@kukla21 @Среќичка очигледно ќе ги фрлам и јас, среќа лигавки се само, уште не ми допрело до облека @wannaBeMomma venishot од ништо не ми вади флеки само Aris DeGrass на нашите ми вади, на бебешкиве не ставам.
Mene pa se mi vadi, bukvalno I zosto da ne stavas na bebeskite? Stavi poveke prasok ako ti e sube, duplo plavenje i toa e toa
не знам за капките ама општо за флеки некогаш најдобро средство е јако сонце - влажни алиштата да се стават на сонце може да ги обели флеките. инаку во ДМ би требало да има Galsaife, мислам дека е нешто како домашен сапун, исто за флеки а не е штетно за бебиња е ок. Има и од фрош на растителна база како течност. Ама може за капките баш нема да помогне тоа не знам
Женски каков детергент за бебешки алишта да си купам? И може ли совет како да ги перам плетените ќебенца за да не се оштетат? За алиштенцата уште ми е рано оти ако ги исперам од сега пак прашина ќе фатат, ама ќебињата сакам дури е потопло за да ми се исушат брзо бидејќи немам машина за сушење. И дали ви беше машината за сушење од голема корист со бебе или може да се суши и по парно, затоа што моето ќе е есенско/зимско бебенце и надвор секако нема да можам. И како ги перевте навлаките од транспорер/количка. Не дека имам купено ама ај да си прашам. За алиштата дали е доволно на 30 степени на кратка програма од 1 час со двојно плавење и секако после пеглање. Омекнувачи знам не треба користење, ама во постелнини, ќебиња дали може да се стави или и таму подобро не? Сакам понабрзина се да спремам, некако ми се увртело дека пред термин ќе се породам и ниеден доктор не може да ме разубеди во спротивното.
Мене персил сензитив ми е фаворит и омилен. Имам користено и Ариел за бебиња и Бекутан, ама Персил ми е најнежен. Ќебенцата ги перам во машина со бебешки детергент, најдобро ако имаш програма за рачно перење или за плетена облека. Ако можете финансиски да си дозволите сушара, купувајте ич не се мислете. Ние имаме веќе трета година и брмчи нон стоп, лето и зима Навлаки од количка и опрема, сѐ перам во машина, исто на програма за рачно перење и ставам најмал број на вртежи, сушам на балкон. Облека перам на 40 степени со двојно плавење, а одвреме-навреме пуштам со предперење, не дека треба, ама така сакам. Тетра пелени перам на 60 ако ми се соберат повеќе, ако не, на 40 со другите алишта. А омекнувач воопшто не користам, за ништо.
@NarCis@ Ти благодарам на советите. За машина можам да си дозволам, ама проблем е каде да се намести и затоа избегнуваме. Ако може да се помини и без неа арно, ако не ќе се припикне некаде.
Нас во ходник ни седеше на почеток, подобро така, отколку со обичните сушари распослани. А имаш и опција врз машината за перење. Не дека не може да се помине, ама многу олеснува во секој случај.
Ние пред 3месеци земавме и да ти кажам сушара ти е дар од господ. Переш сушиш местиш у рок од неколку саати. Страшно ги омекнува алиштата и повеќе мирисаат на перено.
Внатре и по парна немој да сушиш, тој впздух не е убаво ни ние возрасни да го дишеме а камоли бебе. Јас незнаев и со години ја правев таа грешка, па сега ќе купиме машина за сушење иако немаме каде да ја ставиме, можеби на тераса ќе биде на крај. @NarCis@ @wannaBeMomma која марка на сушара ја имате? Собирам искуства од други за да направам добар избор Дали се случува темните алишта со флеки оштетени да ви искочат?
Планирав во други соби кај што не седиме. Свесна сум дека е штетно и битки водам за сушара. Ама просторот ни е стварно проблем. И машината за сушење ни е во гаража, планирав за таму и сушарата. Но моментално и пелетите ги натрпавме таму и се е фул. Значи полошо од мали купатила немало. Во цела куќа на 2 спрата сме сами и нема каде 1 машина да сместиме.
Е толку нема место?! Мене во соба ми стои. Користам персил бебешки и перам на бебешка програма. Температура некогаш 40, некогаш 60, а знам и на 90че да пуштам
Штом е зимско бебе да не се мислиш за сушара, знаеш колку алишта се прљаат првите месеци, на 2 дена се полни машина и да накупиш многу резерви, пак нема да ти стигнат ако ги сушиш надвор. А дома сушење немој, ниту во друга соба не е убаво, ќе се испоразболите и ќе се чудите од што е. Јас само зимно време сушам во неа или кога е врнежливо, летно време на тераса, многу ми го затоплува купатилото кога работи и летно време не се диши. @wings ние имаме на Беко и јас сум задоволна. Ми уништила досега 2-3 парчиња облека, ама за тие знаев дека не се за во сушара и пак ги ставив. Инаку и ги собира по малку алиштата, ама претпоставувам со сите е исто не е само до мојата.
Мои и на мм џемпери не ставам, синко имаше 2-3 џемперчиња онакви ептен ситно плетени и му ги сушев заедно со другите работи.
Епа изгледа ќе мора на списокот да допишам и сушара. Ќе ја пикнам за почеток во детската соба, секако засега нема да ја користиме. А потоа кога ќе се одмалат пелетите и таа во гаража со таа за перење. Па од година ќе се доправа нешш како летна тераса за чување пелети и таман да ми служи и за сушење на поголеми ствари кои не се за во сушара. Вака не ја бива, лани зимото пукнав се по парна наредени, ама бевме 2 и се врвеше некако. Јас уште годинава барав голема тераса покриена за пелети и сушење, ама некако сите ме игнорираа и никој не се замараше со овој проблем. Демек мали се работите и одма се сушат, а и некако на сите им се чинеше уште цела вечност дека бебе нема да се роди. Ама еве стигна есен и мене паники ме фаќаат. Ни тераса покриена имам ни сушара.
@wings ние имаме на whirlpool 6th sense. Единствена маана е, ама не на машината, туку на облеката, ако е понеквалитетна може да се собере или пр. крпите да се истанчат. Имам крпи станале скоро прозирни, а имам и кои не мрднале. Инаку во принцип сите сушари се добри, само да не е комбинирана за перење и сушење во едно.
Персил сензитив најубав ми е. Јас немам машина за сушење алишта и сушам се во соба каде што не седиме и отварам прозорци. Се перам на 40 и дупло плакнење а нешто повалкано и на 60. Омекнувач не сум користела никогаш за бебе. Јас исправ алиштата во 34 недела пошто ми се имаше увртено дека ќе се породам порано па после преперував.