Дали сте слушнале или употребувале дрема ролер и какви се резултетите? дали навистина помага при лузни од акни и дали ги вади црнките? Јас нешто истражував, и од прилика вака е објаснет дерма ролерот: Најнова метода на мезотерапија е Мезо Ролер методот. Овој метод во моментот се наоѓа на прво место на списокот на најбарани третмани. Со ефикасноста и едноставната апликацијана безболно боцкање од 500 000 убоди намикро игли на природен начин се прави обнова на кожата а клиентите може да бидат од различна возраст, пол и проблематика. Резултатите нанајновата технологија се комбинација од комбинирана употреба на Дерма Ролер и коктел за мезотерапија. Ваквата комбинација е моќна, дава видливи и докажани резултати. Всушност крајниот ефект од третманот резултат од ефектите на дерма ролерот кои потикнуват синтеза на нов колаген и еластин, стимулирани од уникатната формулација на коктелот за мезотерапија.Со помош на дерма ролерот се обезбедува 95% ефективна ресорпција на активните состојки во кожата, со штомаксимално се искористува нивниот моќен ефект. Мезотерапија е француска метода што се употребува за длабинско внесување на активни компонети, вградени во коктели или раствори, директно во кожата. Во естетиката оваа метода се употребува за подобрување на квалитетот на кожата и разубавување. Дерма ролерот исто така прави механична стимулација накожното ткиво, при што го стимулира да создрава нови количества на колаген и еластин. На овој начин се подобрува квалитетот на кожата, таа станува затегната и измазнета. Третманите за лице даваат ефект на ревитализација, измазнување, пополнување, затегнување, третирање на пигментација , анти акни, како и специјални третмани за третирање на регијата околу очите. На телото овој третман дава одлични резултати при третирање на целулит ,локализирани масни наслаги и стрии. Овој метод се користи и при третирање на косопад, зајакнување на коренот на влакното на коса и подобрување на квалитетот на косата. Е сега што е тоа мезо терапија, какви се тие коктели и раствори? Каде се купуваат? Иначе ролерот не е скап да се нарача од интернет, 700 ден е. Еве и видео како изгледа сето тоа Еве и слики како изгледале пред и по користење на дерма ролерот:
Јас правам Дерма пен( сличен на дерма ролерот) ама ме прават во кожна ординација со специјални коктели за лузни од акни.Другарка моја го има апаратчево ама не се третира сама зашто сепак се игли и после третманот има силно црвенило.Не е ова за по дома верувај ако сакас подобар резултат ти требаат поголеми игли, а со поголеми игли доктор треба да те прави. Иначе коктели имас во ДМ ама не знам колку се квалитетни.
Јас од овде го нарачав, а го имаш и на други страни што се за онлајн купување http://www.kupilesno.mk/index.php?route=product/category&path=144_169
Малку им ја хакнале странава... Каде може на друго место да се најдат во Македонија? Видов на интернет го има во Anni Farm аптеките во Скопје, но некако не ми се зема од таму. Нема бренд на производот, а по сликите највероватно е кинеско производство. Сепак се работи за лице и не е работа да се боцка со секаков метал. Само ако се игличките помали од 2мм, а должината зависи од тоа за што го користиш дерма ролерот. За подлабоки брчки и лузни од акни се препорачуваат подолги игли и третманите се прават на дерматолог. За поблаги брчки и оштетувања на кожата или само за обновување на колагенот можеш си го користиш и дома.
Јас имам дермаролер од 2 мм, го порачав преку kupinapopust.mk, беше намален на 800 денари, инаку е 1500. За сите што ви е страв по дома да се правите да ви кажам ич да не се плашите, не е ништо страшно, јас досега 2 пати се правев сама. Само битно е хигиена да одржувате и да го чистите дермаролерот со алкохол. Вака ми е 100 пати подобро отколку да давам по 2000 денари за еден третман на дермаолог, што не го ни прави како што треба и лицето повеќе ми се нафрлуваше после третманот на дерматолог, најверојатно иглите не беа чисти , а башка и си ставам 100% хијалуронска киселина, за разлика од докторот кој ми ставаше евтина маска за лице со 5-10% (може и помалку) хијалуронска киселина.
@agirl17 И мене ми се случува истото кога одам на козметичар, затоа и сакам да си ги правам третманиве по дома. По правило би требало да користат нов ролер за секој клиент ама се сомневам дека нашиве козметички салони користат нови, а лице да боцкаш со нестерилни игли кои ги користеле на друг... малку повеќе од ризично е. Забележа ли промени на лицето? Како го чистиш пред да го правиш третманот и каде се купува таа хијалуронска киселина? Како се вика? Јас сакам да го нарачам од тука Spoiler http://www.enduracell.mk/product/product&filter_name=%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%20%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D1%80&product_id=83 само не знам дали во пакетов има иглички од 2мм. Овие од 3 ми се големи, страв ми е да не се направам лом.
Ти си одбираш големина на игли која сакаш, зависи за каква намена ти е. Пишува дека можеш да бираш помеѓу 0.5 и 3мм, значи има и од 2, мене тие таман ми се. Користам серум 100% хијалуронска киселина, како гел е, проѕирно, го купив од Космо. Пред да го правам третманот лицето темелно го чистам, исто и дермаролерот, го оставам да стои во 99% алкохол. После третманот важно е да не се изложуваш на прашина и ќе внимаваш оти може да ти излезат мозолчиња. Наредните неколку дена кожата ќе ти биде сува и ќе се лупи, важно е да ја одржуваш хидрирана. Промени има секако, јас сум задоволна Јас го имам истиот дермаролер што е на сликата, провери на страната што ја пишав погоре, можеби пак е на попуст. Па ако се решиш да правиш третмани кажи впечатоци Поздрав
Здраво девојки Ви ги прочитав мислењата кои иако се постари многу ме заинтересираа ,што може да се каже дека профилов најпрво е направен за повеке информации околу кожата,па можеби после толку време имате нови информации плус кои на нас би ни значеле.Добредојдени се информации од сите нормално.Сакав да ве прашам дали и двете имате навистина видливи резултати од ролерот,посебно втората девојка која се спремала да го проба и дали сеуште препорачувате дека би требало да е прва опција кога станува збор за лузни на нозете во случајов,иако пишува дека е за најразлични несовршености на кожата?А и девојката пред мене чека одговор па да ја заживееме темава ако се најде некој Поздрав
Од каде може да се купи дерма ролер? Само да не е од овие кинескиве.. Имам проблем со лузни од акни па мислам дека е попаметно да си купам таква алатка отколку да давам дупло пари за третмани по нашиве салони
Во Avon го има, ама не знам дали го има во овој каталог. На мајка ми пријателка порача уште кога прв пат се појави во каталогот беше 500? Не ми текнува, зошто пред многу месеци, 6 можеби? го порача. Не знам дали и смени нешто на лицето, не сме ја прашале. Посигурно ми е од Авон да порачам отколку кинеско, не дека и тоа е во Кина направено, ама можеби по друг стандард, што знам.
Би требало и да го продаваат по козметички салони каде што работат такви третмани. И каде што прават такви третмани би требало секој клиент да си го купи. Незнам колу си упатена но има различни големини на иглички. За поголеми лузни се препорачуваат од поглемите иглички.
Ист дерма ролер што го гледав во Маркет Конект кај нас, видов на ebay. Разликата во цена е страшно голема, а производот верувам истиот. Дали некоја порачувала од еbay да ми препорача продавач? За лузни ќе земам 2мм, а за понежните делови која големина би ми препорачале?
Jas pravam tretman so dermaroler vo halo beauty premnogu sum zadovolna( porite mi se zatvorija posle 5 tretmani flekite izceznuvaat )rabotat so etre belle mn kvalitetni serumi mn pedantno rabotat i bas pravev muabet so doktorkata za po doma koristenje vika moze da ali treba da znae kako se koristi i na soodvetna obuka mora da se vnimava na prethodno cistenje na liceto i treba da se dezinficira i rolerot i toa inaku sekoj ina svoj roler gi potpisuvaat a i moze doma da si go cuva sekoj.
знам дека има поминато мн време, дали можи да ми кажиш ефектот на дермапенот? дали беше задоволна, последици некои, и колку третмани