Жени каков детергент да земам за алишта што се стоени 5 години. од ќерками бебешки сега за бебево да ги преперам. Од самото стоење има и пожолтени сигурно. Ако има и некое плус средство за флеки препорачајте
Фрош зс перење за флеки Pink јас така вадам флеки на бебо се што ќе ушлапаже со јадење и еве се ми е извадедо пркам стои 15 до 30 мин зависи колку е голема флеката пуштам на 60 и супер е. Пробај види може ќе ги извади и тие флеки од стоење
Машината ми е нова уште го немам прочитано ни проспектот. Ама пак сите се слични. Што викате да ги пуштам на 60 степени? не на 40 секогаш на 40 сум ги перела.
Не знам каде да го поставам прашањето. Како да го исперам релаксаторот, пишува на навлаката дека може да се испере, ама не знам како да ја извадам многу е стегната некако. Овие за врзување не се прицврстени на железото, пробав дали е до нив ама они си се посебно и да ги извадам пак нема да излезе навлаката
Би требало да се расклопуваат железата. Кај мене се расклопува, со тоа што се стиска на топче едно и се вадат едни од други... Прочепкај, мора да се расклопува.
Има од страните така ама си реков прво да прашам да не скршам нешто оти пробав ама тешко одеше. Ќе пробам пак сигурно мора да се вади некако, на етиката пишува дека може да се испере. Фала ви ќе прочепкам утре
Јас го користам персил за перење вака ми изгледа супер, ќе видиме кога ќе се породам каков ќе биди на кожата. Го има во Кам знам најефтин, мислам и во Веро и Дм.
Дали навлаката од транспортерот ја перете во машина или на рака. Сакам да ја исперам не знам дали да ја ставам на 30° или да ја поминам на рака
Ако не пишува на него дека може во машина, ја не би ризикувала, помини го на рака. Ја така со гнездото се зафркнав… цело се направи со грутки.
Барав насекаде ама нема етикета дали може или не. Баш тоа никаде не го пишува, веќе неколку месеци ми стои така, сакам да го исперам да биде чисто. Ќе го поминам на рака
Вчера во дм тргнав да купувам фрош бебешки … го отворив да мириснам … мн јако ми мирисаше некако и го оставив ама мирисот не на перено туку како на хемикалија штознам. Со персил или ариел перам за нас дома, читам има персил бејби користи некој?
Јас, преубаво мириса. И супер пере. Пред некој ден ќере ерупција направи, пепел хеланкитр и бодито, значи само ги накиснав во вода со персилот одма се извадија.
Јас купив персил бејби, алиштата се нови па не можам да кажам за флеки и сл. Ама има многу нежен мирис