Нон стоп ја отварам темава, со надеж дека има нова слика некоја ставено. Многу ми е интересно кога ги гледам сликите, се разнежнувам.
Женски еве да ви пишам јас се породив на 26.03 во 11 и 10 наутро и си имам прекрасна керка сега сме дома и сме супер.
леле срцкаааааа да ти е жива и здрава и ти посакувам се најубаво, т.е. и на двете, баш си милсев на тееб овие денови кога ше е породиш супер, баш ми е мило. Уживајте
Од сликиве добив желба и јас да има едно такво слатко мало, на сите нека ви се живи и здрави, ви посакувам од се срце.
Еве пред малку се вратив од преглед. Бебушот е тежок 2,2 кг понапредно од што треба да биде. Маваше со рацете и нозете цело време, па на крај и почна со окцето да шара лево-десно и да ни трепка Сума сумарум-здраво, малку дебелко и убаво бебе
Пак јас Вчера бев на преглед и малово тежи 3.048 кг. Супер е бебушот само што имал кратки нозе (нормално, во фамилиите немаме висок човек). Последен термин за пораѓај ми рекоа 18ти Јуни. Е сега само ќе чекаме да реши да излезе.
Слика не сум ставила, ама мислам дека сите бебиња на таа слика изгледаат исто Инаку мојата цурица е тешка 2кг, се е во ред со неа, има уште месец дена да ужива во стомачето на мама
сакам ада ве прашам дали некој ја има посетено Гинеко медика во капиштец и дали раб со закажувања,ве молаам пишете ако знаете нешто сакам да се проверам дали се ми е во ред а не сум од ск овде сум на студии ама и малку сум трудно
Jaс би те советувала да не одиш во Гинеко медика, имам многу лошо искуство од таму, а и многу други девојки и жени дефинитивно би се согласиле со мене кои веќе биле таму.......Така да подобро да одиш во друга клиника на преглед, барем во Ск ги има многу, но претходно советувај се за докторот каков е
da ve prasam mamicki dali e stetno sekoj mesec eho da pravis ? posto zboruvav so edna prijatelka i taa e 8 mesec bremena ama vo 3 ili 4 mu rekle od bolnica kaj sto ke se poroduva ako saka mozi sekoj mesec da i pravat eho na kontrola ke merele se i ke gledale se kako si rasti Do nekade e ubo ama i mozi stetno e sto misliate?
Јас сум 18 недела а досега сум била 5 пати на ехо. Мислам дека досега ќе кажеше докторот ако е штетно. Незнам сега како ќе издржам до 7 август на 4Д. Така да не се грижи. Подобро е да знаеш што како се развива, отколку да незнаеш.
Јас сум 32 недела.....и носам близначиња.Првите 5 месеци одев на секои две недели на ехо а сега еднаш месечно.До сега се е како што треба фала богу.Сметам дека новите апарати не им штетат на бебушите
Јас штотуку се вратив од преглед. Бебето толку многу мрдаше, одвај го измери Се изнасмеавме со душичката мала. Му мафташе со рачето на тато да ја види, па докторката ни даде слика со рачето Ќе ставам и слики покасно. Рече вакво живо дете не сум видела. Абе не застана дури ја гледавме,дури и потскокнуваше. Се радува што ја гледаат мама и тато Се е во ред со бебето. Тешко е 53 грама.
На последниот УЗ на 26 Јули, беше многу мирна, левото раче зад глава, десното палче во уста. Мераци за гледање. Должина: 12cm Тежина: 127gr