Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детергент и перење на бебешките алишта

Дискусија во 'Бебе' започната од novamama, 9 јуни 2011.

  1. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    615
    Пол:
    Женски

    И за атопичен дерматит од кој сте задоволни...
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Веднаш, 10-15 мин штом се облече облеката.
    Препорачливо е да се враќаат алиштата на плавење со вода

    Земај некој органски или со послаби хемии како на пр. на Фрош, Нук и сл.
     
  3. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    615
    Пол:
    Женски


    До сега Бекутан..сакав да сменам или ич да не пробувам?
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ако ти е бебето со дијагноза на дерматит јас не би Бекутан затоа што содржат многу ПЕГ кои не се добри за дерматитична кожа - но ова е мое мислење, ти како сакаш и нормално колку ти дозволува буџетот
     
  5. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    615
    Пол:
    Женски

    За буџетот не ми е проблем, кога станува збор за синко..деф сакам да го сменам, се двоумам кој да го земам..пак да не погрешам
     
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.256
    Допаѓања:
    18.374
    Јас користам течен бебешки Ариел, педијатарот рече тој бил најдобар. Го купив пред да се породам
     
    На Makedonka007 и Adams им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Јас користам на Нук (како цуцлите Нук) го има во ДМ и Рамстор
     
  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Персил бејби сензитив е ок.
     
  9. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    Користев персил бебе течен, ништо посебно, па го земав виолета за проба. Го земав од S маркет, чини околу 130 ден.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    @hub Ariel baby-течен од почетокот користиме и задоволна сум. Никаква алергија, ниту црвенило.
     
    На hub му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Сакам да ве прашам, сеуште не сум породена, но облеката што ја имам купено за бебенцето на колку степени да ги исперам?
    Исто така сакам да прашам, дали треба да ги сечам тие како етикетчиња што се на облеката на вратчето кај што пишува величина, или нема потреба?
    Благодарам
     
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.209
    Допаѓања:
    181.361
    Пол:
    Женски
    40 степени е доволно, можеш да ставиш и дупло плавење. Етикетите ги сечам само е ако се груби, инаку ако се меки, ги оставам.
     
    На t-sweet, dunika, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  13. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Земав за прв пат на виолета , сакам да му ги исперам алиштата ,да ги испеглам се да ми биде стокмено и да чекам да се роди син ми. Како се ближи време се повеќе возбуда имам .
     
    На hristinan12, strelkata и Queen8 им се допаѓа ова.
  14. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Добар ли е виолета?
    И мене не ми прави мерак во последно време персил. Ни течен ни обичен.
     
  15. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    @srekice искрено јас во ниеден прашок не видов ништо посебно. Секако за флеките користам фрош во спреј. Бебе ми немало никаква реакција, мириса фино, задоволна сум :)
     
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Ма јас за флеки не се замарам. Дома во стари алишта ја облакам, не се потресувам. И така ги расте дете. Битно ми е да е нежен, да не е тежок на мирис
     
  17. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    Јас бев скептик дека ефтин ми се гледаше, ама го имам гледано кај блогерки по инстаграм па така го земав. Нема тежок мирис
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  18. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.834
    Допаѓања:
    109.252
    Пол:
    Женски
    Пробај со Ариел бебешкиот, јас од старт со него перам, баш нежно бебешки мириса и вади "лесни" флеки.

    Инаку ако флеката се исуши и остане подолго мене Фрош не ми помага, тоа јас вадам со Вениш и тоа неколку часа стои на флека, па и цел ден. А за оние нај најтврдокорни Арис му е мајката, до сега нема нешто што Арис не извадило :D
     
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.256
    Допаѓања:
    18.374
    И јас сум задоволна од Ариел течниот бебешки.
    Многу нежно мириса, вади и помали флеки,ама флеките од каки пред перење ги поминувам со сапун за флеки од ДМ,инаку остануваат.
    Можеби е малце поскап од другите,ама вреди.
    Го купив пред да се породам,мали ќе прави 4м имам уште за 5-6 перења. По едно капаче ставам и сосема е доволно.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Многу сакам кога ќе прегрнам туѓо бебенце и кога убаво ми мириса. Секогаш прашувам што користат. Имам најдено омекнувач кој убаво мириса и прашок кој убаво ги чисти алиштата, но нема некој посебен мирис. Ама знам дека имаше во повеќе теми пишано дека бебешката облека е побезбедно да се пере без омекнувач за да се избегне алергиски реакции.

    Вчера ми донесоа од Грција Скип прашок во капсули како тие на Ариел. Ми кажаа дека нема врска со Скип во Македонија, многу бил подобар грчкиот. Исправ неколку пешкири, без омекнувач и навистина свежо мирисаат. До сега користев Макси Трат од Грција, најефтин е, а сите флеки ги вади. Единствено ме нервираше што на ништо не мириса, а јас сакам моето бебе кога ќе се роди облеката да му мириса од далеку.

    Имам уште време до породувањето, па баш ради тоа сакам да ми препорачате некој прашок или прашок и омекнувач кои се безбедни за новороденче, а воедно и убаво да мириса облеката. Знам прашоци кои се безбедни ама не мирисаат воопшто, знам и прашоци кои имаат убав мирис, но не знам колку се безбедни..