Како бе не? Да не си ставила многу малку? Тоа не мирисаат којзнае колку, не ни треба, ама се осеќа кога ќе ги мириснеш.
Па ставив едно капаче на полна машина,следен пат ќе пробам со малце повеќе, зашо и ги пуштив на дупло плакнење.
Јас првите три месеци перев со Персил сензитив, бебешкиот. После тоа сменив и сега му ги перам само неговите алишта со Мерикс бебешки прашок. Сите флеки ги вади до сега, задоволна сум. Инаку уште не сум мешала негови со наши алишта.
а како ти беа алиштата испрани со персил сензитив за бебе вади флеки или? И дали употребуваше првите три месеци омекнувач или нема потреба ?
Па додека користев Персил и немаше некои флеки, освен од бљуцкање и ако му пропуштила пелената. Флеките сега се прават од кашите Не користам никаков омекнувач за бебо, само со прашок перам. Зимата ги сушев алиштата во сушарата па секако беа меки. А сега на топлово надвор ги сушам, ама пак не ставам омекнувач.
Јас вадам флеки со Ариел и ги вријам, а потоа ги преперувам во машина на бејби програм со Персил бејби сензитив.. И дупло плакнење...омекнувач не користам воопшто за бебешка облека и не ни планирам
Ги пеглате ли алиштата за бебе што ги сушите во сушара? За првото пеглав на почетокот ама немавме тогаш сушара. Сега ми изгледа непотребно пеглањето ама ај да прашам, да не излезам ептен немајка .
Јас пеглам. Во почетокот заради дополнителна дезинфекција, а сега од навика А замисли за нас не пеглам. Се пегла по потреба пред облакање
Не пеглам воопшто. Ни од сушара, ни од жица, освен ако е нешто изгужвано. За првото ко луда пеглав до 40 дена, па баталив.
Пеглам колку да се рече, да се измазнат алиштата. И онака не сакам да пеглам, а секој ден има машина, како казна ми е. Уште користам Персил сензитив, ама ни мириса ни флеки вади. Затоа Фрош за флеки и ми донесоа германски бебешки омекнувач што мириса преубаво. Без омекнувач не сакам да перам, ни мои ни бебешки алишта, како да не се испрани, ем крути ем не мирисаат на перено.
Пеглам обавезно се за бебе после перењето, а за нас само постелнина, останатото по потреба пред да се носи. Најмногу поради дезинфекција, но и поради естетика. На пример, многу мразам изгужвани чаршави
Jas eve denes pocnav so.perenje.. vcera kupiv tecen prasok becutam i baby ariel i omeknuvac chicco. I probav nekolki parcinja so becutan ne e bas naj naj kako sampon e nekoa blaga mirizba ima so so tek na susenje ke ja snema...sepak zavisi od materijalot koj kako.prima.. Del isperiv so baby ariel preubabo mirisa... Gi probav dvete kombinaciii becutan i chicco i ariel i chicco. Sepak se odluciv da prodolzam do baby ariel tecen prasok i omeknuvac chicco- super kombinacija. Ubavo nezno mirisa.
Пеглав како нездрава до скоро 6 месеци, после сфатив дека си го комплицирам животот непотребно и баталив Сега апсолутно ништо не пеглам, а и сушарата ми ги вади малтене ко пеглани.