Користам на Фрош за бебешки флеки, прскам пред перење или ако е поголема флека прскам неколку часа претходно да отстојат, перам со Персил сензитив на 40°.
Досега не сум имала проблем со каки не му пропуштил памперсот..ама сум заприметила лигавките после јадење ако ги оставам и се засуши флеката после не се пери останува..а ако ја поминам на рака да нема остатоци од јадење тогаш се чистат.. Јас проблем имам само пдод омегава ако му текни да ја плукни со ништо неможам да ја исчистам и си стои жолто на лигавчето..
Здраво девојки, 35та недела сум и имам еден куп нова облека за бебуш, плус еден куп облека од една другарка од ќерка и што секако сакам да ја исперам пред користење. Исто така и постелнини за бебешкото креветче, перничиња и сл. Бидејќи се премногу работи сакам да почнам да перам да имам се средено во нареднава недела, две. Е сега, прво бебенце ми е и немам појма како да перам. Купивме бебешки течен прашок и омекнувач, ама немаме бебешка специјална програма на машината. На колку степени перете? На 90 ли мора се бебешко? И дали обавезно пеглате се после перење, односно сушење? Имаме и сушара за алишта, ама не сум ја користела до сега, под кирија сме, не е наша, дали можам да ја користам? Пошто времево е ладно, ќе треба со денови да сушам, а од друга страна не знам како да ја исчистам сушарата прво, дали е сигурно да се става облеката таму (можда сум малку параноична хаха). Фала ви однапред.
И на моето не му пропушта ја го преслакам и тогаш ќе се до-искака. Ја лом, пресоблекувална лом ѕид лом И не е еднаш да речеш
Кај мене има бебешки мод машината на 40Ц, на 90 немам перено. Некогаш и на 45м ги пуштам ако се малце и сушам бидејќи и кај мене 3 дена ќе се суши. Ја ги пеглам после тоа мислев не треба бидејќи ги сушам ама па пишува убаво е да се испегла ради остатоци од детергент. Ама кој како сака. Мене и ме нервира згужвани да му ги облакам. Чим ти е остаена сушарата користи ја
Омекнувач не ти треба, најдобро е да се пере само со прашок. Перам најчесто на 40 степени, а крпи, тетри, постелнина на 60. Имам програма за бебе, но перам на обична за памук. Пеглам сè, не користам машина за сушење. Тука на форумов пишуваа дека ако се сушат во сушара, не мора да се пегла, но и некои алишта се собираат ако се сушат така.
Исто, и тоа некогаш го чекам и по неколку минути и мислам готово се искакал, и таман го слечам ете го пак напиња А често и ми прднува тогаш, изгледа дека кренати ножињата накај мешето за да го избришам
јас (полна 34та недела скоро) баш викендов почнав со перење и пеглање алишта. новите купени ги перев на 30 степени на quick 30 mode (само 30 минути), додека плишани облеки и ќебенца пуштив во посебна машина на 20 степени (исто никогаш неискористени). сите наследени алиштенца ги перев на baby care mode на 60 степени. сѐ пеглав бидејќи немам сушара. користев само течен детергент ариел бејби, преубаво мириса.
Прашок користам на Бекутан, а омекнувач на Орнел Бејби али ставам помалце од пола капаче ако има малку алишта ако има повеќе пола капаче јас имам бејби програм и на 40°С ги перам не ги пеглам бидејќи ги сушам во сушара и доста ми помага тоа. Ако немаш бејби програма најбитно е убаво да се поминати низ вода да не остане прашак.
Вака, испери ги или на 30 или на 40ка, немој на 90ка премногу е да не ти се смалат. Јас ги испеглав подобро е за дезинфекција. Ги ставив откако се испериа и во машина за сушење алишта, ама мислам дека ми ги смали капчињата и бодите. Подобро нека се исушат природно, да не ти се стврднат ма сушарата, види во станот испружи ги на тоа дршката за сушење. А што не ја испробаш сушарата прво со ваши алишта?
Даа, така и мислев да направам. Утре пуштам машина со облека на маж ми и ќе иде на проба во сушара, па ќе видиме Фала ви на сите за одговорите
Јас денес бев на пазарење и земав Нила бејби (го имаа пофалено страни наназад). Мислам има добар состав и многу нежно мириса. Цената е исплатлива 2,7 кг за 330 мкд. Омекшивач земав Семана бејби иако не планирам да ставам зошто мислам Нилата ке има убав мирис ама за нас ке аостане омекшивачот секако.
И јас го земав денес прв пат перам, инаку јас го земав за 200 и нешто на акција во еден маркет кај мене. И дуел бејби земав ептен малку ставам.
во веро има акција на големиот ариел бејби (2200мл) за 399 денари, вообичаено а и во други маркети е над 600 денари.
Здраво мајки, дали до сега некоја има искусено реакција кај бебе од Ариел baby детергентот? Јас од раѓање користев Frosch, но го сменив со Ариел пред 2 недели и после 1 недела бебе почна со црвенила и лишички. Сигурна сум дека нема друга причина.
Ние имавме реакција од Ариел бејби, од почеток до 3 месеци го користев и во ниту еден момент не помислив дека кожата му се црвени и му се праат лишаи од прашокот, дека бевме на АД млеко се си мислев од млекото дури и докторката ми рече од млекото, 2 пати му го сменив не прифати никакво и пак се вративме на истото, а лишаите и цевенилото останаја додека не ми рече една апотекарка можно е да е од детергентот да смениш, оттогаш само фрош хипоалегеник детергемт користам и фала му на господ се исчисти целосно, сега одвреме на време на лицето се прајт ама знам дека е од влажните кога сме излезени го бришам ако неможам да го измијам во момент, ама ставам еуцерин атопиконтрол на лице и задоволна сум. Вратисе пак на фрош, според мене е најдобар, ниту еден прашок неможе да извади флеки ако мислиш дека е подобар ариел.