Само Вениш! Искрено се вади. Моментално го користам течниот. Капнуваш на флеката да отстои барем некое време, плакниш со вода и редиш во машина.Алиштата цут.
Прскам директно на флеката, оставам 15-20 минути и во перална. Цената е околу 150ден мислам, го земав од Рамстор, а во Дм беше поевтино.
Денес перев аливцата од бебе да ми бидат спремни, па ме убедија frosh детергент да земам најмек бил бла бла, ама мене катастрофа ми мириса како сјај за вагани. Ужасен, сеа криво ми е оти го зедов него, ајде нареден пат ќе сменам друг (ариел бејби или персил)
Каков фрош зема? Има повеќе видови, ама јас од сите сум задоволна. Јас плус и омекнувач ставам, ама сепак, самиот детергент мириса убаво.
Го користам и јас, мене ми е добар. Омекнувач ставам од почеток, битно е добро да се исплавени алиштата.
Јас користам Фрош од алое вера, не мириса вистина ама од старт сум со омекнувач. Ариел бебе е исто добар ама мене од Фрош ми се премеки алиштата.
Mami aj pomos na brzinka. Ariel baby tecen detergent ili persil sensitive gel ? Eden od tie dva da zemam,taka? Tecen da e . Ima i persil sensitive vo granuli prasok.
Kako shto razbrav moze za masinsko perenje na 90'? Takov zemav I se dvoumev megju duel bany i ornel baby pa zemav ornel baby omeknuvac . Citav ne mora d ase koristi omeknivac ama ke mi stojat nekoj mesec alistencava pa valjda nema da smeta . Koga ke se rodi bebe najdoobro ke vidime dali nesto osgovara ili ne ama sega za sega sekoj sovet od iskusni mami e dobredojden
Не знам за 90, на повеќето облека на етикета стои 30,40° па јас на 40 перам. Омекнувач не се препорачува да се користи,особено не кај новороденче со нежна кожа. Кога ми се исфрли бебето педијатарот прво што ме праша беше дали користам омекнувач, рече што помалку хемии подобро за бебето,а за прашакот на дупло плавење. Јас негде од 34та недела почнав со перење,испеглав се и здиплив во плакар.
Баш сакав да пишам. Омекнувач не користев со првото, нема ни сега. Планирам да купам Персил Сензитив за перење. Само се мислам дали течен или не. Која е разликата?
На колку ги перете навлаките од количка, транспортер, корпа? Сакам да ги пуштам во машина, па да не ги соберам и упропастам....