Оградици не ви се потребни за креветчето, воздухот мора да циркулира низ решетките, а со оградици нема циркулација. Никој не ги препорачува, оти ги користите?
Oградиците/joрганчетo па и перничињата oд креветчетo ги перев и сушев вo машини. Перев на 30/40 Пoсле си ги пеглав.
Од предната страна кај што нема ограда имам намотано во ролна меко ќебе и набутано Можеби оние како плетенки што ги ставаат се боље избор не знам...
Jас имам и за таа страна oградица ама не jа кoристам ептен ќе биде затвoрена. Па сега вади раце, нoзе низ дупките
Не знаев дека и за предна страна има. Ќе се угуши бебе. Плус како ќе си го гледам како си нанка Ама сум се разлигавелааа..... Хахаха ептен оф топик отидовме
Има и Ариел и Персил за бебе. На амбалажата има бебе, ќе видиш секаде ги има. Јас за Ариел бебешки се одлучив бидејќи и наши алишта со тој перам.
Женки , земав Персил сенситив ама прашок прашок, и ми беше шубе и земав Ариел течен сенситив. Дали користите омекнувачи ? И ако да, какви ? На колку ги перете алиштата од бебињата? И дали ги сортирате она скроз, да не пушти нешто боја ко за прв пат? И дали ги сушите во сушара? И дали ги пеглате? Фала хехе
Јас купив Ариел течен за бебе и Дуел омекшивач исто за бебе. Викаат дека на почеток не требало да се става омекшивач ама јас од мерак ставив Ако има некоја реакција ќе прекинам. Ги делев според температурата што беше напишана на етикетите како за прв пат да не ги упропастам, имав 30,40 и 60 степени. Тетра пелените и уште нешто што имав памучно бело на 90 степени. Веројатно натака се ќе перам на 40 и 60/90, па затоа си купив од оние марамчињата за фаќање бои. Сушара немам ама затоа се испеглав.
Немам користено досега, не сум имала потреба ама ги меркав одамна. Членка од тука ми препорача. Ама мислам дека изгледаат како влажно марамче и го ставаш директно со алиштата. Не можам во моментот да ги барам да ги сликам ама вакви нешто беа како на сликата доле, ги земав од ДМ.
Не користам омекнувач, само Ариел бебешки. Сè перам на 30 степени, не сортирав по боја бидејќи ништо немам купено со јаки бои. Не ги ставив во сушара, си ги пеглам, мерак ми е.