Дали сте го користеле чико жолтиот омекнувач и како сте задоволни? Го мириснав кај другарка и се заљубив.
i mene ic ne mi drzese miris, a koga go otvoriv si rekov bas ubav e na blago mirisa ama dzabe, violeta poveke mi mirisa i nezen e
А нели не треба да мирисаат? Бар во првите 6м? Кога се поосетливи Ние го чекаме бебе, исправме со фрош течен детергент, убаво мирисаше додека се осушат, потоа помина
Го гледам сетов на Frosch за перење, исплатлива цена е искрено. Но течниов детергент во пакетов како да е различен од бебешкиот што го користите сите, барем пакувањето му е различно и не пишува baby на него, иако е наведено во описот дека сите производи од сетов може да се користат за бебешка облека. Што мислите вие, јас се двоумам дали да одам со пакетов или да си ги купувам бебешкиве производи за перење посебно? https://ananas.mk/proizvod/frosch-c...ent-5l-omeknuvac-otstranuvac-na-fleki/3951752
Ништо од ова не е бебешкo стриктно, на бебешките работи си пишува frosch baby. А омекнувач не ти треба според мене секако, не знам ни дали има бебешки баш.
До недела е на акција во Кам бебешкиот детергент. Омекнувач според мене не ти е потребен, а одстранувач на флеки има од истата линија за бебиња.
Сакам да почнам да ја перам облеката која ја имам земено, читам дека омекнувач не треба да се практикува до 6м или година дена? Се двоумам помеѓу детегент нила и чико ? Кој го препорачувате
Нила скоро 21м не сум го сменила. Нежен, убав мирис, има ланолин внатре алиштата се премеки и топ вади флеки иако мислев дека нема.
Не користам посебен прашок за бебешките алишта со тоа што и за нас го употребувам Persil Sensitive. Долго време мачев мака си алергии,чешања и врагови, па со овој конечно ми се смири кожата и го немам сменето со години. А и на бебуш не му прави проблем. За него не користам омекнувач, а за нашите алишта сосема малку. Некако после бременоста и породувањето и јас станав осетлива на миризби и веќе не поднесувам јаки миризби од прашоци и парфеми.
Јас го користев од Стокомак и иако не мириса многу јако, мирисот толку многу се задржуваше на шишињата што никако не можев да го отстранам. Почнав да користам на ДМ средство за садови Сензитив, нема мирис, густо е, супер мие, поефтино од Фрош...
Јас го користам прашкастиот детергент на Фрош уште од првиот ден. Ќерка ми е година ипол и уште со него перам, дури и наши алишта. Препрепредобар! Омекнувач во првите 6м не користев, а после Виолета бејби, Фрош бејби, Бекутан...
И јас сум Нила фан ,преубав ми е а на зезанција го земав на акција нешто беше. Со првото користев од нашиот и на 1.5 г фати уртикарија и тогаш ме искара др дека не сум користела бебешки. А омекнувач порано на нашите ставав повеќе од што требаше кога бев бремена се изначитав колку бил лош и веќе преретко користам... За нив двете и никогаш.