1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дерматолог

Дискусија во 'Лице' започната од narcis2011, 22 септември 2011.

  1. Bella14

    Bella14 Нов член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Извинете, но не би сакала сега да кажам, им кренав паника малку за нестручноста и мислам оти има има подобрување, дури и докторката ми кажа КОНЕЕЕЕЧНО што да напраправам. Ќе одам пак, доколку нема подобрување, бидете сигурни дека ќе кажам јавно.
    Ве советувам сите што одите и мислите да одите на дерматолог - БАРАЈТЕ ДА ВИ СЕ КАЖЕ ШТО СЕ’ СЕ РАБОТИ И БАРАЈТЕ ДА ВИ СЕ КАЖЕ ЗА МОЖНИТЕ РИЗИЦИ ШТО ПОСТОЈАТ, И ДУРИ ДА НЕ САКААТ ДА ВИ КАЖАТ- ИНСИСТИРАЈТЕ. КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ПОЧЕТНА ФАЗА, НИ СЛУЧАЈНО ДА НЕ ГИ ПРАВИТЕ ТРЕТМАНИТЕ БЕЗ ДА ЗНАЕТЕ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ. И НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ТРИКОВИ САМО ЗА ДА ВИ ПРОДАДАТ СКАПИ КРЕМИ. ПОЗДРАВ НА СИТЕ.


    Јас морам да одам заради незавршените третмани, и да се спаси лицето, зашто они си ја знаат грешката и мора да помогнат. Само заради тоа, инакууууу..
     
  2. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Preporacajte mi dobar dermatolog vo Skopje za da mi pomogne so problemot so luzni od akni. Znaci jas nemam akni voopsto, samo luzni, mali dupcinja i 2-3 flekicki na slepoocnivite i leviot obraz, ne se mnogu no mi smetaat. Ja citav temava i vidov deka mnogu ja falite dr Nikolina i mislev da odam kaj nea, ama sega se dvoumam bidejki edno devojce ponazad imase napisano deka ne i pomognala za luznite. Ima nekoj pozitivni iskustva so doktorkava konkretno za tretman na luzni od akni? Se izvinuvam za latinicata, od mob pisuvam
     
  3. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    i jas sakav da ti ja preporacam nikolina,jas sum zadovolna od nea,jas imav prob so akni pa posle luzni,aknite mi gi iscisti pa mi dade edna krema vrz baza na oves i taa mi pomaga,sega so kremi potesko odi cistenjeto na luznite ama kaj mene ima pozitivni rezultati... ima nekoi dermatolozi davaat apcinja ama spored mene sepak e podobro da se izbegnat ako e mozno
     
  4. presiosa1

    presiosa1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    11

    би ти препорачала др.коста цветковиќ ДЕРМА ПЛУС до сега сите се задоволни од неговите третмани а еве сега и јас за недела две ќе одам за лузни со дермапен....


    николина работи само со креми а лузни само со креми не поминуваат ти кажувам од искуство ...за лузни е потребно третман за лузни плус кремите како додаток....
     
  5. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Колку се плаќа за преглед кај Др. Коста и каде се наоѓа ординацијата?
     
  6. presiosa1

    presiosa1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    11
    Ординацијата во Аеродром се наоѓа спроти Capitol Mall...
     
  7. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    1.054
    Здраво девојки,ги прочитав скоро сите препораки,но сепак би сакала да прашам конкретно за мојов проблем кој дерматолог би ми го препорачале...значи немам проблеми со акни и сл,бубулица некоја знае да ми излезе пред да добијам меѓутоа имам многу црнки на носот незнам како да си го решам проблемов,сум пробала се и сешто од природниве препарати но не оди.Дали може да ми препорачате некој,да ми кажете какви третмани постојат за овој проблем и ако може да ми објасните какви се и која им е цената :) Фала
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Девојки како оди наплаќањето на Дерматолозите како се цените горе долу и дали има некој бидено случајно кај доктор Дочка во Битола?
     
  9. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    145
    Кај Бисер е ординацијата ( во Аеродром). Третман чини 1500 денари ( чистење,дермоабразија, хемиски пилинг).Задоволна сум и препорачувам да се посети. :!:
     
  10. lina11

    lina11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2014
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    12
    Дали некој бил на преглед кај Др. Соња Петрушевска и како сте задоволни? :)
     
  11. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    И јас почнав кај Николина(Нина) и морам да ја пофалам.Многу пријатна докторка и не толку скапа.
    Едноставно влева надеж,но вели треба трпение што е точно.Ќе видиме како ќе биде,но јас овој пат верувам дека ќе успеам,се е полесно кога имаш таков стручњак. :)
     
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Не знам дали е за тука прашањето меѓутоа во последно време многу ми се појавуваат бубулици на чудни места, ај на делот кај градите до негде е нормално можеби. И јас, бидејки не сум јас ако не пробам да ги истискам пробувам ама не можам. Не дека нема ништо туку едноставно не можам, а понекогаш ме болат многу..
    Се плашам да не е посериозна работа, кажете ми што да направам? Дали да идам на дерматолог?

    Фала ви
     
  13. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    145
    Секако дека е најдобро да посетиш дерматолог, ќе ти каже од што може да се јават,што треба да испиташ,што терапија да користиш. :)
     
  14. viviette

    viviette Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна од Меа Медика, многу е пријатна и професионална докторката. Веќе скоро година одам редовно на месец-месец ипол на третман и многу ми се исчиси лицето. Ми кажаа и кои креми да ги користам и стварно ми се среди лицето. Препорачувам! :)
     
  15. Carpisa

    Carpisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Helou Mime :) Сум била неколку пати кај др.Дочка, еднаш имав егзема на раката, неколку пати бев на контропа и за горење на водени брадавици. Се на се, супер е, ама е малце поскапа од другите дерматолози кај што сум била. За консултација или било каков совет наплаќа 500 денари, мене ми наплати плус 500 за екземата и плус 1000 за тоа со брадавиците. Исто би ти ја препорачала др.Анета од Бт, има нова ординација, со супер опрема, многу е професионална и како почетник во новата ординација (инаку е исто специјалист дерматовенеролог веќе подолго време) малку поскромна со цените :) така да, препорачувам. Имам и бројче, ако ти треба. :) Поздравче :f:
     
    На mime87 и estela123 им се допаѓа ова.
  16. Discovery

    Discovery Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    228
    Може некој точно да ми објасни каде се наоѓа ординацијата на др.Николина во Аеродром?
     
  17. Lovely000

    Lovely000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ја бев кај Др-Николина, се одлучив кај неа да идам, заради што сите ја фалат..
    Бев едно 4 пати, со надеш дека ќе ми помогне, но ништо од тоа , мене не ми помогна, а мн бев сигурна дека ќе ми помогне, само лицето полошо ми стана од тие креми што ми ги препорача и пари за џабе фрлив.
    Сум одела и кај др дерматолизи, но и тоа беше залудно..Една колешка на мајка ми, ми препорача да одам кај нејзиниот дерматолог, она имаше мн проблеми со лицето, тој и помогна многу, единстевениот тој и помогнал.. И си реков ај да пробам уште кај него, штом и кај другите сум била, уше тоа да пробам..

    И отидов кај дерматологот и му ја објаснив целата ситуација, и ми препиша едни таблети (летизен) и две маст, недела дена се мачкав со маст, после пак кај него на контрола, и од кај него купив една кремата, што самиот ја прави.. Верувајте ми за 15 дена (пу пу да не се урочам), ни трага од дерматитис.

    Ако некој сака можам да ви го кажам името на докторот нека ми пише порака или пак тука ќе напишам, него да не биде дека му правам реклама..

    Толку од мене, поздрав :)
     
  18. iamnotaquitter

    iamnotaquitter Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    20
    Феминки, дали некоја има искуство со Др. Наташа од Дермаестетик?
     
  19. AGIrlNamedMarija

    AGIrlNamedMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    јас размислував да се префрлам кај доктор Коста, бидејќи читав тука дека имал добри третмани, и дека давал апчиња за регулирање на секретот на лицето.
    и пред да закажам третман, решив да го прашам дерматологот што моментално го посетувам што мисли за ваквата терапија со апчиња, и испадна дека тие апчиња воопшто не се препорачуваат. Ми објаснуваше едно добри 10 мин по телефон колку тие биле штетни, какви се испитувања треба да се прават за да се провери функцијата на органите додека се земаат овие апчиња. Исто така ми рече дека 5 години откако си земала терапија не смееш да имаш деца, бидејќи апчињата негативно влијаеле на квалитетот на јајцеклетките и сперматозоидите.
    После ова дефинитивно ќе се мачам само со креми, чаеви и неуспешни третмани.
     
  20. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    145
    Марија морав да пишам на постот. Јас ги пиев апчињата т.е Роакутанот па ете ме жива сум уште...
    Кај нас поголемиот дел од дерматолозите на знаат како да ги дозираат затоа се плашат да ги препишуваат.
    Пред да се почне со пиеење се проверуваат ензимите на црниот дроб и ако е се во ред се почнува со терапијата која трае 6 месеци.Несакани ефекти кои ги имав јас беа сува уста и сува кожа.Вистина е дека не смее да се забременува 1 година од терапијата.Се даваат исклуциво кај тешки форми на акни,кога друго не помага...:)
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.