Па не треба да мирисаат на километар да ги осеќаш. Детергенти и прашоци за бебе наменски се прават без мирис.
Перам наши алишта со течен Ариел бебешки, планирам да продолжам и бебешките со истиот. Без омекнувач. Капачето е плитко, па тие што перат со него, дали мерите со тоа капаче и колку прашак ставате?
Со тоа мерам,скоро до врв,едно капаче ставам и е сосема доволно. Имаат и нежен мирис и убаво се испрани. Педијатарот советува што помалце да се става.
Ги исправ алиштата на бебето со персил сензитив ама не мирисаат никако да го потрошам па ќе земам друг, дали ариелот мириса повеќе и да ми предложите и некој омекнувач?
Каков прашок и омекнувач да земам? Гледам сите скоро користите ариел, добар ли е? А каков е подобар детергент течен или прашок?
Мерикс добар е? Ариел течен веќе не ми вади флеки од храна. Го видов овој, па не знам дали да го земам. Мислев дека прашок повеќе вади од течен или?
Јас флеки од каки вадам со сапун за флеки од ДМ. Се зачудев кога на фб прочитав дека вади и флеки од зејтин,баш имав на тренерките,ги поминав и се исчисти. Омекнувач не се препорачува,што помалку хемии подобро. Прашок користам Ариел течен бебешки, повеќе се препорачува течен за да полесно да се исплакне,зошто од другиов може да остане на облеката и после да предизвика алергија.
Дај слика од сапунот. Јас едно време со Фрош ги вадев, после со вениш. Сега не ни вадам веќе. Ама да, си имам за секој случај. Инаку, земав бекутан течен. Крш невиден. Персил прашок ми е најдобар за сега.
Сакав да купам Ариел baby течен и да почнам со перење и пеглање додека сум дома ама сфатив дека го немам додатокот на машината за течен, веројатно ако ставам така ќе истече. Препорака за алтернатива?
Јас перам со течен, баш Ариел, прашокот го ставам во првата преграда за прашок и машината одма си го зема.
Да ама одма ќе истече дека е течен. Пример пералната на мајка ми си има еден плав дел што се става по потреба за течен. На тоа мислев ама ок ќе пробам така. Фала