Прекрасна работа е ова со 4Д, јас денеска бев и се е ок со нас фала му на бога, само многу немирно, едвај раат го видовме Уште е рано 13 та недела, ама докторот вика на женско му личи
И ете ме во 28. недела Сега мислам дека го осеќам мрдањето, само го мешам со тие брекстон контракции или како се викаа Последниве 2-3 дена мислам дека повеќе мрда, пред тоа, тој период бев повеќе во движење и немав легнато како човек и мислам затоа не осеќав.Или пак само си се тешам . Се надевам неделава да ме израдува ехо прегледот.
Braxton-Hicks контракциите се како грчеви, а движењето на бебето е буквално движење. Се чувствува како се движи внатре, некогаш можеш конкретно да кажеш дали си го почувствувала рачето, ноџето, главчето, и неговите движења обично траат подолго, а контракциите се мускулни грчеви кои траат кратко, неколку секунди.
Овие контракции ги осеќам секој ден по 1-2 пати , ми се стега цел стомак и по неколку секунди се отпушта. Инаку јас сум 27 недела а почнаа да ми се појавуваат од 20-та недела. Во едно списание прочитав дека кога ке се појават овие контракции да испиеш повеке чаши вода.
Контракциите се тука уште од 6 недела, а кој како и кога ги чувствува е индивидуално. Само е важно да не станат ритмични, и да не болат. Ако тоа се случи, правец на лекар.
Јас сум немала такво чувство да ми се стегне цел стомак и да ме пушти...Осеќам како клокотења во стомакот на некои места, значи не како кркорење на цревата Или некогаш како вибрација да ми поминува ... Онтопик: Бев на УЗ преглед, бебето си е наместено таман, со главчето надолу, тешко е околу килограм и двеста грама и друго ништо посебно не ми кажа докторката. Сега сакам во 30. недела , т.е. за две недели да одам на 4Д ехо пак, ама има време дотогоаш здравје.
Денес бев на преглед , бебушката е супер одлично напредува, тешка е 1 кило и 400 грама ( затоа мене ме боли грбот цело време хехе ) Инаку сега сум 29 недела на 3ти март треба да одам пак кај оваа докторка а потоа во болницата на крајот на март Еве ми дадоа сликичка од нејзиното лице од напред
Значи ние сме 32. недела, имаме 2 кг Имам едно прашање, не знам дали е за тука. Два- три една еве како ме боли стомакот. Поточно како јајниците да ме болат, како кога имав менструација. Знам дека велат нормално било да ме наболува под стомакот, ама ова ме загрижува. Инаку не е јака болка, само колку да ми пречи е чувството.
Нормално е, Дарла, и мене така ме боли. Не дека многу боли, туку како тежина се чувствува, барем јас така го чувствувам, особено навечер. Бебето е 2 кг, плус водата, плус постелката - матката во целост тежи некои 5-6 кг. Може да земеш понекогаш Б6 витамини (bedoxin), или пак да пиеш магнезиум, ги опушта мускулите. Исто тоа може да биде поради грчевите (Braxton-Hicks контракциите), кои не се болни ниту пак редовни.
Женски денес бев на контрола , докторката ми рече дека бебушка е супер , со главчето е надоле свртено што е одлично ( затоа јас осеќам горе ме потклоцнува ) Сега е тешка 2400гр. На 24 март треба да одам во болницата и таму да видат како е бебето ( тогаш ке бидам 37 недела веке во 9ти месец ) Ми кажа сега колку можам повеке да шетам да се движам , и ми рече и да ме заболи стомак од шетање да не се секирам Исто така ми препорача да јадам белка од јајце ( заради притисокот ) колку одвај чекам да си го видам бебчето толку и ми е страв од пораѓајот
Не се секирај од пораѓај. Сега толку време го чекаш, па од пораѓај ќе се плашиш. Ајде, кај ти е смелоста и силата ? Само без нервирање, зошто може да ти се качи притисокот, а тоа не е добро.
така е имаш право како за другите така и за мене не е толку страшно штом жени имаат по 2 и повеке деца
Денес бев на контрола во болницата , бебушка ми е супер , тешка е 2900гр , докторот вика мала е нз што ама па не ми е толку загрижувачко за 2 недели ( освен ако нешто порано не излезе ) може да добие и + 200 гр Ми правеа ехо , а потоа ехокардиографија на срцето на бебето и цтг и се излезе супер сестрата малку се загрижи за цтг-то , ама бебето спиеше и срцето не и чукаше така брзо ама потоа кога се размрда.. хехехе Ми кажаа сега да чекам ако до 12 април ( мојот термин ) не се породам , да одам другиот ден во болница. Ама се имам некое чувство дека нема да касни
Колку убаво, јас по цел ден висам на форуми за бремени, за раѓање и слично Едвај чекам, а имам уште 3 месеци.
и јас сум таква , освен на форуми цело време гледам видео клипови со пораѓање и сл . ама многу брзо ке помине времето