Ај ве молам за совет, живци си искинав веќе два дена, мајками ми купила гнездо, и убаво ми рече жената не го пери, со влажни помини го и со пеглата на пареа доволно е, ја го ставив во корито со ариел малку, ама се нацица вода и два дена се суши никако да се исуши , сега кај шо почнало да се суши е како жолтко, шо да му правам, криво ми е многу, жената со сиот мерак го купила, ја го расипав , да го ставам во машина на опција рачно?
Леле и јас збрлавев со тоа перење од страв дали ќе биде чисто. Мислам дека само перам по цел ден. Ова короната ме полуде. Не се обвинувај и јас на твое место би го испрала и тоа во перална. Само со што е полнето да знаеш. И да го пуштиш на рачно, можно е да ја изгуби формата ама ако го растресеш може ваљда да се среди. Така една јакна на мм многу беше полнета, му ја заебав ептен тоа што беше полнетото се собра во топки и отиде во еден дел, а другиот дел празен. Финтата беше додека се суши да ја протресувам и некако успеав да ја вратам во форма. На рачно мислам тие флеките ќе се исперат само пази во сушењето да не се измести цело.
Се расплакав дури, не сум салам, хормони вријат, па си викам срам да ми е, важно е бебето да лежи здраво право во гнездото а не какво било гнездото, Се нервирам за глупости.
Погоре баш имав пишано за ова- го исправ во машина на брза програма, 15 мин, 30 степени+ центрифуга. Кога го извадов, делот што е баш за лежење беше целиот растурен, тоа внатре материјалот како памук што е целиот беше тутки насобран. Делот што е како оградица си беше ок, цврст како претходно. После, го отпарав долу кај што се врзува тоа како оградица, го извадив од внатре тоа како материјал (целиот беше гужван) и си мислев да го наполнам гнездото со нешто нормално. Но, некако успеав тој мстеријалот да го растргам и си дојде некако на ред. Потоа пак го зашијавме на машина, и сега е ок, ќе видиме, се надевам ќе брка работа))
Ами самата центрифуга скоро го исуши (затоа и се распадна)) , а потоа го ставив на сушалка легнат како што си е, под клима ми беѓе ставен и си се исуши, ама не се цедеше од никаде бидејќи центрифугата е силна и беше само влажен, Е сега, ако го периш на рачно подесување, ако не ставиш центрифуга кога ќе се суши не знам, да не останат пак жолти дамки...Или на сонце на жешково да го ставиш, може одма да се исуши...Порано еднаш така ми се распадна и лежалка за на плажа, ама тоа внатре беше како сунѓер па успеавме некако да го растргаме, А гнездово внатре беше од некој чуден материјал, ниту сунѓер, ниту памук-којзнај што беше ама цел беше тутки тутки, и не можев да го растргам преку гнездото, затоа морав да го вадам. Мајка ми ми велеше некое танко перниче да ставам, ама сепак го растргавме некако тоа материјалот па дојде на ред. Сепак , ќе видиме колку ќе користи...
Кога купував гнездо, најважно ми беше да се вади како навлака памучниот дел за перење, претпоставував дека ќе се деформира ако целото треба да се пере. Со патенти се вадат навлаките. Можеби не би се упропастило ако го перете на програма за рачно перење.
Сигурно ќе биде така хахах. Ќе гледам набрзина да ги здиплам само Гнездото се испра, оградата е супер, го пуштив на рачно перење плус центрифуга го извадив речиси суво. Сега е за мерак и преубаво мириса. Само леглото е деформисано малце ама може да се среди , планирам да му ставам сунѓерче а памукот да му го извадам, пошто и пред да го исперам внатре не беше многу рамна подлогата, со сунѓерче како душече ќе дојде ќе биде супер, така и да го перам пак во машина нема да се расипе, џабе се нервирав само. Ја не планирав да купувам гнездо. Мајками ми го купила и било многу убаво и со мерак го купила, ако го расипев само ќе ми беше највеќе криво заради мајками, многу сум осетлива значи. А и мене ми е преубаво гнездото. Се надевам прцла ќе сака да нана во него
Де бре до толку ли беше оштетено за да го фрлиш? Еве го моето, супер си е, го перев на рачно перење програма на машината плус центрифуга 800 вртежи 15 мин. Вчера на сонце се исуши одма, а на рака испрано го цедев два дена ем се измачив рацете ме заболеа ем флеки направи жолти, ужас. Да знаев дека ќе биде вака убаво уште одма у машина ќе го пикнев. само леглото е малце нерамно ама ќе го средам,
Мирна глава, шубе ќе ми беше да не исперев, и не само гнездото, било што, сега па и со коронава, бетер ми е страв. Се сакам да е испрано средено .
Сушев да, ама не ваква. Се смали, се истутка, никаква бидна од сушарата. Полнењето сега е тутки. Пери на брз програм и суши ја надвор.
6 месеци какo ги сушам вo сушара на пoсебна прoграма. Пoтoа ги пеглам. Ниту се сoбраа ниту се направиjа тутки.