Јас првите 2-3 пати бев онака благо разочарана, со Нила ептен убавко ми мирисаат алиштата. Ама еве последниве неколку перења почна да ми мириса убаво. Дури пуштив една машина само со детергентот, без омекнувач и тие нежно суптилно мирисаат. Ги имам и двата омекнувачи и мислам дека синиот chicco ми е поубав.
Не знам дали е инфово за во оваа тема..ама да споделам решение за флеки И тоа големи јаки флеки Имам бљуцкач невиден, дневно се пресоблекуваме просек 5 пати, некогаш храна и млеко, некогаш само млеко. И секако обожава да се шлапа со кашите..една капка да е ќе ја разнесе по цело лице, хранилка, ракави..дури ни силиконската лигавка не го издржува тоа Пробував фрош, др Бекман сапун и самостојно не помогнаа. Во доста топла вода ги покиснувам алиштата, тријам со сапунот/прскам фрош, во водата ставам ќесичка лимонтус, ептен малку сјај капнувам и ги оставам 1ч пред перење така. Потоа стандард перам со Нила на 40 со дупло плавење 1ч. 90% од флеките ги извади, најтврдокорните (батат, тиква, морков) избледеа доста.. И фрошот е уствари лимонска киселина ама изгледа треба поголема концентрација за успешно вадење
Аааа мајка, ова многу процедури. За жени кои мразат да перат на рака како мене, макар и еден партал, јок! Јас имам Фрош, прскам пред перење, бутнам во машина, што изваде тоа. Од морков слабо чисте, обично на боди се валка, па секако од Ваикики/Синсеј бодињата не се баш квалитетни, станат никакви после неколку перења/сушења и одат во канта Искрено, сум фрлила некои, немам ни нерви ни време за толку чистење.
А зошто ги фрлаш? Ништо страшно и со флека да ги носи де, за по дома, секако се шлакаат. И јас не се замарам со перење на рака, прскам со фрош, што излезе, добро, што не, пак добро. Од ваикики бодињата и не се толку лоши, од синсеј не знам, до сега не сум му земала од таму.
Планирам за две три недели да почнам со перење на алишта за беба. Дајте предлог каков прашак да земам Фрош, Нила ... Или кој се покажал добар за новороденче
Фрош, нема мирис, ама ми мириса на чисто, на убаво, и ден денес перам со него, над годинка е малата. Омекнувач не користам.
Имам пробано Персил,Ариел,Нила, Виолета не знам уште кој Фрош не би го сменила за ништо, пак на него му се враќам. Година ипол има и уште со фрош му перам се.
Епа ги фрлам оти после неколку носења потешко се облекуваат, не се толку меки и растегливи, не се како купени, а и брзо материјалот фаќа упки.
Персил сензитив, предобар е. Користев фрош ама не мириса на ништо буквално и го сменив. Персилот поубаво ми мириса.
Може ќе ви користи како инфо Фрош течниот бебешки детергент го има и во Кам и е 370 денари, вчера го видов, во Зегин е 427 мислам. Ама само детергент има, омекнувачот не го видов.