 Тина ги виде убаво. Инаку да хаос е, со отворена врата цел ходник гледа А не само таму секаде во 8ми е хаос. Пред некое време морав 2,3 пати на ургентен да одам за жал, многу е лошо. Со катетери со повраќаници ќе си чекаш на исто место За легнување кога видов крвав кревет со игла им е гајле ти се дере легнувај ајде Ужас ни е здравството