Многу ти е 95степени. Јас никогаш немам пуштено на толку за бебе. Бебешката програма не ја користам. Јас перам макс на 60. Нови алишта необлечени доволно е и на 30. Сушарата и јас не гледам некоја драстична разлика во сметката. Толку пуштам и јас макс 60мин. Зависи колку е полна. Излегуваат меки како нови.
Ја на 90 перам само укакани алишта. Многу се мрсни тие флеки. Нови, необлечени и неисфлекани перам на 30. Со Персил со бебе на слика. Прашакот.
Како бе само 45 минути/ час сушење. Јас пуштам фул програма 2:45. Ако ги исуши побрзо сама се исклучува(паметна ми е ). Меки се во секој случај, а пеглам кога имам време па не можам да ги оставам влажни. @supergirlmb јас имам на канди за 9кг. Одлично суши, ама малку е бучна. Незнам дали сите се така гласни. Инаку внимавај да не е со одвод, па да си врзана да ја ставиш во купатило. Мојата стоеше во соба, а откако се роди синко ја префрлив во кујна. За сметки не мемпрашувај, стварно немам појма иако внимавам да ја пуштам на ефтина(ова и за да не ми тропа преку ден)
@supergirlmb сушарите имаат повеќе програми, ќе си одбереш која најмногу ти одговара. Мојата е Сименс и јас сушам само на една програма, на највисока температура и алиштата излегуваат барут суви и премеки. Има многу програми, меѓу кои и кратка, ама повеќето полувлажни ги вадат алиштата, спремни за пеглање, ама веќе не пеглам за бебе (пеглав до 5-6 месеци), па оттогаш не сушам на такви програми веќе. Програмата на која сушам јас трае околу 3 часа, но ако има помалку алишта и побрзо завршува и сама се исклучува. Значи зависи од количината на алиштата. За сметката врска немам, маж води сметка за финансии Не спомнал ништо досега, така да не верувам дека има некоја драстична разлика. Бебешки алишта перам на 60 степени, нови на 30 или 40. Користам Персил Сензитив и Чико омекнувач
@Ano и мојата е паметна. завчера пуштив само неколку работи и за 20 мин беше готова. Вреќите за спиење беа и само ластиците не беа убаво исушени, но довечер се исушија. Страв ми е да ја пуштам на повеќе минути, само оваа програма ја имам пробано.
Абе за полувлажни не ми брка работа,секако по цел ден правам суши досуши,од тераса,па по радијатори,па по греалки и тоа е она што ме нервира.Мене ми треба некоја за да перам,ставам во сујшара вадам суви и диплам.Јас сум скарана со пеглање,пеглам само за бебево и за децава дур беа бебиња сум пеглала и секако она што ептен мора пред носење .Особено за мене купувам алишта што не бараат пеглање. Инаку за на 95 перев носени,од децата( трето чекам ) (секако и претходно перени алишта но ми беа во кеси) тоа бодиња,бенкици,ѕиврички,долна облека,а другото перев на 60 и 40. Гледав во нептун има убави понуди на беко сушари.
Суви ги вади мојата, барут. Пеглам само дел кое се згужвало, главно ,, пеглани,, излегуваат. Мојата е само на тајмер. Нема програми. Само бирам осетлива гардероба или не. Задоволна сум. Ме спаси од купишта алишта. Аристон е.
Јас зедов бекутан течен детергент без обекнувач, а имам и од Чико омекнувач, сеуште не ми се испранј алиштата за бебето. Имам уште време си велам
Јас од детето сушам на програм за памук плус можам да подесам да ми ги извади како за пеглање или за плакар па секогаш се како за плакар ама ако не стигнам одма да здиплам се гужваат инаку не пеглам скоро ништо ( она што мора де). За да не се осети на сметка ќе си одбереш штедлива , јас све што купувам ми е А+++ ,подобро одма да дадам повеќе пари него да ја преплатам со сметки за струја.
Мојата сушара има за подесување колку суви да бидат, со тајмер е и пресметува колку време треба за сушење според тежината. Најчесто ја користам микс програмата, и ако не е досушено, пуштам уште 10-20мин. и суви се. Скоро сите програми ги користам, а единствено ми е мака што нема програма за плетени, односно за волна.
Пред некој ден прочитав тука за капсулите за перење. Ги имав користено во студенските години, ама сум заборавила колку се добри и колку убаво мирисаат. Пред некој ден на персил ги начекав во веро со поени и купив. Алиштата одамна не ми биле така убави, бели, меки и миризливи. А ставав и вениш и омекнувач секое перење со обичен прашок. Е сега ми е страв со нив да перам алишта за бебе, ама кога ќе попорасни викате ги користите и не прават иритации така?
Јас го перам малиша од пред месец со капсулите. Само со Ариел. Првите месеци перев со бебешки детергенти. Од кога почна да јаде и мацка , продолжив со капсулите. Нема реакција. Ставај на дупло перење и мислам ќе немате проблеми.
Скоро две години користев Бекутан течен, но не сум баш задоволна не пере убаво, сега го купив овој на Виолета, поубаво мириса и е доста поевтин. Ќе го пробам деновиве
Јас користам на бекутан 2во1 добар е но сакам да го пробам на виолета викаат добар бил многу. За машина за сушење алишта порачав на indesit во петок треба да ми стигне, искуства од други добра била, а и беше на акција
Пошо во темава освен за детергенти се зборува и за сушари, одлучив и тука да си прашам за совет која машина да ја земам, Candy или Ariston? Важно ми е сушарата да е енергетски ефикасна т.е А+ класа..
Која сакаш, гледај да е поголема 8-9кг, резерварот за вода да е голем, лесно да се вади за да го празниш, лесно да се чисти преградите за ѓубре, да има сензор за сама да одреди влажност на алиштата, тајмер..
Јас имам канди и сум задоволна. Дали е подобра од аристон не знам, не сум користела Единствена мана е што ме е бесшумна, ако постои таква сушара. А+ класа, има одложено сушење, има посебна програма за волнени и уште десетина програми.
Мислам сите се такви. Гласни. Ние кога ја земавме нашата на сите имаше ознака колку децибели се. Баш се чудевме зошто Сега знаеме