Не мора да значи. Има бебиња што носат бодиња од 6-9 месеци на возраст од 3 месеци. Не избрзувај и не барај замерки на тоа што купуваат поголеми, ќе ти се најдат, пошто тие најмалите, што мислиш, колку време ќе ги носи? Две недели, месец преку сила. Многу брзо растат бебињата во првата година.
Моето е 1 месец и веќе ги носи работите од 3 до 6 месеци. Голема се роди.Тие од 0 до 3 месеци и се кнап, некои не и се ни точни веќе.За месец два сигурно ќе носи од 6 до 9.
Пример моето бебе. Од старт носеше големина 3 до 6. Големината 0 до 3 месеци одговара на класична 50ка што значи ке биде мала на бебе родено подолго од 50 сантими. Јас знаев дека син ми ке биде големо бебе и воопшто не купив 0 до 3 месеци големина. Имав 56ки ама ги носеше едвај три недели. Не сакав да го облекувам во алишта што ке му висат, ама тие најмалите се носат многу многу кратко. 62ки исто така ги носеше многу кратко. Се што е поголемо ке му треба со сигурност. @Fallen.Angel не си ставај на срце за свекрвата, нека купува. Јас кога останав бремена, мајка ми и свекрва ми купија пред мене. Имам алишта за тројка, ама на сите ни е мерак и сите купуваме. Не можеш да и забраниш да купува. Не обрнувај внимание и ти купи си што сакаш. Во бременоста се изнервирав еднаш и ми е криво и за таа нервоза. Безврска се изнервирав што не бев на кафе ама хормони. Уживај, ке летне додека да трепнеш.
Мојата е 4 месеци сега и земам 6-9, долга ми е ептен, посебно во ноџињата, бројчињата по месеци немаат никаква врска, ретко познавам бебе што носи 56 број до 3 месеци ( се раѓаат некој со 55цм)
И јас го земав ариел бејби , пуштив две машини до сега со течниот и очекував некој бебешки мирис , ама алиштенцата немаат некој мирис кај вас како е , може малку ставам иако не верувам
Само прашак нема некој мирис, јас од старт редам омекнувач.. користам и ја ариел беби ако не можам да отидам до ДМ, иначе го земам Фрош алое вера. Маж ми не ме остава да експериментирам со омекнувачи ( а ја сум трагач по најдобар мирис и за нас и за неа), сакал само овај мирис да го има бебе.
И јас користам Фрош за флеки досега се извади, супер е. И сапунот од Дм го купив ама не сум го пробала.
So lenor i gi perev na pocetok, potoa Ornel zedov, pa Duel i nakraj Semana. Do sega naj mi e na Semana. Bekutan najneubavo, taka si stoi ednas probano.
Препoрака за дoбрo средствo за oтстранување на флеки? Да не е сапунчетo oд ДМ, бидеjќи флеки oд храна не ми вади...