чико мене ми е преубав . Инаку ми останува во туш да побарам и жито, ако не персил сензитив ќе земам. Ариелот преубаво ми мирисаше и трае многу ,уште трудна кога бев 9 месец го почнав уште за некое перење имам. А од дм го имате прашакот бебешки ултра сензитив пробано ? Исто и за виолета ме интересира?
Од виолета не сум задоволна. Одвратен мирис. Ариелот ми траеше 5м,па ми дадоа виолета,гледав што побрзо да го потрошам и пак се вратив на ариел. Ако не го најдев во рамстор ариел ќе купев персил.
И јас го користам тој, преубав е. Алишта што сум ги перела пред 5-6 месеци уште мирисаат. Друг немам пробано, мм го купи овој и го погоди од прва. За Виолета и други имаат пишувано дека катастрофа бил. Може да пробам Чико, го има во маркетите? И која цена е?
Ве читам за омекнувачите. Негде прочитав дека оставаат трајни последици на респираторен систем и од тогаш за бебе не ставив. Користев Орнел бебешки и многу убаво мирисаа, сега си продолжив само со Персил беби течен и воопшто не мирисаат, дури надвор ако ги сушам уште толку мислам на печено ми мирисаат. Сакам да пробам Ариел, па тие што ги имате користено и двата да ми кажете дали барем Ариел мириса "мискоина" ако се пере без омекнувач?
Да ариел мириса баш убаво. Јас не ставам омекшивач затоа што син ми има егзема. Ни за второво не планирам да перам со плус омекшивач. Ариелот ми е незаменлив
фала на информација, јас па навикната на капсулите за нашите облеки, не сум перела со ништо друго никогаш.
На овој мислиш? Јас го користам со години за наши алишта, за бебе не употребувам. Задоволна сум инаку.
Мириса нежно и стварно е многу убав, се става малку количински, а ако мислиш ептен да се осеќа мискоини НЕ
персилов воопшто не мириса откако ќе се исперат, не знам дали е до машинава. За нашите ако не ставам омекнувач исто, како само со вода да се миени.Ќе ги пробам баш сега Ариел
И јас нашите ги перам со овој,а за беба знам да капнам кога и перам ќебенца и прекривки дека не е ептен директен контакт со кожа.Мириса преубаво. Би ви препорачала Фрош омекнувач од бадем,одличен е и со преубав мирис.
А од каде купувате Дуел бебешки,јас одамна не сум го видела? Ленорот белиот е многу нежен и јас го имам користено.
Јас перам со бекутан но се на 40 ги пуштам, еве сега ги извадив белите се со флеки кои од павловиќева што мачкаме, кои од повраќање и ракавици шго става во уста. Не знам дали е слабо пто ги перам на 40 или е до детергент? Ве молам некој совет на колку перете или за детергент?