Здраво мамички, Ќе можете ли да ми кажете со каков детергент и омекнувач да ги исперам новите алишта за бебчето?
каков детергент користите за алиштата на вашето бебе? Јас имам од едни пријатели бебешки еден од грција не знам точно како да ти го напишам,а другиот мислам оти е тео бебе алое вера,не знам колку ти помогнав
каков детергент користите за алиштата на вашето бебе? Јас негледав каков е прашакот, перев со истиот што го користев за нас .... само алиштата ги плавев по 3-4 пати е сега сме големи па наместо 3-4 плавења имаме по 3-4 машини неделно со нејзини алишта омекшивач - фелчеазура...и течниот прашак е супер
каков детергент користите за алиштата на вашето бебе? Јас користам Persil sensitive прашок, a омекнувач Chicco. За мало бебенце најдобро е да се вклучи опцијата за дополнително плакнење на алиштата.
каков детергент користите за алиштата на вашето бебе? Додека беа бебиња,им ги перев алиштата со Тео Бебе,и со омекнувач Ленор за бебиња.Задоволна бев.Сега се поголеми,и перам со Ариел,а темните со Персил течен.
каков детергент користите за алиштата на вашето бебе? Ви благодарам за советите. Значи дефинитивно ќе вклучувам опција за дополнително плакнење на алиштата за бебето, а за прашок ке разгледам што се има по продавниците.. Во Chicco продаваат ли и прашок или само омекнувач?
каков детергент користите за алиштата на вашето бебе? Мислам дека има само омекнувач, го купувам од Веро, Супер Тинекс... Вака изгледа
И јас го користам прашокот Persil sensitive. Исто дополнително ги плакнам алиштата само машината ми е постар модел, нема можност во старт да вклучам оваа опција. Откако ке заврши првиот циклус, мануелно ја враќам на плакнење и тогаш го ставам омекнувачот. Користам Chicco, ама плавиот.
Јас на ќерка ми на почетокот ги перев со первол за шарени, ама откако дознав дека има персил сенситив со тој и ги перам. Инаку за новороденче не се препорачува омекнувач поради алергии. Сега ги користам Ленор плавиот и зелениот. Инаку додека е помало бебето најдобро е алиштенцата да се плават по 2 пати
И јас перев со истите, и тоа со години - додека помалото наполни 2 години од прилика. И не ги плакнев повеќе пати, ама никогаш не сум ставала многу прашок, и омекнувачот го растворам со вода 4:1, како што си пишува на него.
Јас не сум купувала посебен прашок и омекнувач за син ми туку со каков ја перам нашата облека со таков и неговата,па до сега пу пу да не му се уроци нема никава алергија и од прашок ни од омекнувач.
сега го земав персил бејби да го пробам , пред тоа го користев ариел за бебиња преееубаво мириса ама е скап
Не сум многу компетентна да зборам уште не сум мајка ама мислам оти прашокот не е толку битен колку што е битно плавењето на бебешките алишта. А друго што не ми се допаѓа е претерано ставање на омекшивач на бебешките алишта. А бе тоа чудо мене на нос ми смета понекогаш а не па на некое мало бебче.
Мајки, препорака од странски специјалисти, кои Ленор скоро и да го нема навака дека содржел некои хемикалии кои ни за возрасни не биле добри а не пак за малечко. На моја пријателка педијатар и препорача откако на малата посип и излезе. Персил е топло препорачан како прашок, а силан мислам дека беше ли нз сигурно за омекнувач. Само гледајте конзерванси да нема
Прво користев Первол за осетливи алишта, бидејќи ги перев посебно, но сега користам Персил Сензитив, дефинитивно ми е најдобар.