Нешто повеќе од два саати трае, имам беко машина. Она што читав во упатството дека е карактеристично за неа е дека има едно плакнење плус со цел да има помалку траги од самиот детергент на алиштенцата
Ако немаш беби програма, пушти на 40° со дополнително двојно плакнење, јас така ги перев на почеток, без омекнувач
Ќе побарам во проспектот на машината, не сум пуштала до сега на такви програми, и појма немам што како.
Барам совет од вас мамички, користам течен Бекутан детергент,без омекнувач, алиштенцава на бејби ги перам на 40ст. Со дополнително плакнење, немам бејби програма, ама каките од тетра пелените не излегуваат. Дајте идеја, предлог за детергент што убаво би ги испрало тие флеки. На почеток ги вриев тие работчиња ама многу време одзема и без врска ми е процесов во 21 век.
фрош бејби спреј за флеки. веднаш на покакана облека и да покисне во леген со жешка вода пред да се стави во машина за перење. и јас перам сѐ на 40, брз програм 30 минути, сите флеки ми излегуваат. перам со ариел бејби течен ама мислам детергентот нема врска колку што има киснењево во вода со спреј за флеки и неоставање да закорават.
Пробав и така не бива, или е до детергентот или треба плус средство за флеки. Ете феминкиве ми дадоа совет фрош спреј за флеки, па ќе пробам така.
Не ми излегоа ни мене со ариел каките од тетрите Панталончињата му ги исправ излегоа флеките ама од тетриве не што има врска дома за преслакање користи си ги перени испеглани и готово
Јас на почеток користев персил сенситив, тој белиот за бебешка облека но некако не ми беа испрани алиштата убаво, мирисаа на млеко. После сменив со обичен персил течен но тој имаше ептен јак мирис, некако премногу концентриран беше. Пробав со ариел универзал капсулите и тие се покажаа најдобри, убаво перат, нема прејак мирис а и бебка не покажа некои знаци дека и смета на кожата па си продолжив со нив и не би ги менувала.
На која програма ги сушете алиштенцата? На мојата нема беби програма не знам на која да ги пуштам страв ми е да не ги истенчи многу, многу ми се собира отпад од алишта во филтерот
На сите програми ги имам сушено до сега се немаат стеснато комплет и ќебенца и тетри и јакни и памучни скафандери...
Пред некој ден побарав совет за средство или детергент што би можело тврдокорни флеки и свежи и постари од тетра пелени и бодиња да извади, па добив совет за спрејот на фрош, го земав и можам да кажам има стварно ефект. Новите флеки скроз ги отстранува а старите стварно избледеа за 80%, сигурно веќе со наредните перења би исчезнале. Топла препорака и од мене за спрејот
Вади да и на гумата па ја чистам. Ама сушам 2 години сега за бебево 4 месеци до сега сум немала проблем со машината
Нели се оштетуваат алиштата што им ги вади влакненцата? Јас вчера ја купив сушарата денес прв пат ја вклучив затоа многу прашувам не ми е јасно
Не ми оштетува ништо бар до сега не оштетило јас и на мм кошули сушам, фармерки, панталони... буквално се што можам и до сега ништо не ми се оштетило. Се случило да се смали не дека не затоа внимавај што сушиш ама не се оштетило до сега бебешкиве се како нови од сушара. Чисти, миризливи, нема пеглање само диплиш и во регал
Леле супер и така ми беше преку глава од пеглање, ама се исплашив кога го извадив филтерот викам од каде толку многу влакна собрани дури како памук цела рака полна