Едно капаче. Баш сега од Ваикики купив и на 40 ги исправ. Не сум дома и овде машината нема опција 30, само 20 и 40. Ништо не им е на алиштата, испери си на 40.
Јас перам и на 60 степени некогаш ако има нешто измочкано или искакано и не ги делам светли темни. Сите се памучни, ставам само марамче фаќач на боја и пуштам на 60. Досега ништо не пуштило боја. А ако имам цела перална бели обавезно на 60, тетрите на почеток на 90 ги перев
И јас не ги двојам, а тетри, бањарки, крпи и од облека по нешто ако треба на 60 ги пуштам заедно. Досега боја не ми пуштило ништо, а и да пушти, не се замарам, голема работа
Доволно е едно капаче бемаш потреба за бебе од толку многу детергент ако ставиш повеќе само пена ќе ти направи нема да ти се исчистат флеките ако ставаш затоа повеќе..
Марамчињата се лек за пуштање боја, ама од нив ќе си ја зафркнев машината. Многу се напикаа во филтерот. @ni.na каков и да користиш, ставај помалку од пропишаната доза. Сепак, бебињата имаат поосетлива кожа. Ако пишува цело капаче, јас ставав малку повеќе од пола. И ден денес така правам. Омекнувачи не користам.
Ај Елче ако не ти проблем пушти слика од нилата.. досега не сум видела нила бејби или пак не сум ја приметила по продавнициве Едит: сега ми текна.. не знам во која тема те читав за синко за сирупот што пишуваше.. ако мислиме на истиот Флорадикс се вика на природна база со б комплекс и витамин ц. Од денес јас почнав на ќере да и го давам се надевам ќе видиме некакво подобрување Золва ми го даваше и она на малата и беше задоволна, сега ние ќе видиме.. битно она го прифати, добив лајк за “сокчето”
Јас од други детергенти ставам помалку но на ариелот бејби е премногу мало капачето таа количина мислев немаа ништо да испере
Тие што не се валкани на 30 ги перам, тос што е со флеки прскам со Фрош за флеки и ставам на 90. На 30 од кашичка ништо не се вади, посебно морковче.
Мало е капачето да ама јако концентиран е..сепак ако сакаш и мислиш подолго ќе мириса стави повеќе ама со дупло плакнење ма да јас не сум направила вака досега..
Biljana sapun za perenje mene mi pomogna so vadenje na fleki odma cim se isfleka od jadenje odma na race go otprav i go staviv vo masina flekata izleze taka da nema nesto sto ne sum probala flekite ostanuvaat
Штом се исфлека, одма заперете со сјај или сапун. Застоена флека не се пере, ама ако го исперам на место не останува. Јас облекувам темни или црвени алишта кога јаде морков, слива итн. На инстаграм една блогерка го соблекува по памперс и така јаде.
Јас ставам арис пробав со сапун несака со фрош за флеки не сака или пак мижеби веднаш треба откако ќе се испрлат.