На повеќево мои работи пишува да се пери на 30 (ова сега прв пат треба да перам), а јас се мислев дали да ги ставам на 40, ама дека на се пишува 100% памук, ми е страв да не се соберат. Ваше мислење?
Нема да се соберат,јас шарени исправ на 40 а бели/светли на 60ц.Сите останаа со непроменета боја и форма.
На рака нека ти го испере некој да не се мачиш ти. Евентуално во машина на опција рачно перење со 'нежна' центрифуга или без.
Утрово ми стигна количката ја порачав од енци менци. Гратис ми дале омекнувач Чико. Дали можам со него да ја перам бебешката облека? На него пишува дека може. Искуства?
Девојки, вие што перете со Бекутан (Зедов Бекута течен детергент, не можев ариел бејби да најдам), па ме интересира, на една машина колку ставате ? Јас ставив цело капаче, отприлика така оценив дека ќе е таман за тие аливца оти и 10 тетри ставив, две танки ќебенца и плус пижамките, боди, такви работи...Малку ми е мисла да не е многу цело капаче....?
Јас ставав цело. На 40с не вадеше баш флеки а на 60с подобро беше. Сега земав персил сензитив мислам подобар е.
Да кажам за гнездото што прашував, го ставив на брзата програма (15 мин/30степени+центрифуга),на обиколниот дел ништо не му беше ама делов што е за лежење скрос се расипа тоа памукот. Го откројав, се мислев со што меко да го наполнам. Потоа истиот тој памук или не знам што материјал е баш, го разредив убаво, пак го ставив и го зашијав на машина. Некако го средив)) Сега се мислам, јорганчето и оградиците (посебно за оградиците ми е) дали да ги перам во машина? На паковката стои 40 степени. Оградициве се како танко јорганче, не знам дали ќе се собери пак тоа внатре што е материјалот...Имате перено? Перничето и едната мала оградица што стои кај главчето ги перев на рака, и баш ги цедев со стегање пансупер испаднаа. Совет?