Форумџика на годината 2020

Десетте заповеди

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 25 јануари 2011.

  1. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    47
    2.MOJSEEVA 20:1-17

    Togas BOg gi kaza site ovie zborovi, velejki:
    1."Jas sum Gospod, Bog tvoj, Koj te izvede og zemjata egipetska, od domot na ropstvoto. NEMOJ DA IMAS DRUGI BOGOVI OSVEN MENE!
    2.Ne pravi za sebe idol, nitu nekakva slika od ona, sto e gore na neboto, sto e dolu na zemjata i sto e vo vodata pod zemjata; nemoj da im se poklonuvas, nitu da im sluzis, bidejki Jas sum Gospod, Bog tvoj; Bg revnitel, KOj za grevovite na tatkovcite gi kaznuva dexata do treto i cetvrto koleno, ako tie Me mrazat; Koj pokazuva milost na iljadnici pokolenija, sto Me sakaat i gi cuvaat Moite zapovedi.
    3.Ne izgovaraj go naprazno imeto na Gospod, tvojot Bog, bidejki Gospod nema da go ostavi nekaznet onoj, kojnaprazno ke go izgovori Negovoto ime.
    4.Pomni go sabotniot den, za da go praznuvas. Sest dena raboti, i vrsi gi vo niv site svoi raboti; a SEDMIOT DEN E SABOTA GOSPODOVA, den na tvojot Bog; togas nemoj da vrsis nikakva rabota, ni ti, ni sinit tvoj, ni kerkata tvoja, ni slugata tvoj, ni sliginkata tvoja, ni dobitokot tvoj, nitu pridojdeniot, koj se naogja kaj tebe, zosto za sest dena gi sozdade Godspod neboto i zemjata, moreto i se sto e vo niv; a vo sedmiot den si odpocina: zaradi toa Gospog go blagoslovi sedmiot den i go osveti.
    5.Pocituvaj go tatkoto svoj i majkata svoja, (za da ti bidedobro i ) za da pozivees podolgo na zemjata, sto ti ja dava GOspod, Tvojot Bog.
    6.Ne ubivaj!
    7.Ne vrsi preljuba!
    8.Ne kradi!
    9.Ne svedoci lazno protiv svojot blizen!
    10.Ne pozeluvaj go domot na blizniot svoj, ne pozeluvaj ja zenata na blizniot svoj, (nitu negovata niva), ni slugata negov, ni sliginkata negova, ni volot negov, ni magareto negovo, nitu nesti drugo, sto mu pripagja na blizniot tvoj! "

    [mod-kirilica:m1c4m76c][/mod-kirilica:m1c4m76c]
     
    На GirlLove, hermosa, mileystar и 2 други им се допаѓа ова.
  2. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    19
    Амин.
    Тие и уште полно други.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rjgdm

    rjgdm Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    39
    Ме интересира колку луѓе се придржуваат на овие основни начела ?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    47
    Срце јас ги дрзам заповедите и се друго што пишува во библијата и многу е благословено
    ПCALM 24;10 - "Сите патишта Господови се се милост и вистина за оние, кои го пазат Заветот Негов и уредбите Негови. "
    А познавам и др.особи кои се придрузуваат на Светото Писмо, а се тоа е многу лесно, како што и самиот Исус на едно место вели дека заповедите се многу лесни. Доколку на некого му претставува проблем слободно нека се моли на БОГ и тој ке ви даде сила за се, погледнете само сто ни казува Писмото
    АПОСТОЛСКИ ДЕЛА 3;19 - "Покајте се, пак, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши. "
    МАРКО 9;23 - "А Исус му рече: ако мозеш да веруваш; се е мозно за оној кој верува. "
    ПСАЛМ 33:4,5,6,7,8,15,7 - "Го побарав Господ, и Тој ме чу и од сите стравови мои ме избави. Кон Него погледнете и разведрете се, и лицата ваши нема да се посрамат. Несреќниот вика и Господ го слуша о го спасува од сите негови неволји. Ангел Господов се улогорува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува. Вкусете и ке видите, колку е добар Господ! Блазен е оној човек, кој кај Него прибегнува! Очите не Господ се насочени кон праведните, и ушите Негови - кон молитвите нивни. Кога викаат праведните, Господ ги слуша и ги спасува од маките нивни. " АМИН!
    Плус тоа се прашувате колку се придрзуваат на ова, а колку се придрзите со Исус додека Бил ма земјата - само апостолите и некоја мала група на луѓе, нели? А освен тоа Исус ни вика да не се придрзуваме на луѓето и на човечки преданиа, туку сами на Него да се покоруваме
    МАТЕЈ 4:10 - " На Господ, твојот Бог ке Му се покоруваш и само Нему ќе Му слузиш. "
    EФЕСЈАНИТЕ 5:10,11 - " одличете се за она што Му е мило на Бога! Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличѕвајте ги! " AMIN! POZDRAV DO SITE...
     
    На hermosa, A-j-a, pikolino и 2 други им се допаѓа ова.
  5. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    47
    ЗОШТО ИСУС НИ ГИ ДАЛ ДЕСЕТТА ЗАПОВЕДИ?

    а)Зошто се за наше добро
    ВТОРОЗАКОНИЕ (ПЕТТА КНИГА МОЈСЕЕВА) 6:24
    " И ни заповеда Господ да ги исполнуваме сите тие наредби, да се плашиме од Гоцпод, за да ни биде добро, и да останеме живи, како што сме денес "
    б)За наша заштита
    ПСАЛМ 118:11
    " Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред тебе " (Исусовите принципи не штитат да не влеземе во опасните зони на ѓаволот и гревот)
    в)Ни покажубаат како да го следиме Исус
    1.ПЕТРОВО 2:21
    " Бидејќи вие сте за тоа повикани, зашто и Христос пострада за вас, оставајќи ни пример за да врвиме по Неговите стапки "
    г)Ни носат вистинска радост
    ЈОВАН 13:17
    " Кога го знаете ова, блажени сте ако го извршувате " (Христијанските принципи ни носат вистинска радост)
    д)Ни даваат можност да покажеме љубов кон Исус
    ЈОВАН 15:10
    " Ако ги запазите Моите заповеди, ке останете ви љубовта моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова "
    и ЈОВАН 14:15
    "Ако ме љубите, пазете го Моите заповеди "
    ѓ)Ни помагаат да им бидеме вистински пример за другите
    МАТЕЈ 5:16
    "Така треба да свети пред лиѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да го прослават вашиот Отец, кој е на небесата " АМИН! :inlove:
     
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.570
    Секти

    Значи да разјасниме една работа.
    Разбирам дека си верник и како што наведов, НЕ СИТЕ,но одредени секти ја прифаќаат традицијата, не создаваат нова, само што гледаат подлабоко на работите и послободноумни се.
    И реално гледано, не си верник ако пушиш, си се испијанила, си се скарала со твоите дома, не ги постиш сите пости(постењето е многу важно, барем за христијанската религија), си имала секс пред брак, си мастурбирала, си посакала нешто туѓо...
    damn it прочитај ги 10те божји заповеди
    На тоа ти алудирав.
    Значи не си верник!
    Ти само си определена за таа религија и нејзиното учење,но далеку од верник и нормално е тоа. На светов постојат многу малку вистински верници,луѓе кои се БЕЗГРЕШНИ буквално.

    За почеток сигурна сум дека не си ја прочитала библијата,ниту си се интересирала за твојата религија.
    Ако си ја прочитала, јас стварно не разбирам како смееш вака да ми одговориш на прашањата.

    1. Во христијанското учење, семејството е на прво место. Треба да имаш стравопочит кон родителите и да не се караш, макар и да си во право.
    Тоа е според петтата божја заповед,каде што вика да ги почитуваш твоите мајка и татко за да живееш подолго на Земјата.
    2. Не. Вистинските верници не признаваат добронамерни и злонамерни лаги. Тоа се само ЛАГИ! И секоја лага не е подобра од вистината. Колку и да е сурова, вистината е вистина, а лагата е лага.
    Сама воочи го ова.
    3.Добра си у пм. Еден грев помалку.
    4.Фала богу!
    5. Не девојче. Во христијанството и исламот строго е забрането секс пред брак, бидејќи тој се смета за первезија од која треба да се огрдиш,а не да ја сметаш за нормална работа.
    За тебе постои само еден маж и еден сопатник во животот, еден човек на кој ќе му ги довериш твоето тело и душа.
    Прочитај ја "времето и знаците", пишувана е од теолог, добро ќе ти се разјаснат овие работи.
    6. Тогаш си премногу мала.
    7. Уствари.. знаеш што е мастурбација?

    Мене не ми е испран мозокот, туку тебе ти е ограничен.
    Очигледно не си запознаена со христијанската религија и затоа не можеш да прифатиш нешто што е поразлично од неа,а не ни ја доживуваш како религија, туку само како учење кое ти било пренесено од колено на колено, а секој грев што ќе го направиш, сметаш дека не ти штети,а со тоа ми даваш до знаење дека не веруваш дека постои бог.
    Она што го направил Сатаната, го правиш ти во овој момент.
    Се раѓаш чист, без грижи и гревови на твојот грб, за подоцна низ целиот твој живот да ги редиш и редиш.
    Во поново време скоро и да не постои безгрешник, така да сите автоматски сте сатанисти, сакале или не.
    Сурова вистина.
    Не лага.
     
    На Gosh и beached им се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.561
    Секти

    Ашлинг,
    Јас најдобро си знам за себе дали сум или не сум верник,не си ти меродавна да одлучуваш за тоа,ти за себе си знаеш што си или не си,а 99,99% луѓе прекршиле некој од заповедите некогаш,значи нема верници на планетава според тебе???!!!
    Безгрешните се светци или пак некои монаси и испосници кои се исклучени сосема од цивилизацијата.Останатите луѓе се верници,кои поголеми кои помали,но сепак-верници.
    Си претпоставила дека не ги знам па ми посочуваш да ги читам заповедите,дрско е да претпоставуваш нешто за некој непознат и неосновано.
    Твоите постови се базираат на претпоставки кои ги извлекуваш за др.луѓе кои не ги познаваш,за да ме убедиш дека не е така најди место во Библија каде пишува дека со се‘ горенаведено не си верник? Христијанската религија познава прошка,каење и искупување на гревовите,а не направи грев на гилотина :D или те исфрламе од верниците...Информацииве ти се дезинформации,а и изведување заклучоци за непознати луѓе врз база на претпоставки ти е чиста шпекулација,па и колку да си мислиш дека си експерт на многу полиња,овде тотално си потфрлила,интерпретацииве ти се бедни за тоа што и кој е верник,не ти се поткрепени со никакви реални докази.Посочи докази да видам од каде ги извлече остроумниве критериуми за тоа кој е верник - цитати од Библија барам,а не некои индивидуални фантазирања.
     
  8. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    33
    Ограничена јас не сум :D
    Библијата ја имам прочитано , и мажена сум имам две дечиња :rofl:
    И не ми збори за сатаната ти ********* :devil:
    И поготво ти на мене да ми кажеш дали сум вистински верник или не? :swear:
    Мислам хелоууууууу зачувај си ги за себе коментарите од типот нема вистински верници и проучи ја малце подлабоко библијата!!!!!!!
    А јас не читам книги од теолози бибилијата ми е доволна :rock:
    И да животот е едно големо искусение а гледам ни ти не си подоле со твоиве да не казам извештачени коментари.
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.570
    Секти

    Theodora,злато
    Верник е човек кој ги почитува сите законитости што се предадени во одредената религија за која е определен истиот.
    Тоа значи дека доколку направиш некое дело, што во твојата религија се смета како грев, тогаш не си верник.
    А,бидејќи ги правиш во изобилство на пример, лажиш, се караш со твоите, не постиш.. значи дека не си верник, туку само го почитуваш христијанското учење поради тоа што тебе ти било пренесено од претходните генерации.
    Две различни работи, можеби навидум ти се исти, но се ебано различни.
    Верник не е човек што верува во Господ.
    И јас верувам во себе. Тоа ме прави верник? Не.
    Само се почитувам самата себе. (еве ова беше најпрост пример за да ти објаснам разликата меѓу верување и почит)
    Безгрешните се верници, само што се ретки. Не мора да значи дека некој ако е монах, веднаш е верник. Тој само се одлучил останатиот дел од својот живот да му го посвети на Бога, но гревовите што ги правел претходно не го прават христијанин.
    Ти можеш да ме убедиш дека не јадеш брокула, дека одиш секој ден во црква, ама дека покрај сите тие непочитувања да ме убедуваш дека си верник..
    think about it
    Во контекст на ова
    Going to church doesn't make you any more a Christian than going to the garage makes you a car.
    Моите постови се базираат на знаења што сум ги стекнала во досегашниов мој живот.

    "Но,кога зборуваме за христијанската вера, зборот вера означува- СВЕСТ, ДОВЕРБА, ЗНАЕЊЕ ЗА ХРИСТА. Не да го прифатиме Христа само како историска личност и пророк и прекрасен човек поради неговото учење,дела и пожртуваност, но да му веруваме на она со коешто тој се преставуваше."
    "Христијанинот не е човекот којшто само поверувал и се крстил. Љубејќи го Бога и блиските, а Бога го љуби оној којшто ги чува во ЧИСТО СРЦЕ НЕГОВИТЕ ЗБОРОВИ И ГИ ИЗВРШУВА."
    -Христовиот одговор

    Лоријана, однак мене ми е навистина жал за знаењата и способностите што ги поседуваш,како и ограниченоста на твојот ум.
    Немам што понатаму да дискутирам со тебе.
    Библијата ја имам прочитано и во неа јасно се кажани и предадени верувањата во бога.
    Штета што мислиш дека само ако го празнуваш Велигден си голем христијанин.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Секти

    Мислам дека е тоо мач за текст каде објаснуваш за Господ и верата.А инаку си разбрала ама не доразбрала..Никој не е безгрешен освен Исус, ние сите сме обични смртници на кои на судниот ден ќе ни ме се мери колку сме грешиле и колку сме се покајале за тоа.Бог ни го имам дадено покајанието Ашлинг.. Со ова твое тврдење изглегува дека никој не е вреник на земјава.
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Секти

    Ашлинл многу погрешни знаења си стекнала.

    Само Бог и ангелите се безгрешни. Сие ние други верници, обични смртници грешиме. Но потоа, доколку искрено се покаеме се исповедуваме и се чистиме од гревот.

    Те молам немој да тролаш и по темава и да ја упропастиш со офф-топик мислења. :hai:
     
    На Miss.Ricci и stella83 им се допаѓа ова.
  12. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    47
    Гледам има многу интересни теми отворени, со различни сфаќања и не зазема страна, навистина да не ме сфатите погрешно, но мислам дека Ашлин, на некои моменти многу е мудра и неограничена... не ја поддржувам за да ја придобијам на некој начин (ако така ме разбравте) , најискрено, патем јас ги држам сите Заповеди :) , туку едноставно на некои размислувања сум воодушевена на размислувањето нејзино... Мислам дека сите разговори, без разлика дали една е во право , друга не, или обратно, но приметив многу искреност во секоја од вас и она што е напишано, е напишано ревносно за Бог, и секоја од вас си го брани своето, зато што смета дека тоа е добро и така Му служи на Бога... Но едно е многу важно... Од кога ќе бидеме осведочени за Вистината, особено за Заповедите, тука Бог веќе гледа колку сме биле искрени предходно... Но, да дозволиме работите да созреат во нас и да побараме мудрост, храброст и сила од Бога за да не води, па послем... пополека не со брзање... :) pozz и без напади ве молам, на било кој начин сите сме христијанки, нели? Не дозволувајте гневот да ве совлада :) :hai:
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  13. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    19
    И јас верувам во себе. Тоа ме прави верник? Не.
    Само се почитувам самата себе. (еве ова беше најпрост пример за да ти објаснам разликата меѓу верување и почит)
    Ова е самата основа на сатанизмот да го смениме ГОСПОД со егоистицното јас.
    И цело време јас јас јас јас јас јас јас
    Сите сме грешни.
    Само ГОСПОД и ИСУС синот БОЖЈИ се безгрешни.
    Кој го сака ГОСПОД оди во НЕГОВИТЕ патишта.
    Оти не сваќате не е за нас се е за НЕГО.Подобро е за човек да се откаже од себеси отколку да се слуша и да го изгуби ГОСПОД.
    Покајте се зошто се приближи царството БОЖЈО.
    Покајте се за гревовите ама и тргнете се од нив не само се каам и пак ги правам и се каам пак до бесконечност.
    Јас исто сум грешник ама се менувам се повеке и повеке.


    Бидете понизни пред Господа, и Тој ќе ве возвиши!

    11 Не клеветете се еден друг, браќа; кој го клевети својот брат или го суди својот брат, го клевети законот и го суди законот. А ако го судиш законот, не си извршител на законот, туку негов судија.

    12 Само еден е Законодавец и Судија, Кој може и да спаси и да погуби. А кој си ти, што го осудуваш ближниот?

    Сакаш ли пак да сознаеш, суетни човеку, дека верата без дела е мртва?

    21 Нашиот татко Авраам не беше ли оправдан од делата, кога го принесе на жртвеникот својот син Исак?

    22 Гледаш дека верата соработуваше со неговите дела, и дека верата преку делата стигна до совршенството.

    23 И така се исполни Писмото, кое вели: „Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се засмета за правда, и се нарече Божји пријател.”

    24 Гледате дека човекот се оправдува преку дела, а не само преку вера.

    25 Исто така и блудницата Раав не се оправда ли преку дела, кога ги прими согледувачите и кога ги испрати по друг пат?

    26 Имено, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.
     
    На hermosa, A-j-a и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  14. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    47
    Амин!
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.570
    Wild.Child
    Фала,но ако модератор смета дека моите коментари се нешто поофтопик од твоите, слободно нека брише.
    Библијата, теолозите и свештениците сигурна сум дека не ме држеле во заблуда сево ова време.
    Оди во Св. Јован Бигорски, сигурно ќе наидеш на некој кој детално ќе ти ги објасни овие работи, па после него речи му "Грешиш! Без аргументи си!"
    Или па до најблиската црква. Човекот што продава свеќи ти гарантирам дека има големи познавања за христијанството.
    Инаку..
    што е за тебе Бог?
    што е за тебе ангел?
    и како дефинираш грешник?
    и дали мислиш дека навистина луѓето умираат?

    Патем
    човек што искрено се покајал за своите гревови значи и покрај цел развратнички живот повторно да му го понудат истиот, само со помалку пороци, а многу повеќе пари.. да го одбие.
    а верувам дека ти не би одбила, како што не би направила и јас

    не се сметам за верник, бидејќи сум далеку од тоа
    а, дека го почитувам христијанското учење-го почитувам
    и верувам во теоријата за постењето
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.561
    Ашлинг,
    гледам дека немаш посочено конкретни цитати од Библијата за тоа кој е,па и во кој случај некој престанува да биде верник.Според тоа,повторувам се‘ што си постирала го гледам како твоја лична измислица,шпекулација изградена на претпоставки,дали во обид да бидеш остроумна напаѓајќи луѓе кои не ги познаваш или врз основа на тоа што си прочитала 3-4 поста од нив мислиш дека имаш право да им судиш - не знам.Како и да е,се знае кој суди и осудува,си има Бог,си има световни судови.Тврдиш дека го почитуваш христијанското учење,тогаш не суди,за да не ти биде судено,тоа е токму од христијанското учење.И пак ќе повторам не си меродавна да даваш оценка за тоа кој е и поради што смее да е верник.
    Не заземај позиција на Бог,тоа е многу голем грев.Овој еден е поголем од сите мои заедно.
    И не сум од тие што се редовно по цркви,што јадат само брокула,свесна си сум за своите доблести,маани,ограничувања,гревови,но свесна сум дека сум и верник,верувам во Бог и неговите одлуки и волја,па никое човечко суштество,вклучувајќи те тука и тебе,не мозе да ми ја одземе ни намали верата и љубовта кон Бога и мојата религија.
    Поздрав.
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    - Сигурно ти ова го имаш направено, бидејќи не постои жив човек на земјава, направен од крв и месо кој нема згрешено, сите сме обични луѓе и грешиме! Недостапно за гревот е само Божеството.
    А доколку си го прашала човекот што продава свеќи, ете, докажа колку познавања ти пренел.

    Бог е просто битие. Можеш да Го видиш само ако сакаш да „погледнеш“, само така ќе спознаеш кој е и што е.
    Ангелите се божествени духови и според Божјата благодат се безсмрттни. Тие не` застапуваат пред Бога, молејќи се за нас и со нас, а ни ги донесуваат Божјите дарови.
    Само со оваа реченица е доволно објаснето дека луѓето се грешници. Ангелите се тие што се молат за нас кога нашата душа ќе пристапи до вечниот суд.
    Инаку, и Луцифер (Сатаната) бил ангел, но направил грев, па Бог го избркал од рајот.
    Според тебе на планетава земја не постои Верник бидејќи сите сме грешни преку првородниот грев.

    Би го одбила. Верувам дека доколку останам со истата верба, спремна да се покајам за моите греови Бог ќе ми пружи многу подобро место.

    ;)


    Патем, мислењето и ти беше офф-топик, па модераторот го префрли во соодветна тема. ;)
    Поздрави не планирам да продолжувам со дискусијава, не сакам да одам во офф-топик и да тролам по форумов. :hai:
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.570
    Theodora
    злато Библијата не ми при рака, кога ќе ја имам ќе ти ги дадам конкретните цитати
    ако не те мрзи побарај во стариот завет, што се случувало пред и после потопот(тие три-четири текстови се), ќе ја разбереш суштината на ова што го зборувам.
    DAMN GIRL
    Напишав дека НЕ СУМ ВЕРНИК, НО ГО ПОЧИТУВАМ ХРИСТИЈАНСКОТО УЧЕЊЕ!
    Кој дел од НЕ СУМ ВЕРНИК не ти е јасен?

    Да се самоцитирам зошто незнајте да прочитате како што пишува, туку како што ви одговара.

    Добро бе Wild Child
    аман девојко читај!
    Да, патем втора работа во која сум сигурна е дека луѓето што продаваат свеќи знаат многу повеќе за христијанското учење, отколку ти.
    Знаеш зошто?
    Човек кој 12 години се влечи по болници поради одредена болест, ќе научи све за таа болест и покрај тоа ќе научи уште многу многу други работи од медицинската област, бидејќи стекнал искуство.

    Второ..
    Според твојава логика, ако јас се видам само ако сакам да се погледнам, тоа ме прави Бог о.О?
    Да, сите сме сатанисти.
    Зошто ангелите не го спасиле Сатанаил?
    И тој можеби се покајал за своите гревови.
    Зошто него не му простиле?
    Од каде си сигурна?
    Можеби ќе реиркарнираш во змија.
    Луѓе живејте си го животот на земјата до максимум, бидејќи никој не се вратил од горе да ни кажи дали навистина има нешто или не постои ништо.
    А, јас богами не би одела на таков ризик.
     
  19. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    83
    Има еден што се вратил од горе и кажал дека навистина постои Господ, и тешко на тие што ке го отфрлат.
    И вистината е: Секој што ке ризикува барем малку ке биде стократно награден уште сега а после и живот вечен!
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.561
    Ашлинг,
    не верувам дека не успеа да ми дадеш задоволителен одговор бидејќи Библијата на ти е при рака :^) .
    Туку таков цитат-НЕМА,дека оние кои прекршиле некој од заповедите не се верници.А ти си во онаа мала група на форумџики,кои веднаш одат на она прочитај,како сите останати овде да сме во категорија на луѓе што читаат само хороскоп од дневни весници.Преиспитај го твојот став овде,зошто би било предобро за тебе да е така ама-не е.Некаде прочитав дека студираш архитектура,ама се правиш експерт на сите полиња.А кога немаш конкретен одговор се повикуваш на твоето искуство.Овде темата е религија,не како научивте да возите велосипед,па ќе ми објасниш колку пати си паднала пред да научиш да возиш.А на тема религија единствен релевантен извор ми е Библијата,а не некој кој се родил на крајот на 20-тиот век па сега сите ќе не просветли со богатото „искуство„.Лесно е да гледаш над главите од луѓето од птичја перспектива,со супериорна насмевка полна со цинизам,а егото ти летка во облаци.
    Знаеш и сама што е тоа,не ти велам прочитај како што би направила ти,тоа е ГОРДОСТ,а гордоста е грев,како и твојот обид да се поставиш во улога на Бог и да судиш,ама тоа веќе ти го спомнав.Во секој еден човек постои нешто корисно и од секого др.ќе научат нешто,ако му дадат шанса,ама ти не верувам дека ова го разбираш.Она што го гледам кај тебе е извртување на зборовите,вербални манипулации,барање некои логички маневри се‘ со цел да ги навредиш сите др.„ништозни и кутри суштества„ пред твојата оригиналност,супериорност и егоцентичност од епохални размери.
    You think YOU^re so fu^king special?
    E,па размисли повторно,сите сме посебни секој еден човек е уникатен,комбинација со психо-физички карактеристики која нема да се повтори никогаш повеќе.
    Тешко се разбираат двајца кои мислат различно но ќе се разберат двајца кои мислат.
    Не те напаѓам заради понизување,сакам да искрено согледаш да не си во една категорија луѓе која ќе ти ја опишам.
    Тоа се мислители,кои не успеваат да се ослободат од претставите,тајни уметници и експерти на сите полиња,ама всушност поети без стихови,музичари без тонови,некои од нив се и надарени,но сите без исклучок се несреќни и гневни луѓе полни со недоверба и омраза кон остатокот од минивселената на нивното лично постоење.
    Се надевам не си ни на пат да се претвориш во ваков човек,ако пак те привлекува,ќе речам-твој избор.
    Поздрав,нема повеќе да додавам ништо,не сакам да ја уништувам темава со излегување од нејзините граници и поздрав до тебе.
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.