Јас од старт користам бекутан и за перење алишта и за бањање и влажни марамчиња. Перам на 60 степени и ја бањам со сапунче на бекутан.
Здраво мајки. Како ги отстранувате флеките од облеката од морков, пробував со ппвеке видови на прашок но од кашите од морков флеките не излевсст
Мораш со средство за флеки пред перење да ги третираш алиштата со флеки, инаку ништо не излегува само со прашок. Јас користев Frosch Baby средство за флеки и супер е.
Супер искуства споделивте , со што отприлика да се опремиме, е сега мене ме интересира со што прашок ги/ќе ги перете алиштата на бебуши ?
Јас земав на бекутан од искуство со внук ми прашаче и омекшивач две во едно е. Мене ме интересира дали да пуштам у машина на 90 степени или на рака? И каква ташна за во болница земавте? Имам мало куферче и ташна од школскине... И со количката мислам ќе иде и ташна ама уште не земавме
за перење во машина една жена ми рече само долните алиштенца да сум перела на 60,90 степени се друго на 30,40.. пс.ова откако ќе се родат ...за ташна јас здравје планирам да ја имам само онаа што иде со количката како комплет толку, веројатно ќе е доволно.
Ставив слика од прашачето, види. Мене онаа од количка мала ми се виде многу а списоков ми станува се поголем хахаха. Кога почнавте да се спремате за у болница и општо за бебе? Влагам во 8ми месец и ништо немам почнато само имам некое алиштенце и прашаче, памперс.. Време е да почнам со подготовки мислам.
Зедов Бекутан детергент и Орнел(бејби) омекнувач, исправ една тура, супер се, меки, мирисаат. Ги перам за почеток на бејби програма супер ми ги вади. А торба ќе спаковам од количката, и плус ако не ми бере мој работи, несесер такви глупости во една ташна за мене. Немате потреба на 90 степени мој совет.
Емка зедов јас Ариел бејби. Ми изгледаше најдобар. Но уште ги немам исперено. Ти задоволна си?? И дали користиш дополнително омекнувач?
Јас ги перам со Персил сензитив сеуште рачно оти не ми се собираат толку алиштенца за да вклучам перална само за неа, а со наши не ми се мешаат. Прашокот е убав ама не се осеќа многу на алиштата ваљда дека ги плакнам по неколку пати. Скоро го видов во маркет на Бекутан прашокот со омекнувач, многу убаво мириса може ќе земам таков кога ќе потпорасне малата. Инаку мој совет ви е на почеток да не користите омекнувач оти кожичката им е нежна и осетлива, осетете си го природниот мирис на бебе незаменлив е тој мирис, немате потреба од вештачки мириси.
Јас во веро го купувам тоа за флеки (и одлично е), ама сум видела еден куп производи на фрош таму. Мислам дека имам и средство за плотни од таа фирма купено.
Задоволна, од старт со Ариел перам. Омекнувач не користам воопшто, нема потреба од плус хемикалија на алиштата, баш нежно дискретно мирисаат со Ариел и доволно е
Прашок за перење користам на NUK (иста фирма како за цуцлите Нук што се), демек органски е, така пишува. Го има во ДМ и обавезно ги пуштам на дупло плавење со вода.