Дали некоја од вас ги перела алиштата од бебето со прашак што го користиме и ние (Ариел). Порано ко растевме ние немаше вебешки прашаци, па ете ништо не ни фали. Можеби колку повеќе ги пазиме децата толку повеќе немаат отпорност. Можеби грешам
Мислам дека се по агресивни тие прашоци. Ќерка ми е 3 години и сеуште не и перам алишта со наш детергент.
Да, ама како не беа агресивни за ние кога растевме? Не сум начисто сеуште дали ние претеруваме оти имаме плеада на производи и не знаеме што сакаме или вистина е тоа правилното дека треба различен детергент
Алиштата на бебе ги перам со течен детергент на бекутан а ставав и Cocolino потоа за да мерисаат убаво.Е сега со тек на време некако како да ми се многу груби дали од Cocolino не знам,сакам да пробам бекутан со омекнувач што е да не користам плус омекнувач туку да пробам со тој. И дали ако преминам само на Фрош без омекнувач туку само од него пошто читам дека ги освежува и ги прави меки алиштата,бебе може да има проблем со кожата да не исфрли случајно?
Со фрош перам за бебе и имаат некој нежен суптилен мирис не премногу, баш како што треба вероватно. Во сушара сушам мекички се без никаков омекнувач
Јас на сонце ги сушам и исто се меки. Само со Фрош перам, земав и омекнувач, неколку пати ставив, ама веќе не го користам бидејќи бебе е со атопичен дерматит. Гледам што помалку хемија да користам.
Ќе купам и јас овојпат Фрош, користевме бекутан ама не ми мирисаат ич од него од кога почнав да сушам надвор па купив Нила бебе - одвратно мириса
Јас така некогаш ке пробам нешто друго и пак на фрош се враќам пошо ме подсеќа на бебе, баш бебе. Прв пат му ги исправ алиштата со фрош и тој ми е репер за чисто и убаво.
Јас почнав со Фрош, не ми се свиѓаше како мириса и сменив на Персил за бебиња. Не го менувам за ништо, презадоволна до сега, па и што убавко мириса.
Никогаш не перев со бебешки прашоци, како за нас, така и за нив. Само маркетинг е тоа, нема бебешки прашок, состојките се исти. Некои може да се поприродни детергенти, ама генерално се' е хемија. Омекнувачи не користам воопшто, никогаш.