А да прашам, дали ја имате перено во машина навлаката од транспортерот? Значи делот што се вади од самиот транспортер (што е и реално крут некако) , на колку степени и дали со центрифуга?
Јас би ги перела рачно тие материјали од количката, така и ни препорачаа, а тоа што не се вади, со благ детергент може и да се помине со влажна крпа, не ми се ризикува во машина
Сè извадив од транспортерот што се вади, на крај остана само пластиката, неа ја пребришав со крпа. Платното го ставив во машина на програма за рачно перење, на послаба центрифуга со 600 вртежи и прекрасно се испра. Само жиците пластични од тендата ги извадив и без нив ставив во машина. Сега исто ќе исперам сè од корпата, сè се вади.
Памучни се како и да е ќе се стеснат, ама не мораш на 90 доволно е на 40 да се перат со два пати плавење. Ако ти е за дизенфекција испеглај ги.
Памук секако ке се собере, ама на 60 ти е доволно. На 90 големи се шансите да ја изгубат бојата. Во сушара се смалуваат многу повеќе. Јас до ден денес перам се на 60, и или пеглам или во сушара. Син ми е 9+.
Се ставам на 60, што се собере, тоа му е. Етикети никогаш не гледам, а кога ке видам како се влечкаат алиштата по земја, морам да ги исперам на 60. Шарено со шарено, бело со бело и не би требало да има проблем. Ама внимавајте, ако измешате шарено и бело на 60, ке ви се обојат. Ова од искуство.
Абе почекај си најубаво, од кај знаеш колкаво ќе се роди. Плус читам до 40 дена или 2 месеци раснеле и по 8цм. Испери си ги на 40 како за првпат да не купуваш одма нови.
Еве моево на пример за 2 ипол месеци 9 см. e е пораснат па сега бодињата што му беа од 0 до 3 веќе му се кнап, а некој и веќе мали.
Да ама сигурно имаш и други од 0 до 3 тие облакај му ги, деца растат брзо ќе видиш за час ќе стигне и тие да ги носи. Тие и да ги испереш на 90 нема до тој степен да се соберат за да бидат таман за новороденче.
Имам и 0-3 ама помалку се. Се нервирам. сите ми трупат работи за понатаму и ми се мешаат кога купувам помали.
Ич да не ти е гајле што зборат, купувај си ти какви сакаш другите што ќе ти ги донесат поголеми секако ќе бидат искористени подоцна. Земај повеќе 56 и 62 или од 3 до 6 месеци. од 0 до 3 имав 5 6 бодиња и панталончиња еве сега на 2 ипол месеци веќе се кнап и ке му земам од 3 до 6 завси. Гледај и на тоа од прилика колкаво ќе боде бебчето. Моево се роди 51 сега е 60см. И тие се од 3 до 6 месеци или 62-68см.