Јас перам на 60°, за флеки мислам дека има посебен детергент, овде имам прочитано за Фрош. Не сум го користела ама не сум имала потреба. Пред да ставам во машина отперувам со обичен сапун, досега имам пробано Ариел, Бекутан и Виолета. Се вратив на Ариел, дефинитивно најдобар ми се покажа и мирисот останува. Не користам омекнувач.
И јас перам со Ариел најсвежо ми мириса и почнав се што е памучно да перам на 60 степени ама ставам од оние марамчињата фаќачи на боја. Обично каката потешко се пере, па прскам прво на флеката со Фрош за флеки, стои 10-15 минути и ставам во машина.
Јас од бекутан не бев задоволна. Ми се усмрдуваа алиштата и флеки жолти излегуваа на некои работи од нигде никаде. И сега перам претежно на 40, со ариел бејби и немам вакви проблеми.
Кај мене флеки не вади ама многу убаво ми мириса..додуша и овие од капкиве мрсни се па прво во вениш ги перам па после пикам в машина не сум пробала само така дали ќе се исперат ама не верувам оти перам на 40..од каки не сме имале флеки досега не ни пропуштил памперсот
Мајки колку ставате количински од ариел течниот при перење? Капачето е премало за да мерам според него а за нас обично сум ставала и по 4 капачиња од другиве детергенти со овој немам претстава колку е доволно за бебе а немам мералце?
Здраво, голем дел од бебешката облека ми е од ваикики и е 100% памук, меѓутоа на етикетата е истакнато да се пере на 30 степени, а јас за прво перење сакав на 40 да исперам се, па да ве прашам дали нешто ви се смалило, купено од ваикики, а испрано на малку повисока температура? Благодарам.
Не знам дали имаш опција за брзо перење. Така перам штотуку купена гардероба за децата. Па и за нас. Не ставам многу прашок. Колку да се преперат.
Имам, меѓутоа на таа програма алиштата машината ми ги вади утоп, не исцедени и сакам на 40 степени со малку детергент да ги пуштам еден час и после уште 38 мин. да се исплават.
Искрено...сум немала проблем до сега. Имам блузи од Ваикики за децава. После носење ги перам на 40. Ги валкаат, се потат. Малку се раширија после неколку перења.
Ги делите ли секогаш бели од шарени? Јас заедно пуштам, но на 40 и досега не пуштило боја ништо. Сепак некои флеки забележувам и сакам на 60 да вклучам, може подобро да ги одвојам светлите, да не се исфарбаат, иако на толку перења не би требало нешто да пушти боја
Нема да пуштат боја и на 60, но ќе подобелат тие во боја. Најдобро е со сретство за флеки прво па после во машина и на 40 ке излезат.
И мене така на брза програма ама кога ќе заврши имам една програма од 12 минути и ми ги цеди. Центрифуга е мислам само
Јас перев со бекутан па персил сензитив течниот омекшивач не користам за алиштата на децата ,неколку другарки ми сугерираа да пробам со Нила бејби се мислев искрено многу ,сепак одлучив да ја пробам и сега се каам како порано не сум ја зела пере преубаво и мириса преубаво нема потреба од дополнително омекшивач да се користи .Препорачувам да пробате ,а и доста поефтина е од ариел и персил.