Мене досега се ми има извадено. На какво железо мислиш? Ако мислиш на 'рѓа, неа ништо не ја вади, за жал.
Би требало да може. Навлажни го местото со флеката, стави од средството, и истриј убаво. Нека постои најмалку два часа и на перење стави го. Па ќе видиш.
Дуел бејби има ли некаде? За ќерка ми го користев потоа го снема, сега треба да почнам со перење на алиштата на бебуш ама не знам кој да го купам. Се мислам Фрош или Мерикс бејби ама пак со течен детергент не можам да ја користам опцијата за пред перење.
Користите Бекутан 2во1, или течен, или течен+омекнувач? Јас го купив 2во1 и исправ прва тура работи за бебето што набрзо го очекуваме и ми се гледа сосема ок се мислам дали имам потреба од омекнувач за некои работи или е сосема ок 2во1. Јас мислам дека и си е доволен, не мириса ептен интензивно, ама пак за бебе сепак не би требало мирисот да е агресивен...
И што е најдобро Толку се примамливи, нели Јас се мислам дали да го земам и омекнувачот плус? што мислиш?
jas imam nekolku paketcinja od omeknuvacot doma , idese gratis so bekutan pelenite , preubavo mirisa , meki se alistata ama ako koristis 2 vo 1 toj ne ti treba a iskreno ne ti treba ni za detergentot bidejki i toj samiot ima miris. Kako i da e ako ti e epten merak zemi go i taka ne e ic skap
Немам машина за сушење, ги сушам на олдскул начин А за да биде поедноставно, го земав 2во1 детергентот. Значи да не се замарам и да не купувам омекнувач.
Jas pbicniot detergent go zemav. Nema razlika ni od Faxot ni od Persilot, ok e. Evtin e da ama mala kolicina i brzo se trosi.
Па мала количина е и Персилот ако не се лажам... а и Ариел Сензитив исто, така? Јас до сега две тури исправ со Бекутанот (2во1) засега ми е ок Се уште сум на мисла и за омекнувачот