Среќна година била таа Немам најдено, не дека не сум барала како дете, ама немав среќа да се израдувам.
Сте барале како деца? Јас не само како дете, туку и ден денес барам и никако да најдам Кога бевме 3-4то одд еден соученик нашол во школскиот двор и ја стави во тетратка, па ми текнува тогаш требаше тест да правиме и за време на одморот направиме огромен ред (стоевме еден позади друг) за да ја допреме детелината Детето седнато на клупа и детелината ја чува како светица, а ние ја допиравме и си замилувавме желба да добиеме 5ка на тестот После дознаа и од другите класови, па паметниот почна да ни наплаќа по 5 денари...Кој сака да ја допре детелината за среќа, да му плати А после накачи по 10 денари па се бунавме.
Постои.Сум видела. Другарка има најдено. Јас не сум нашла. Уствари не сум ни побарала па за да најдам
Хаха и јас имам најдено во двор кога бев помала и ја ставив во споменарче и сега да отворам знам дека сеуште стои
Не сум нашла досега, ама до пред извесно време ни се врткаше дома една икебана со сноп сушени детелинки со 4 листа Како помала се чудев кој нашол толку многу такви детелинки, па уште и во икебана да ги стави и да ни ги поклони, ама после татко ми ми објасни дека можеш да насадиш такви што секогаш растат со 4 листа. Само не сум сигурна дали се баш детелинки, или нешто многу слично на нив од истата фамилија Можете на Алиекспрес да најдете семе за да си посадите ако сакате
Сестрa ми кoгa и дa седне дa бaрa, нaoѓa... Имaме еднa мaлa тегличкa пoлнa исушени детелинки штo ги имa сoбрaнo, тaкa дa... нaјверoјaтнo и тaa штo билa пишaнa зa вaс штo не сте нaшле, се нaoѓa кaј мене дoмa.
Денес најдов за прв пат во животот, и тоа две, и тоа кај мене во двор. Се израдував. Сакав да ги сликам надвор на подобро светло, ама брзав, а сега подовенаа и не се толку фотогенични.