Една само да. Абе мислам и до машините е... Lg имаме и секогаш алиштата многу мирисаат. Различни плакнења имаат ваљда машините..
ги исправ сите алишта вчера на бебе со Персил и многу убаво мирисаа, имаше цел ден сонце па ми се исушиа на тераса. Некако ми беше страв прво перење во сушара да ги ставам. На сушарата имам опција baby со боди на слика, дали следен пат на таа програма да ги сушам? Денес ќе ги пеглам, доколку би ги сушела во сушара не би ги пеглала.
Ако, убаво што прво ќе си ги испеглаш, јас само после првите неколку перења за новороденче ги пеглав, потоа директ во сушара ем се како пеглани ем се меки, кај моите некогаш кога ќе пуштам машина и на сонце одма се како картон груби, ама не користам омекнувач, од сушара се премеки
даа, па така е и со нашите алишта кога ги вадам од сушара меки и како пеглани. Дефинитивно и за бебе во сушара понатаму.
Земав бекутан детергент и омекнувач за новороденче. Дали само детергент да користам на почеток , имам слушнато дека не се користи омекнувач на почеток. Колку пати да преплакнам после перење? И препорачајте ми и некои други детергенти за перење за новороденче, ова земав за проба за прв пат
Овој од постот над тебе и персил. Јас еднаш пуштам екстра ринс опција, не знам колку пати плакни вишок, може и еднаш, не сме имале проблем досега. И да, не користам воопшто за син ми омекшивач. Сменета е амбалажата, така му кажале на мм.
Јас од старт си користам, ленор, дуел или орнел омекнувач ама оние со бебе што се. Бекутанот ми се покажа полош, боље да не ставиш ништо. Тоа облеката како шмиргла ја прави. И секое дете е различно. Јас и ќерка ми, ако нема омекнувач облеката, се правиме црвени и не чеша се, посебно делот каде што има рабови, ластици и слично. Ништо не сум и пуштала на плус плавење или вриење.
Јас ги земав течниот и омекнувачот на Фрош и со нив ги исправ бебешкиве. Забележав дека имаат сосема мал суптилен мирис кој откако ќе се исушат и скроз се губи, ама претпоставувам и такви треба да се бебешкиве детергенти - непарфимирани.
Со фрош исправ се пред пораѓај на хигиена програма, дупло плакнење, сушев исто на хигиена (со бебешко боди, на Беко се). Еднаш користев Персил, да сменам, ама цело време 8 месеци веќе со Фрош. Омекнувач досега немам користено. Гледам има исто и Фрош омекнувач. Јас лично Бекутан козметика не бендисувам и ништо не користам за бебе ниту за мене.
Како сте задоволни од chicco детергент и омекнувач? Гледам ги има во локо кроко па кога ќе дотрошам нила би пробала и со тој.