Денес треба да земам детергенти за да и ги исперам алистата.Е сега да прашам уште еднаш...Нели ние бели алишта переме со прашок за бели а шарени со течен.Што треба јас да земам за бебето?Нели има пелени бели ,алишта...значи не можам со течен а има и шаренки што не може со детергент него мора со течен?Да земам и таков и таков? И кои се најдобри? Ако има некој да ми подобјасни кои алишта со каков се перат.и на колку ги перете? Не знам што треба да купам
Јас сите алишта на бебушка ги перам заедно, не ги делам на бели и шарени, ги перам на 40 степени, а користам прашок Duel baby sensitive и омекнувач на Chicco и тоа една третина од капачето. И дупло плавење за бебешките алишта.
И јас не ги двојам алиштата од бебушко ,ама ги ставам и нашите алишта бидејки го лепиме на нас, па заедно ги перам на 60 степени со Персил за бебиња и омекшивач Чико и до сега немам никаков проблем , ама сакам да почнам да ги перам со наш прашок Ариел и Ленор омекшивач за да почне да се навикнува само незнам како да го направам тоа бидејки ми е страв да не предизвика реакција ...може требаше да почнам од почеток со Ариел ,ама ајде викам мало па да не смета, а познавам жени што од старт перат со обични прашоци и омекшивачи...тоа е
Нели прасакот наменет за бели е прејак за шарени алишта? Дали нема да згрешам ако земам Ариел за бели и Персил сензитив за шарени? Па таман и нашите ќе си ги перам со Ариел.На нејзините че и ставам малце омекнувач чико и 2 пати ќе плавам.Дали мислите дека е во ред и ако може ариел кој треба да го земам,нели има повече видови? не ми е логички да перам шарени алишта со детергент за бели.Фала ви Ама ќе научам
Од поЧеток перам за детево исто како и за нас Со прашок од ДМ и омекнуваЧ Ленор плав или бел После тоа ги ставам на сушење и нема потреба од пеглање Првиите алиштенца од мерак ги испеглав после НЕ
Форко најбитно е да бидат добро исплавени , сега со кој прашок ке одлучиш незнам , јас посебно ги перам ден денес од малата и по 2-3 пати ги плавам , инаку шарените немој со ариел ги белее мислам оној што е за бели , омекнувач почнав да ставам на нејзините после 3 месеци на почеток го плавев ,а сега на шарените не го преплакнувам а на белите уште ми е шубе ,инаку на 60 степени ги перам , ги перев на 90 на почетокот белите, и сега пелените и некои работи за бебушко ,ама после по потреба ,инаку Бонукс лимон долго време користев сега Дуел земав не е лош .
Јас би сакала да в епредупередам за ариел имам 2 другарки чии деца развија алергии на прашокот ариел бидејќи овој прашок е јак јас би перела со нешто друго на пример за нас во моментов имам биоактив а за неа дуел сензитив после би купила дуел и за нас и тогаш би ги перела сите со обичен дуел бидејќи најмогу ми се свиѓа
Ete forko kupuvaj duel site sme za Pepita odlicno napisala mnogu e bitno 1-2 da se preplavat alistata bez razlika dali imaat omeksivac ili ne Nie do 40 dena gi peglame
Јас решив за бели ариел а за шарени течен..па сега како биде нека бид.Не можам по 5 вида детергенти да купувам.Ќе плавам по 2 пати.
јас од самиот старт купувам дуел бебешки прашок и орнел бебешки омекшивач и се покажаа како супер...е само еднаш ставив бонукс затоа што немав бебешки и се нафрли и покрај дуплото плавење...ги перам посебно белите на 60 а шарените на 40 и не ги мешам со нашите... а ариел за мало дете па незнам баш докажан е како јак прашок и не се препорачува за шарени алишта зошто избледуваат боите...
Епа јас затоа прашувам за шарени каков да земам течен.Зашто јас нашите со течен ги перам..И дали тие бебешките за бели алишта би ни ги испрале белите наши? за да не зимам се дупло.
па најдобро е да пробаш јас никогаш не сум ставила на наши алишта бебешки прашок ама зошто да не ги испере и нашите ако ги ставиш на 60 или 90 степени...а за шарените можеш и течен да користиш а можеш и истиот бебешки прашок да го користиш и за шарени...сепак течните детергенти не се толку јаки можеш и од вашио да ставаш само со додатно плавење
Секој човек, секоја кожа, секое бепче различно реагира или не реагира на прашоци, омекшивачи, купки, шампони, млека за тела итн. Јас ќе ви кажам пример, тетка ми и братучед ми и братучедка ми ги тинтрала, не ваков, не таков прашок, од нежно понежно, и што направила?...поосетливи деца, реагирале после на све и свашта (зборам кога потпораснале). Така да мн е битна дозата, да не се трупа како за возрасен, по едно плавење, и тоа е тоа, како ќе го навикнеш од мало, такво ќе ти биде и кога ќе порасне тоа е мое мислење
Или јас сум глупа... не ми е јасно дали со тој персил сензитиве перете и бели и шарени алишта? или за шарени користите течен персил сензитив? и дали и вашите алишта гии перете со истите детергенти?
Na bebusot alistencata uste od pocetokot zapocnav da gi peram so duel baby sensitive i gi delam od nasite alista i eve do sega sme 2 mes i nema nikakov problem, a peglanje obavezno, zs poadjam od toa deka svoite alista gi peglam, a ne pak negovite da gi ostavam nepeglani.
јас перам и бели и шарени со персил сензитив течниот детергент и на двојно плакнење. не користам омекшивач и не гледам потреба за тоа.
И јас користам дуел сензитив на неколку пати ми се има замешано бела чорапа моја или на мм во пелените и тоа по 1 чорапа не пар и ко ќе излезат каде каде побели од другата чорапа ко распар да се така да дуел сензитив пере каде каде побело од другиот прашок кој го користам за нас во случајов биоактив . Инаку никогаш не сум употребувала два прашока за нас за туку само ги двојам алиштата и пуштам на друга програма на бебуш се перам на бејби каре и не двојам бели од шарени само ако имам шарени пуштам на 40 степени а бели ако се погодат само на 95 и за нас исто перам ама двојам Мама 23 и јас имам орнел бел сензитив уште не сум го почнала за бебуш ставив за нашите има многу подолготраен ( не појак )мирис од плавиот орнел кој не е бејби сензитив и ми бше страв да и ставам ама следново перење ќе пробам инаку мирисот мн ми се допаѓа
јас сум пробала мн други омекшивачи за бебиња се додека не го пробав орнелот...преубаво мириса нежно нема некој нападен мирис како другите и го обожавам...