Јас го користам ова и многу е добро, ги вади и бебешките каки. На база на овошни киселини е и не е толку агресивно, био е и наменето е за бебиња. Ќе попрскам, ќе отстои 20 тина мин некогаш и повеќе и ставам во машина.
На акција во Zegin 90 денари за 1 литар, а 2 литри мислам дека беше околу 170 денари. Јас зедов помал за проба
Еве и јас сега на 40 ги ставив, со medic rinse, па ќе ти кажам мали флеки од кака дали ќе излезат Страв ми е на 60 зашто мн се нежни и убави бањарчињата, да не се уништат од едно перење.
Презадоволна засега. Многу меки ги прави алиштата, а и нема јак мирис - мене тоа ми е најбитно. Не сакам агресивни омекнувачи. Баш преовладува оној „бебешки мирис“
Се двоумев помеѓу Персил и Ариел и почнав со Ариел,поубаво ми мириса. А овој од Виолета не сум го сретнала до сега
Откако бебе почна до дохрана користам Ариел капсули само тие ми вадат флеки. Пуштам дупло плавење и убаво мирисаат алиштенцата.
Да, течен.. Околу 100 денари е, од Жито го земам, ама има и по другите маркети. Убаво пере, и мириса сосема малку, доволно би рекла второ дете ми е, значи сум пробала доста детергенти, и овој најдолго го користам.