Интересно е што од десетте заповеди, кои се сметаат за основни морални начела, четири немаат врска со морал (да немаш други богови, да не правиш идол или слика, да не го спомнуваш напразно името, шест дена да работиш, седмиот не), а една заповед не може да се смета за морално правило затоа што опфаќа дејство што не може да се стави на морална дебата („да не ни помислуваш на деветте работи погоре“), затоа што мислењето на нешто „лошо“, прво, не може да се контролира, второ, не прави никаква штета. Исто така интересно е зошто има заповед за децата да ги почитуваат родителите, а нема заповед родителите да ги почитуваат децата.