1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Десетте заповеди

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 25 јануари 2011.

  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ах девојче..
    Потписот доволно говори за христијанското во тебе.
    Втора работа
    за тебе сум експерт и кока-кола
    епа дојди!!!!!!!!11

    "Ќе ви дадам ново срце и ќе вдахнам нов дух во вас. Ќе го извадам каменото срце од вашето тело и ќе ви дадам срце од месо. Ќе го вложам мојот дух во вас внатре за да одите по моите закони и да ги пазите и вршите моите наредби" (Еремија 31,33 Евреите 8,10)

    "Голем мир уживаат оние кои го љубав твојот закон и не се сопнуваат на ништо"( Псалм 119,165)

    "Така и верата, ако нема дела, мртва е сама по себе" (Јаков 2,14.18)

    "Бидејќи,кој го запазува целиот закон, а се сопне само на едно, станува виновен за се. Зошто Оној кој рекол, не врши прељуба, рекол и да не убиваш. Ако не убиваш,а вршиш прељуба станиваш престапник на законот." (Јаков 2,10-12)


    Навистина не морам да ти се правдам зошто ја немам Библијата, ти кажав кои текстови да ги прочиташ и да ја сфатиш поентата на ова што ти го мелам цело време, ама изгледа како голем верник ја немаш воопшто,а камо ли прочитано.. така да..
    Suck it!!!11
     
  2. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Ашлинг, О ГОЛЕМА ХРИСТИЈАНКО... Време ти е на твои години да научиш што значи SUCK IT и да знаеш дека не е прикладно да го употребуваш кога збориш за религија...О вернику.
    Толку од мене.
    PEACE Ашлинг...
     
    На Phyramide и BoaVista им се допаѓа ова.
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Каде реков дека сум верник и голем христијанин? :)
    Ај прво научи што е религија, па ќе правиме муабет
    САК ИТТТТТТТТТТТТ!!!!!!!!!!!!!!!1
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ашлинг,
    јак експерт ама само за шпекулации-нема што!
    А Кока-Колата била создадена како лек наменет за отрезнување од алкохол,така да отрезни се малку од твојата измислена супериорност над другите.
    Гледам пак си постирала нешто што нема врска со тоа дека не си верник ако прекршиш од заповедите.
    И ја имам Библијта.И навистина ми здодеа да водам дискусија со личност што се базира на претпоставки како тебе.
    Да не ти останам во долг да те поздравам на твој начин и јас тебе со едно
    Suck it!!!
    Толку.
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ООО зарем и вие големите верници го употребувате тој збор.
    Ќе ве казни Господ еден ден.
    Како се претпоставки девојче, па ене ти докази горе.
    Би ти напишала уште, ама за кого да ги пишам, кога кажуваш дека све е претпоставка.
    Или па ќе ме наведеш да се посомневам во тоа дека не знаеш што е тоа претпоставка о.О
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Јас не велам дека сум голем верник,туку верник.А кога ме напаѓаат се бранам(око за око),а моите гревови и казни ќе си се мои,не бегам од тоа.
    Претпоставки ти се тие дали имам Библија и дали сум ја читала и дали знам што се претпоставки,а цитатите кои си ги навела не ги сметам за претпоставки.
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    А, јас што реков уствари?
    Со тоа што сте скршнале малку од Божјите заповеди, а сте се покајале за тоа не ве прави ниту безгрешни, ниту помалку грешни.
    Твои си се гревовите, прифати ги, носи се со нив, ама не ми дрвете овдека дека ако се покаете за гревовите, сте верници.
    Ти веруваш дека постои Господ, но не веруваш во него. Да веруваше, немаше да направиш ниту еден грев.
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Да ти повторам не си ти меродавна да одлучуваш кој е или не е верник,па и никогаш нема да бидеш па ти не си Бог,ако си умислила такво нешто е :puke: !
    И не се замарај со моите гревови,имаш и премногу свои и тоа очигледно.
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Од каде знаеш дека не сум?
    Од каде си сигурна за моите способности?
    Помири се со фактот дека не си верник, што поскоро-тоа подобро за тебе.
    Не за друго, сама се лажеш.
    Верувај си дека постои Господ, ама не ми напињај дека веруваш ВО него, бидејќи очигледно е дека не веруваш.
    Воопшто не би требало да се грижиш дали мене ми е гајле што си или не верник, ти подразмисли колкав верник си за себе, разграничи верување во нечие постоење и религиска обврска.
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Веруваш дека си Бог,не знам дали е ова повеќе смешно или пак трагично???!!!
    И ќе ти повторам не се замарај со мене и со тоа дали јас сум верник или не,тоа си е мое и јас најдобро си знам за себе,нема потреба да ми сугерираш ништо не ни побарав помош или сугестии од тебе.
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Еве делови од Библијата за верници и верување,

    Дела 26(27-29) „Веруваш ли,царе Агрипа,во Пророците?„ „Знам дека веруваш„
    Агрипа му одговори на Павла „Уште малку,па ќе ме убедиш да станам христијанин„
    А Павле рече „Би Му се молел на Бога и за малку и за многу не само ти,но и сите,што ме слушате денес,да станете такви,каков што сум и јас-но без овие окови„
    Дела 2-44 А сите,што веруваа,беа заедно и се‘ им беше општо.

    Јован 4-41 И уште повеќе поверуваа поради словото Негово.
    Јован 17(19-20) И за нив Јас се посветувам,та и тие да бидат осветени преку вистината.
    Но не се молам само за нив,туку и за оние,што по нивните зборови ќе поверуваат во Мене.

    Исус се молел на Бога за сите верници,а Павле за сите да станат христијани,а не само оние кои не направиле ниеден грев!!!
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    "Прости им Боже, не знаат што прават"....излишно е друго да додадам :x


    п.с. Само да напоменам дека ова не се однесува на тебе Теодора затоа што постов ми се наоѓа под твоите постови.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ме потсетивте на еден филм каде на еден тип му умре девојката што премногу ја сакаше и демек да се одмазди на судбината си вети дека секој ден ќе ги прекршува Божјите заповеди. На крај испадна дека премногу ја идеализирал женската која паралелно одела и со неговиот најдобар другар.

    Мислам дека вистинската поента на овие заповеди е да се стремиме кон нив, затоа што ако ги почитуваме би биле совршени. Стремежот да се биде подобар човек е поентата на Господовите учења
     
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Toгаш зошто постои исламот и други источни религии о.О?
     
  15. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Тешко ли е да се придржуваме до овие правила?
    -Не е! Па зошто тогаш се праивме погрешно?Како обратно да се напишани :@ :swear: :fubar:
     
    На NATALIJA89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Десетте Заповеди се дадени од Бога за да човештвото(независно на која религија припаѓа декларативно, есенцијата на божјите заповеди ја наоѓаме во сите светски религии) има подобар и полесен живот, но секој сам поединечно треба да се одлучи дали ќе се труди да ги исполнува или не. Да се живее според десетте заповеди Божји значи да се живее според нашата вистинска природна состојба.

    Не можам да кажам дека секојдневно ги живеам сите заповеди, но се трудам чекор по чекор. Порано верував, како и многумина други луѓе, дека сите заповеди ги почитувам но кога ги прочитав објаснувањата базирани врз Христовите објави кои отвораат една многу подлабока димензија на истите, си ја сфатив илузијата.
    На пр. многумина мислат дека ја држат заповедта „Не треба да крадеш!„ но крадење може да биде и одземање на нечие слободно време со небитни муабети или наметнување на сопствената волја, или свесно и намерно прекумерно наплаќање на производи и услуги во трговијата а за себични цели. Или „Не убивај!„ ги вклучува и животните, не само луѓето. Таа заповед воедно ги исклучува и тнр. „оправдани„ војни. итн.

    Кој сака да дознае повеќе за длабочината и вистинската смисла на секоја заповед одделно му ја препорачувам книгата која е достапна и за онлајн читање: „Десетте Божји Заповеди - животот на прахристијаните„

    [​IMG]
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    ЗАКОН И ВИСТИНА – I дел

    ✣✤✣

    Законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината станаа од Исуса Христа. Кога сонцето ќе засветли, браќа, ламбите се кријат во долапот. Зашто, ламбите се користат само при темнина поголема од својата. Кој татко ги испраќа своите деца во мрак без видело? Небесниот Отец на секој народ му дал по едно големо светило, за да му биде светлина во темнината на овој разбрануван живот. Но, светилката служи само до доаѓањето на зората, в зори таа се остава во долап, зашто се појавува царот на светилата, царот на сонцето, пред чијашто светлина сите светила стануваат темнина. На еврејскиот народ од Бога му било дадено светило, кое се нарекувало Мојсеев закон. Кога се појави вистината во лицето на Исус Христос, еврејското светило стана темнина, и секој што имаше очи да ја почувствува вистината, го сокри светилото во долап. Оние, пак, кои немаа очи чувствителни за светлоста на вистината, продолжија да го носат тоа светило и понатаму, и така станаа слични на луѓето кои на пладне со свеќи се шетаат по улиците.

    Што е, браќа, законот? И што е, браќа, вистината? И каква е разликата, браќа, меѓу законот и вистината?

    Милоста им дава закон на оние кои ќе отпаднат од милоста. Оние што живеат од милоста, немаат закон, зашто немаат потреба од закони. Додека синовите им се послушни на таткото и додека послушноста кон таткото им создава радост, секој син ужива во татковиот имот. Штом кај еден син престанува послушноста кон таткото, имотот се дели, непослушниот син добива на уживање само еден дел од имотот, и тогаш милоста на таткото се јавува во вид на закони. Законот стои помеѓу милоста и пропаста. Отпаднатите од милоста, милоста не ги уништува и не ги турка во пропаст – инаку не би била милост – туку ги става под власта на законот, во служба на законот, под ропство на законите, со цел да ги вразуми и повторно да ги врати при себе. Ако отпаднатите од милоста, слугите и робовите на законот, не се вратат повторно при милоста, тие неминовно самите себе се туркаат во пропаста и биваат уништени. И така, законот е како мост помеѓу милоста и пропаста.

    Замислете го непослушниот син, кој сака по секоја цена да живее одвоено од татка си. Таткото со сигурност знае дека синот, одвоен од него, не може да живее живот во полнота и радост и затоа го одвраќа синот од неговата намера. Но, кога синот останува на своето, тогаш таткото, за да го спаси, му овозможува барем живуркање ако не живот, му одвојува дел од имотот и го остава да си замине од кај него. Го става во областа на законот. Зашто, ако не го стави во областа на законот, непослушниот син би морал да премине од областа на милоста во областа на пропаста и небитието. Ако синот, живуркајќи во областа на законот, се освести, се покае и зажали за царството на милоста, тој би можел да се врати од областа на законот во областа на милоста, од животарење, повторно во живот. Ако тој одново се покаже непослушен и кон законите во областа на законите, тој неминовно би преминал во областа на пропаста и ништожноста.

    Или, пак, замислете си дека еден од вашите другари од некои причини се решава на смрт со гладување. По цел ден, и тоа од ден во ден, тој ниту нешто јаде, ни нешто пие. И по цел ден, и тоа од ден во ден, вие се грижите како да го спасите својот другар. Најпосле, се досетувате да почнете да го храните со млеко преку цевка додека тој спие. И така, го одржувате животот на својот другар на единствениот за вас можен начин. Но, замислете, сега, доколку вашиот другар дознае за вашата операција врз него за време на спиењето, па тогаш да престане да спие, тој би ја изгубил единствената ваша можна помош и единствениот пат за спасение. Што би се случило со него? Неминовно, тој би преминал во областа на пропаста и ништожноста.

    Или, замислете дека некој ваш пријател манијата кон водата силно го влече да влезе во вода и тој непрестајно бара прилика за да скокне во вода. Залудни се вашите совети и вашето одвраќање. Најпосле, вие се обидувате со единственото преостанато средство, имено, да подготвите една подводна капа, каква што носат испитувачите на морските длабочини, та во мигот кога вашиот пријател ќе посака да скокне во вода, вие да му ја ставите капата на главата и да му ја врзете околу вратот. И тој скока во вода. Што ќе биде со него? Едно од двете понудени последици. Студенилото на водата, или стравот од водата, или ужасот од смртта под вода, можеби ќе го излечи од водната манија, и тој, со спасувачката капа на главата, здрав и жив ќе исплива на брегот и ќе ви биде послушен и благодарен за навек. Или, пак, водената манија уште повеќе ќе го обземе, со оглед на тоа дека е под вода, и тој налутен, со раце ќе ја растргне спасувачката капа од своето лице и ќе се удави.

    Законот, браќа, е природен производ на милоста, со цел да ги спаси отпаднатите од милоста. Таму каде што владее само милоста, и каде што нема отпаднати од милоста, таму нема ниту закони. Ние овде го употребуваме зборот милост, наместо вистина, само за да ви биде работата појасна. А милоста, таа е само второто лице на вистината, неразделно од вистината, како што топлината е неразделна од сончевата светлина. Човекот кој излегува од темнина на виделина и извикува: еве сонце!, мисли на сончевата светлина, а човекот кој излегува од ледена пештера на виделина и извикува: еве сонце!, мисли на сончевата топлина. Значи, кога зборуваме за милоста, ние во исто време, неминовно зборуваме и за вистината. И затоа без никакви забуни и противречности можеме да кажеме: законот, браќа, е природен производ на вистината со цел да ги спаси отпаднатите од вистината.

    Што друго е вистината, браќа? И што уште е законот? И каква уште може да биде разликата помеѓу вистината и законот?

    Вистината ја претставува областа на слободата, законот ја претставува областа на ропството. Во областа на вистината, човекот ја поистоветува својата волја и својата среќа со волјата и среќата на сите оние кои живеат во таа област. Во областа на законот, пак, човекот ја разликува и ја издвојува својата волја и својата среќа, од волјата и среќата на сите оние битија кои постојат во таа област. Затоа во областа на вистината не постојат никакви закони, туку само еден зрак од законот, за оние кои ја гледаат вистината од областа на законот; и затоа во областа на законот нема ниту малку вистина, туку само еден зрак од вистината, за оние кои ги гледаат законите од областа на вистината. Како што птицата родена и израсната во кафез мисли дека птиците што слободно летаат околу кафезот, се во истата положба во која е и таа; и како што, обратно, птиците родени и израснати во слобода, мислат дека птицата во кафезот е во истата положба во која се и тие. Зашто слободата е единственото мерило за битието од областа на вистината, и само преку слободата тоа ги мери сите битија кои се во областа на законот; и затоа што, ограничувањето е единственото мерило за битието во областа на законот, затоа преку ограничувањето тоа ги мери сите битија што се во областа на слободата. Меѓутоа, царството на слободата не знае за никакви ограничувања, ниту царството на законите знае за некаква слобода. Вистината, по својата суштина, ги урива сите граници и ограничувања; законот, по својата суштина, насекаде поставува граници и ограничувања. Како што светлината од ламбата, бледнее и исчезнува при силната светлина на сонцето, така и моќта на законот бледнее и исчезнува при силната светлина на вистината. Ниту светлината на сонцето ни светлината на лампата можат истовремено и на исто место да светат во својот полн сјај, ниту, пак, моќта на законот и моќта на вистината можат да се појават во истиот миг и на исто место, во иста мера. Само во отсуство на едното, другото може да ја покаже својата полна светлина и полна моќ.

    Вистината плете кафез од закони и во него ги затвора отпаднатите од неа. Од милосрдие вистината плете кафез од закони, за да не ги одвои сосема отпаднатите од неа и за да не ги турне сосема во пропаст и небитие. Затоа и велиме дека законот претставува мост помеѓу вистината и пропаста. Областа на вистината е вечна и непроменлива, во неа нема патишта што водат и напред и назад. Она што е, тоа е вечно и непроменливо. Областа на законите е времена и променлива, и во неа има две патеки: едната води кон вистината, другата кон пропаста и небитието. Областа на небитието е вечна и непроменлива. Она што не е, тоа не суштествува: вечно и непроменливо. Затоа Бог и вели за Себе: Јас Сум Оној Кој што Сум. Не, Јас Сум Оној, Кој беше; или: Јас Сум Оној Кој ќе биде; или, Јас Сум Оној Кој бивам, туку: Јас Сум Оној Кој што Сум. А Бог е целата област на милоста и вистината. Областа на законите може себеси да се именува со: сум – не сум, зашто тоа е област помеѓу битието и небитието. Областа на небитието, кога би можела себеси да се именува, би се именувала како: не сум.

    Целата оваа вселена е еден кафез исплетен од закони и во тој кафез е затворена човечката душа, која е отпадната од Бога. И душата човечка им служи на законите, им робува на законите и, кога сосема од видик ќе Го изгуби Бога, ги обожува законите, како што птицата во кафезот им служи на ограничувањата на кафезот, им робува на ограничувањата на кафезот и ги обожува ограничувањата на кафезот мислејќи, дека областа на кафезот е единствената област за родот на птиците. Отпаѓајќи од Бога, човекот ја посака границата помеѓу себе и Бога, и наместо една граница, тој доби илјада граници, илјада ограничувања, илјада закони, и како мувата во пајажината, целиот се заплетка во замрсените конци на законите.
    Владика Николај Велимирович
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    ЗАКОН И ВИСТИНА – II дел

    ✣✤✣

    Кога, пак, се вели: законот е даден преку Мојсеј, се мисли на еден посебен закон, кој од вистина и милост е даден преку Мојсеј, за луѓето со тој закон да се спасат од служењето и робувањето на безброј други закони, и така да се одвратат од патот што води кон пропаст и небитие, та да се свртат со лице кон патот што води кон милоста и вистината. Замислете едно огромно поле потопено со вода и луѓе кои се дават во тој потоп, според природните закони. Со Мојсеевиот закон фрлени се многу даски во тој потоп, за оние, кои би се фатиле за тие штици да можат да ја држат главата над водата и да дишат. Првиот закон, според кој луѓето во водата би морале да потонат и да се удават, е победен од овој другиот закон, според кој луѓето, држејќи се за даските, можат да ја држат главата над водата и да живеат. Но, и едното и другото е закон. Сега замислете да блесне огнено Сонце и потопеното поле брзо да се исуши. Обата оние закони ќе ја изгубат својата власт над луѓето; тие ќе застанат на сувата земја со нозете, ќе ги фрлат даските од рацете, па слободно и по своја волја ќе се движат. Но, некои од луѓето, од навика и страв од потопот, ќе продолжат да се движат по сувото поле со даска во рацете, исто онака како што правеле во водата. И така ќе предизвикаат зачуденост и смеа кај оние кои ги фрлиле даските и почнале слободно да чекорат по сувата земја. Значи, еден закон може да победи друг закон и да ја прекине неговата власт над човекот. Но, вистината е како огнено сонце, кое ги победува сите закони и ја поништува нивната власт над човекот. А, оние кои ќе продолжат и после потопот да држат даски во рацете, тоа се оние кои продолжуваат да се држат за законот и тогаш кога вистината ќе го осветли светот и ќе ги исуши мочуриштата и потопот.

    Затоа се вели: благодатта и вистината постанаа од Исуса Христа. Не се вели: ни се дадоа преку Исуса Христа, како што се вели дека законот беше даден преку Мојсеј, туку – постанаа од Исуса Христа. Зашто некој друг го даде законот преку Мојсеј, а благодатта и вистината не ги даде некој друг, туку Самиот Исус Христос. Самиот Он е благодат и вистина и од Него Самиот благодатта и вистината дојдоа во светот. Како што би можело да се каже: ноќното видело се даде преку Месечината, а топлината и светлината постанаа од Сонцето. Кој го даде ноќното видело преку Месечината? Сонцето. Зашто Месечината сама по себе не светли, туку го добива своето видело од Сонцето. А кога Сонцето ќе се роди, Месечината исчезнува, и од Сонцето, непосредно и во полна мера доаѓа топлината и светлината. Слично на тоа треба да се разберат Евангелските зборови: законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината постанаа од Исуса Христа.

    Во законот нема благодат, зашто во законот нема милост. Законот по мерка дава и по мерка зема, и никогаш не дава додека не земе. Во благодатта нема мерка и благодатта не се дава со мерка. Благодатта е полнота и изобилност од дарови. Законот е беда и сиромаштија, па оттука доаѓа штедливоста и скржавоста. Благодатта дава и не забележува во тефтерите. Законот наредува: око за око, заб за заб. Законот е беда и сиромаштија и додека не земе, не може ни да даде, и кога дава - мора и да земе. Благодатта е полнота и изобилност, и затоа дава и не забележува во тефтерот, и повторно дава и не зема за возврат. Благодатта не оди заедно со законот зашто законот не е вистина. Благодатта оди само со вистината, и благодатта грее само онаму каде што вистината светли.

    Но, да го оставиме Мојсеевиот закон. Земете го било кој закон универзумот или меѓу луѓето и веднаш ќе се уверите дека законот не знае за благодат. Благодатта нè опсипува со добрите дарови од својата полнота и изобилие. Зашто се вели: и од полнотата Негова сите ние примивме благодат врз благодат. Дали за било кој закон во вселената и меѓу луѓето може да се рече: и од полнотата негова сите ние примивме благодат врз благодат? Не! Туку ако живееш во областа на законот нема да земеш ако не дадеш, а ако имаш мора да дадеш. Зашто и најдобрите закони се само огради и ограничувања. И најдобрите закони едвај само ја допираат областа на милоста и на допирната линија на милоста - се губат. Зашто таму каде што почнува милоста, законите престануваат. Милоста со еден скок ги исполнува сите закони и ги прескокнува. Во својата крајна исцрпеност, законите апелираат на милост и милоста со еден здив ги ублажува и ги заоблува сите остри шилци на законот. А, благодатта е нешто повеќе од милоста; благодатта е токму божественото именување на милоста, празничниот изглед на милоста, или милоста во својот најголем раскош – тоа е благодатта. Кога човекот е милостив, тој му ги проштева навредите на својот противник; кога човекот е божествено милостив тој го опсипува со добро оној кој него го опсипува со зло. За пример да претпоставиме за миг дека дрвата се разумни битија и дека свесно дејствуваат. Еден човек со секира во рацете наидува на три расцутени костенови дрва. Тој удира со секирата на првиот костен, и костенот замавнува со едната гранка и го удира човекот. Го удира со секирата другиот костен, и костенот мирно го поднесува ударот и не му возвраќа на човекот. Тој удира и на третиот костен и костенот го опсипува човекот со преизобилен слап од своето прекрасно цвеќе. Првиот случај би спаѓал во областа на законот. Другиот случај би ја претставувал обичната милост. Третиот случај, пак, би ја претставувал благодатта или божествената милост, или милоста во својот празничен изглед, во својот најголем раскош. Токму на овој последен вид на милост, всушност, мислиме, кога зборуваме за милоста. И на овој вид милост мислиме, кога зборот милост, заради побрзо разбирање, го употребуваме наместо зборот вистина и наместо зборот благодат. Зашто, како што е тешко да се зборува за сонцето, а да не се мисли непрестајно на топлината и светлоста, така тешко, и уште потешко е да се зборува за вистината, а да не се мисли и да не се зборува за милоста и благодатта.

    Ќе прашате: зар Мојсеевиот закон не е вистина? И ќе прашате: зар Христовата вистина не е закон?

    Не! Ниту Мојсеевиот закон е вистина, ниту Христовата вистина е закон. Законот врзува и стега, вистината одврзува и ослободува. Законот Мојсеев само ги заменил другите закони, на кои луѓето од Израил, пред Мојсеј, им служеа и робуваа. Но, и овој закон од своја страна бил апсолутен и немилосрден господар над душите човечки. Имајќи бледо сеќавање на своето царско потекло, луѓето се чувствувале во ропство и под Мојсеевиот закон, како што, повторно, луѓето надвор од Израилот, се чувствувале во ропство под законот на Хамураби, или на Тезеј, или на Нум Помпилиј. Ослободувајќи ги луѓето од Израил од потешките закони, Мојсеј направи – да се изразиме метафорично – од свињари, козари. Но како можат да се задоволат кнезовите со така мало унапредување? Мојсеевите дела и Мојсеевиот закон претставуваат насликана вистина на врамена хартија. Многу убава слика – но, само слика. Многу јасна слика – но, само слика, која ја наговестува вистината и поттикнува глад и жед кај луѓето, за полната и целата вистина.

    Христовата вистина не е закон, туку победа над сите закони и ослободување од сите закони. Колку што светилата во ноќта наликуваат на сонце, толку и законите наликуваат на вистината. Светилките им помагаат на луѓето да не се сопнат на краткиот пат и да не паднат во некоја бездна; но, од нив ниту трева расне, ниту цвеќе цвета. Сите закони, па и Мојсеевиот, им помагаат на луѓето да не се сопнат на кратките растојанија и да не паднат во бездната на пропаста и небитието; од законите, пак, животот не се раѓа, ниту цвета, туку животот се раѓа и цвета од вистината. Законите секогаш ги имаат предвид кратките растојанија и се однесуваат на краткиот ден на човековиот живот на земјата – даски фрлени на давениците во потопот – вистината ги опфаќа сите можни растојанија, од пред почетокот на сè, па до после крајот на сè. Затоа Христос на едно место и вели во врска со Себеси дека Он е почеток, а на друго дека Он е пред Авраам; на трето дека ќе се јави пред свршетокот на светот; а на четврто, им заповеда на учениците да одат и да им проповедаат на сите народи. Сето ова јасно покажува драстично големи растојанија кои Он ги зема предвид. Токму на Неговиот вид нанапред и наназад, и оддесно и одлево нема крај. Тоа е видот на вистината, браќа. Неограничен од времето и просторот, неограничен од законите и племенските јазици и обичаи – тоа е видот на вистината.

    Нека тој божествен вид го разбистри и продлабочи нашиот слаб и ограничен видеокруг во кафезот на законите. Нека вистината и благодатта Божја ги разреши сите законски врски, со кои е заврзана и притеснета нашата душа. Нека полнотата на Господ Исус Христос се отвори и за нашата ненаситна глад и неизгаслива жед – незаситена и неизгасната, и уште повеќе распалена со законите. И нека и ние се освестиме, додека сè уште има време, и се вратиме од кобниот мост на законската област назад во мајчинското крило, каде што сите закони престануваат и љубовта храни и напојува до наситување, сега и за сите векови. Амин.

    Владика Николај Велимирович​
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.426
    Пол:
    Женски
    Си ги пазам десетте заповеди но има и доста други кои треба да ги знаеме и спрема нив да живееме. Само со овие десет не бива христијанин...:)
     
    На Vitaly и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112