Значи да утврдиме омекнувач првата година не се користи? или специјални бебешки(видов некои на Чико)можат да се користат? Бањарчињата и крпите за бањање ги вријам на 100ка или може и поладно?Како да ги перам без омекнувач, а да не ми станат шмиргла? Постелнината на кколку степени максимум се пере? Нашата машина има и некој специјален програм бејби кер, што никогаш е сме го пробале,користи ли некој таков програм? Јас за некоја недела планирам се да исперам, па да си проверам пред да направам некоја глупост, оти ме бива за тоа
Јас исправ некои алишта, претежно постелнината на бебушот со течен детергент од ДМ, но многу остануваше на алиштата, се осеќаше на прсти, па продолжив со нормален прашок. Мицика80 дали да користиш или не омекнувач ќе си видиш по реакцијата на кожата кај бебето, иако јас мислам дека овој од Чико не прави проблем и е баш за бебиња, на бебе мириса, мене ми е многу убав.
Воопшто не е препорачлив омекнувачот, прашај педијатар, истото ќе ти каже. Јас имам во околина многу примери со реакција на Чико омекнувачите. Постелнината може и на 60 да ја переш, и после ќе ја пеглаш. Инаку, за омекнување, имаше добар совет од Моира во некоја тема - алкохолен оцет во делот за омекнувач и сода бикарбона заедно со прашокот за перење. Нема да мирисаат алиштата на оцет. А таа baby care програма на машината за перење ти е со дупло плавење, ако не грешам.
^ Точно, јас откако ми се роди малата, ниту за неа, ниту за нас, не користам омекнувач, туку бел аколохолен оцет и сода - најдобро дезинфицирање на облеките. А користам исклучиво Персил Сензитив прашак.
ако бебето нема никакви нус појави на кожата од омекнувачот не гледам причина да не се употребува!!!!!!!!!било кој омекнувач
Ок, тенкс,ќе ја пробам оваа варијанта со сода и оцет на првото перење, само ќе треба и да го сменам прашокот, бидејќи ние до сега переме со ариел концентрат во ќесички, не верувам дека се тие соодветни за бебешка облека.
Мамички, да ве прашам за прашокот Мерикс каде можам да го најдам и по која цена се движи, ако знае некоја од вас да ми каже? Однапред благодарам
Го имаш во секоја продавница и поголем маркет. Јас користам Мерикс Детски Сапун, супер мириса и убаво пере
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци ја ме мене идиотката невидена умре цел ден од плакање син м како никогаш досега да не се има смеено постојано ко ке се разбуди ме гледа во оци и се смешка го немам видено никогаш иако денес имавме една несреќа денес тој мн се смешка дури си спие како што треба не се буди со плакање ме гледа во очи и се смее милото буце ајде доста со тоа сакам да ве прашам од колку месеци почнавте да ги перете алиштенцата на вашите бебиња во машина и каков прашок користите син ми има 3 месеци( нешто не сум добра т.е ме боли резот свекрва ми легнала жената цел ден од постела не е станата не е воопшто добра мајка ми не живее во овој град) неможам да го исперам малиот па дали би било лошо еднаш да ги ставам во перална со било каков прашок инаку бонукс имам дома малку планирам да ставам па да не наштетам неш.позз
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Izvini za latinicata ama na raka perese do sega??? Jas koristev Merix bebeskiot prasak I peram vo masina od prviot den, I ne peglam nisto
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Неџла, слободно испери ги во машина со било каков детергент што си имаш по дома, само стави ги на дупло плавење. Или автоматски опција има, или рачно намести ја од кога ќе заврши со перење. Јас од прв ден користам Ариел сензитив течен и нежен понеконцентриран омекнувач, ама решив па скрос на неутрал без парфеми и парабени да преминам некое време да видам дали ќе има некоја разлика. Инаку фала му на Бога сме немале никаква реакција.
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци и јас уште од старт му ги перам алиштата во машина. Ке си купиш прашок и омекнувач бејби сензитив да е и терај ич мака да немаш. Јас незнам и зошто до сега си перела на рака. Инаку јас перев со дуел бејби прашок, а омекнувач ленор сензитив бејби и добри се немат јака миризба, е сега од полска ми донесиа течен прашок за бебиња и со него перам и навистина е добар, треба да донесат и кај нас таков. инаку син ми денес изгледа се прејади па почна да повраќа и тоа многу, па сега едвај се успавме, а и на често ика, почнувам да се загрижувам
Јас купив Мерикс детски сапун-прашак вака убаво ми мириса,но сеуште го немам испробано,ме нтересира како пери? Во прво време алиштенцата на бебчето ќе ги перам само со прашакот без омекнувач и в машина.Ништо не планирам на рака да перам.
Јас ги перам алиштата со Персил сензитив, а омекнувач на Чико, има бел и син и во машина, иако првите алишта се му беа на рака исперени. Сега само ептен нешто нежно на рака, како ќебенцињата, друго во машина на 30 или 40 степени. Вчера видов во ДМ имаше детергент за ептен осетлива кожа, без бои, мирис, ама еден за бели алишта, а друг за шарени и да не земам два земав пак Персил иако не пере баш нешто најсјајно ама досега не сме имале никаков проблем, да му се исфрли кожата или слично. А омекнувачот на Чико, тој белиот ептен убаво мириса, баш бебешки. Синиот е малку појак и исто убаво мириса, вчера тој го земавме па и него ќе го пробам.
Jas imam baby care programa na masinata,so duplo plaknenje,pa planiram taka da gi peram alistata na cucka.Omeknuvac nema da koristam bar prvite nekolku meseci.Edinstveno se dvoumam koj prasok da go zemam Persil sensitive ili Merix decji sapun?!
Jaс и ги перам нејзините алиштенца со дуел сензитив и без омекнувач и сум задоволна алиштата не се крути како со другите прашоци е сеа ко ќе завршам сакам да земам персил сензитив да пробам за сите нас да се переме и дане ги двојам алиштата и тогаш би ставила дуел омекнувач има сензитив за бебиња па ако не ми се свиѓа персилот пак назад на дуел
Јас перев со Дуел за бебиња ама некако не ми вадеше флеки и го купив Персил сензитив и поубаво ми пере...А омекшивач ставам на Чико...До сега сум задоволна...