Од каде купи ролер и дали е квалитетен? Најубаво би било да купиш хијалуронски серум, ниацинамид или витамин Ц.
Од кај една пријателка на мајка ми го земав, појма немам таа од кај ги набавува. Имаше разчични големини од 0,25 до 2мм. Јас тој од 0,5 го земав 800 ден ама уште не ми е пробан. Е вака изгледа.
Здраво , јас би сакала да почнам да користам dermaroller за зајакнување на косата . Имам многу тенка коса дали некој го има користено за коса и дали помага
Одамна не е активна темава, ама сепак да си прашам од каде може да се купи дерма ролер? Прочитав погоре дека во АВОН го имало, ама немам видено досега. Има ли некоја сигурна страна или проверена личност за нарачка?
Имаше едно време во ДМ, не знам дали уште ги има. Јас имам нарачано пред еден месец од Али Експрес, ама уште не ми е стигнато Во ДМ се околу 1000 ден, а на али експрес поефтини.
Две години ми стои во кутија неотпакуван 0.25мм (од Космо ми е) пошто ми е страв да пробам. Има некој по дома што прави со мали игли периодов да сподели искуства? Ептен се охрабрувам да пробам, за порите ми е
Јас купив сабајлево од АнниФарм во Хром, мислам дека имаат аптеки и на други локации. 900 денари, големини немаа избор многу, инаку ги држеле сите големини. Јас земав 0.3, па можеби понатаму ќе земам 0.75 или 1.
Јас денес со 0.3 и серум ниацинамид. Само црвенило ми направи мало, не е болно ама не е пријатно. Пред да го направам третманот го измив лицето, а дермаролерот го потопив во аклохол па го почекав да се исуши.
Каква кожа имаш? Јас користам Revox ниацинамид периодов ама не сум нешто најзадоволна, можеби со дермаролерот ќе има подобар ефект. Го стави веднаш по употреба?
Мешана ми е кожата, имам проширени пори на образите и по некоја брчка на челото и акни на брадата. Истиот ниацин го имам и јас, инаку до сега сум ги користела на the Ordinary, ама периодов не доставуваа. Ставив и пред ролањето и после тоа затоа што мислсм дека кожата треба да остане влажна. Сега го осеќам лицето како малку затегнато, а црвенило речиси и да немам. Мислам дека за да видиш ефект за пори и брчки треба со поголеми иглички. Овие нашиве се само за подобра апсорпција на серумот, ама па и тоа како ефект не е лошо.
Сакам и јас да пробам дермаролер, дали ако ставам и пред и по користење ниацинамид не би било преголема доза? Колку пати неделно/месечно се користи?
Мислам дека не, јас го користам секое сабајле после миење на лице, пред заштитен фактор. Не сум имала никакви проблеми, го користев и за време на бременоста редовно, читав дека нема контраиндикации, така да ако тогаш е безбедно нема зошто да не е во овој случај. Сепак не се тоа силни концентрати, туку адаптирани се да бидат безбедни. Можеби ако ти е шубе, изролај се со ниацинамид, па потоа нанеси хијалуронска киселина.
Дермаролерот се користи во зависност од големината на игличките. Овие од 02-0.3 можат секој втор ден. Оние од 1, 1.5, 2 треба поретко, еднаш до двапати неделно максимум. И обавезно заштитен фактор 50 периодов.
Имаа 0.2, 0.3 и 2 мислам... Јас сакав 0.75 ама меѓу понуденото се одлучив за 0.3 пошто 2 ми беше многу. Ама добро сум постапила пошто за сега сум презадоволна од резултатите
Генерален совет до сите што се мислат да купат ваква алатка за домашна употреба: Едноставно немојте. Ризикувате лузни, нерамномерна текстура на кожата, лошо задрзавување и дисколорација, инфекција и оштетување на кожната бариера. Ако веќе сакате да пробате ваков третман, нека биде тоа во професионална атмосфера, со лице кое е обучено за вакви работи.
Мислам дека пишуваше нерѓосувачки челик на кутијата, ја фрлив, а на пластичното за чување е назначена само големината на игличките. Знам дека има и со титаниумски иглички, тие се веројатно поквалитетни и поскапи.