Јас денес купив бекутан течен детергент и омекнувач ленор сензитив, некој има искуство со нив? Ми имаа баш нежен мирис, и затоа се одлучив за нив
Јас кпристам ленор сензитив ептен убаво мирисаат алишта, а со течните сите ги пробав не ми перат убаво, на обичен прашак сум.
Е сега ја со сушарата имам проблем, не е за тука ова прШање ама некоја нека помогне ако знае. Значии или јас не знам да раковам или до машината е. Нова е, значи алиштава мирисаат на пластика, живци искинав.
И на мене откако ќе се исушат во сушара ми мирисаат чудно, не знам зошто, исто нова е. Заради тоа на тераса ги сушам сега плус жешко е нема потреба да пуштам сушара, ептен ако ми е нешто итно. Се проверив, исчистив и џабе пак исто, а кога беше поладно не ми се случуваше така..
Не знам.. јас оти ме нервира да чекам да се исушат тие на сушари и цела тераса да ми ја зафаќаат и вака е многу полесно ама баш мирисаат на пластика. Читав имало некој марамчиња се ределе во машината, кај други што знам дека со години сушат викаат дека им мирисаат на омекшувач. Се разочарав.
Малку отидовме ван тема, ама морав да коментирам, кај мене кога пуштам на dry level 3 тогаш само ми мирисаат ептен малку на пластика инаку не. Ама за да се сите рамномерно исушени морам да пуштам така иначе не се собират една машина ако чекам горе долу ист материјал и дебелина.
Можеш да, одма ги ваѓа. Стави од венишот, потрзај малце на флеката и реди в машина, не ги оставај да киснат. Јас од течниот сум презадоволна.
Го користам и јас за нашиве ама за него досега не сум имала потреба..сега со омегава ми ги валка..ја пика цела лигушка в уста
Ако се премногу суви ќе мирисаат како да се имаат испечени а ако се малку влажни да не се пресушени мирисаат на омекнувач, а и зависи до омекнувачот некои кога ќе ги ставаш во сушара им се губи мирисот. Дуел особено жолтиот ептен мириса и трае со денови
Го користам обичниот за флеки и добар е, сега зедов од тој што е специјално за бебешки флеки, но го немам уште пробано
Ариел бебешки кај да најдам? Почнав со него уште трудна кога бев, сега имам уште за некое перење, а барав во дм и алфа маркет во велес нема, неможеме и од продавница да нарачаме го немало во магацините, или предложете ми друга замена за ариел бебешки ?
Јас од Рамстор купував, не знам дали имате во Велес. Сега веќе и неговите алишта ги перам со нашиот прашок, Ариел обичен.
Исто и јас сега пред некое време кога барав сите маркети ги свртев, најдов во рамстор. Јас барам предлог за омекнувач со убав мирис. Некако многу брзо ветрее мирисов од ариел,не знам зошто така кога беше помал повеќе се осеќаше