Не знам за чорапчиња конкретно, но можеш да ги искористиш оние мрежи за градници од Џамбо, сигурно ќе ти завршат работа, со патент се
Имаш мрежи во дм, две се во пакување една поголема, една помала. Вршат работа, околу 100 и нешто денари се
Во рамстор го купив јас пред недела две, повеќе мириси имаше. Мада мислам дека и по други маркети треба да го има.
Ви ги читам коментарите претходно и го фалите многу мерикс дечји сапун и Нила baby, според искуство од вас кој е подобар? Се спремам за прво бебче па сакам се да биде како што треба.
тие се, јас лично се одлучив за персил затоа што разбрав дека го има за поефтина цена во стокомак (околу 100ден разлика) при крај сум со првиот литар, се ми испра, и каки и млеко и крвца од папче
Ако ги сушиш во машина ариел. Ако не се сушени во машина ептен се крути од ариелот. Лично мене многу поубавоми мириса ариелот. А дамки ми вадат исто
Јас со ариелот перам и сушам во машина без додатен омекшивач. Многу се меки и убави. Персилот ми го дадоа во болница го пробав ама не ми беше тоа тоа. Инаку ариел големото паковање од 600 и нешто го чекам во веро кога е на промоција 50% се фаќа некои 350 денари и ми трае месец ипол два сигурно со перење 1-2 неделно...
околу 250-260 ден, и јас гледав сегде на друго место и увидов дека разликата не е стварно мала а во маалскиот маркет е 280-290.. поминете до Стокомак, цело време треба да е таа цена
да, каки се испраа без никако да ги третирам претходно, пуштив на беби програма и наместив 40 степени
Не можам да најдам таква беби програма, ама ќе побарам во тоа проспектот, никад не ми требало и не сум заприметила, тоа исто пере 2 саати, или пократка е? Иначе, нема да ги сушам во машина, на сушара во дневна ќе ги ставам, така да би требало да земам Персил, па ако не одговара ќе смениме, ќе видам и јас кај ќе го има на акција. Фала ви на сите за препораките.