Ако ептен свежо се накапе и ставам да се пере, да, вади, а за потешки флеки, има средство исто на фрош(јас немам искуство со него, ама сум читала, доста се задоволни) би можела да пробаш со тоа да напрскаш, да постои па на перење.
Фала ти, средтсвото за флеки сум го користела, ама не ми вадело стоени флеки и не бев задоволна ммогу но баш ме интересираше каков им е течниот прашок.
Има едно ново на фрош малечко бело со сунѓер внатре е. Кафе од бела маичка извади и тоа маичката ми беше седена цела вечер во корпа па пред да ја пуштам 10мин само седеше со средството.
Тогаш за флеки пробај Арис де грас, сапунот од Дм или евентуално Пинк средствата. За Фрош, да знаеш само дека и нема некој посебен мирис, нежно пасивно мириса, ама мене ми одговара зошто малава и со сензитивна кожа е. За бебешки мириси читам користат Нила, Чико итн. Ама јас Фрош не го менувам.
Ќе се умешам малку во разговор. За стоени флеки само сапунот од Дм. Му нема рамен, буквално се вади. Триеш на кратко пред да пикнеш во машина да переш. Дал на 30 степени переш или на 60 нема проблем, ќе излезат флеките
прво перење на бебешкиве на колку ги перевте ? свекрва ми сака едно ќебенце со флека што е да го испрска со вениш и да го испере. па да ми го донесе.. јас пак кога ќе исперам со мој
@nice-girl И јас првиот пат на 30, а сега на 60 се. Макар што зависи од ќебенцето, некое и на 30 перам.
Само да не се остава преку ноќ. веднаш да се испере. ми упропасти левис фармерки еднаш облечени, агресивен е
Првите на 30, сега перам на 60 освен некој раб што неможе како кебенце, некое фустанче со тул и сл. тоа на 40. Тетра, бањарчиња тоа знам и на 90 да уклучам