Последно кога купував детергент не можев да најдам Duel Baby Sensitive па купив Mеrix deciji sapun. Искрено навистина се изненадив пријатно. Убаво ги пере алиштата, не ми останале дамки па мислам дека пере и подобро од Duel-от. Во меѓувреме го пробав Silan Sensitive ама не бев задоволна од тој омекнувач. Duel Sensitive ми беше одличен.
Овие два најчесто ги користи другарка ми за облеката на бебушот и многу е задоволна,а секогаш два пати ги плакне алиштата.Омекнувач не керисти бидејќи така и препорачал педијатарот.
Јас прво користев Perwoll за обоени алишта, ама не ми ги вадење флеките од каките После се префрлив на Persil и сега немаме проблем. Ми беше страв затоа што овде читав дека не треба да се менува детергентот, дека детето ќе се исфрлело, ама среќа ние немавме таков проблем. Омекнувач не користам.
Јас најпрво користев Duel Baby Sensitive, ама некако не ми ги вадеше каките баш па продолжив со Merix Decji Sapun и сум позадоволна.
И јас го користам овој Мерикс детски сапун сега, супер ми пере. Не најдов Персил последниот пат кога бев, па зедов ваков и супер се покажа, засега, вади се. Додуша, јас прво флеките си ги вадам со Омино Бјанко, а после си ги перам алиштата нормално
^За каките првин со еден сапун од Алкалоид Билјана мислам се вика па у машина. И јас со овој Мерикс перам, баш ми се допаѓа како мириса па и други бели алишта со него перам. А за Омино Бјанко и должам на Аннатх кафе што еднаш го сподели со нас борците со флеки
Јас не сум баш во тек. Ке може малку повеќе информации за Омино Бјанко? Каде може да се најде? Прв пат слушам за него
Вака изгледа, го има во сите поголеми маркети, околу 100-120 ден. е, ја вади секоја можна флека. Еве, и флеки од трева ми извади од бели панталони (а тие флеки од трева со ништо не се вадат), затоа си немам гајле кога син ми се тркала надвор
Супер, фала ти. Само ме интересира дали ја оштетува и бојата околу дамката или се користи само за бели алишта?
Се користи за било какви алишта, не ја вади бојата, само дамката. Слободно можеш да го користиш за било какви тврдокорни дамки, а особено е добредојдено кога имаш деца дома
Јас ги земав синиот и розевиот омекнувач на Chicco, а веќе размислувам и за детергент, уште малку ќе треба да ги подготвам алиштенцата на бебушка. Гледам повеќето овде го користат Персил сензитив, па може да почнам со него. Туку имам едно прашање, на која температура ја перете бебешката облека? Спојлер И може темата да се преименува во Перење на бебешка облека, насловот би бил посоодветен.
јас користам или персил или ариел и омекнувач орнел сенситив со алое вера а ги пуштам со предперење на 60-70степени
Јас од почетокот користев Персил сензитив, а не користев омекнувач, не е препорачливо барем до годинка. Сега користам Мерикс детски сапун, а кога сме кај моите, мајка ми пере со Ариел. А на која температура ќе перам зависи од алиштата, дали се бели или шарени, каков материјал се, и тоа. Најчесто на 90 или 60 степени перам, некогаш и на 40, ако се работи за облека која пушта боја или пак материјал кој не трпи високи температури. Пеглав само ако перев на пониска од 60, инаку не.
и јас имам слушнато дека не треба да се користи до година омекнувач ама за то користам сенситив а без омекнувач ми се многу крути така да му клавам од кај 3 месеци па нема до сега јавено ништо се надевам дека нема ни да јави
Faks senzitive vo kombinacija so chicco omeknuvac za posvetli alista, peram maximum na 60, a potemnite gi peram so perwoll plaviot bez omeknuvac na 40. Bebeto ima 25 dena i dosega sme nemale problem
Моментално дома користиме Мерикс, па и за малата перам со него, а омекнувач на Чико(имам пишено). Нејзините алишта ги перам посебно и не ставам никакви додатоци, за белеење и сл(што ставам со аншите алишта), и уклучувам дополнително плавење. Досега перам само на 60степени. Сметам дека е доволно, зошто можам целата облека наеднаш да ја перам без да селектирам, зошто и онака не се собираат доволно алишта. После нормално при пеглање се дезинфицираат дополнително.
јас искрено кажано се откажав од перење на посебно само за него уште од почеток.дури ми пушташе свекрвами пужташе само негови алишта а кога се стабилизирав јас си пуштав мои на мм и на бебушот. уште од почеток е неуредно бебе се лигај се мочка повраќа и пуштам секој ден машина па успут клавам и наши.ама за то со 2 перења. не сум пуштала по 100 пашина и така на неколку дена пуштам и 2пати