затриј ги со стара четкица за заби (или купи нова некоја најевтина) после прскање со спрејот, па во машина.
Од сервис ни имаат кажано да се чисти почесто само ако почесто се користи. Нас ни е башка 2 во 1 пере и суши, ако те разбрав само сушара имаш што е уште подобро поубаво ми сушат единечните некако
Тоа дека прв пат ги сушиш во сушара и све прашина и памбукчиња ти има извадено, наредниот пат истите алишта нема да има толку. Ќе си фатиш некој ред, секоја сушара е различна. А за тоа постепено ќе се намалуваат "глувчињата" така ги викам кога ги вадам исто како глувче е сега кај мене од белите не се ни познава дека има собрано. Создравје да си ја служиш, многу ќе ти олесни.
Poveke ostetuva onaa sto e i za prenje i susenje nego samo susara. Vo samo susara i volna i svila gajle nema. Baska bebeskite nema sto da mu ja mislis sekako se mali za nekoj mesec
Ништо не им е. Со години користам. Филтерот е секогаш полн, ама не сум приметила дека алиштенцата се истенчени.
Сакам да почнам да му ги спремам алиштата на бебуш, треба да дојде здравје Боже за месец дена. Кој детергент и омекнувач да ги користам? Дали е прерано сега за да почнам со средување (во поглед на тоа, дали ако исперам/испеглам сега, за месец дена пак ќе треба да перам, да не постои пак ризик од бактерии, ако стојат месец дена затворени во плакар)? Дали ако користам сушара, треба да ги пеглам или не?
Јас почнав некои месец дена пред термин да перам, ама знаев дека пеглањето ќе ми одземе доста време, па ради тоа... Инаку викаат ако имаш сушара не мора да пеглаш (ја немам). Користам персил сензитив, го купувам 250 во стокомак, на други места е по 350. Омекнувач не користам, сметам нема потреба. Голем дел користат и ариел бејби ама го немам пробано. За дамки за понатаму земи си фрош отстранувач на дамки за бебешка облека. За чување на испраната облека во плакар, мислам не е страшно. Ја само ги ставав во вакум кеси ама не ги вакумирав. Инаку рачунај, бебе можда ќе подрани, можда ќе закасни, не можеш да знаеш... Во претходниот пост имам ставено слика од фрош за флеки а до него е сјај фрош за цуцли, шишиња, такви ствари, и тоа исто користам.
мене ми беше сѐ испрано, испеглано и наредено повеќе од еден месец однапред. сакав да влезам во 9ти скроз спремна. секоја фиока ми беше покриена со тетра пелена, алиштата си беа свежи и миризливи кога дојде бебето. потоа само тетрите ги преправ.
И јас имам уште месец дена до термин некаде ако се е во ред здравје, и ќе почнам од утре да перам, е сега на колку степени да перам со оглед дека нема мојата машина 30°? И тие што имате плетенка и перничиња на колку степени ги перете нив?
Арно ја стави сликава, заборавив да пишам прееска. Мојата има бејби програма што сама по себе значи едно плакнење плус. Еве гледам твојата нема, ама можеш да комбинираш кога ќе пуштиш некоја програма, да селектираш rinse од страна ако има.
Сакаш да кажиш ако ги пуштам на 40° (пошто 20 е малце реално) отпосле плус rinse да уклучам за да ги преплаве ?