Фрош имаат органски продукти не верувам дека персилот во смисла на хемија е подобар од фрошот. Инаку јас со персил или фрош перев и се уште така перам. За мирис искрено најубаво ми мирисаше виолета ама неможам да го најдам.
Фрош е "најприродна" верзија од овие ако може така да се каже и средството за флеки нивно вади каки без да уништи шарени алишта. Мирисот не останува на алиштата, а ние сме со осетлива кожа и до сега немало реакција. И од бебешкиот сјај за садови сум задоволна, не остава мирис. Јас општо многу сум задоволна од брендот и за други средства за кујна, единствен сјај за садови и абразивно средство што не ми ја тригернуваат егземата.
Од оној класичниот или од бебешкиот? Јас не можев да измијам на рака нешто се буткав во машина пред него.. Само зелениот го земам.
Што користите за флеки на алиштата кај бебе? Јас перам со Becutan детергент но не ги вади баш сите флеки? Со што плус може да се истретираат?
На флеката мора да ставиш ладна вода и да испрскаш фрош или омнио бланко па после 15мин да ги пуштиш во машина