Земав фрош бејби денес, течен детергент, ок е тој? Друг не можев да најдам. Е сега, ги уклучив алиштата на 40 степени, на програма што трае скоро 3 саати, Алергие Плус, претпоставувам тоа е со дополнително плакнење Имам и на сушарата таква иста програма, претпоставувам ќе биде во ред така, да не ти пеглам сите алишта...или сепак да ги пеглам? Ич ништо не знам
Кај мене на машината има бејби програма, автоматски е поставена на 60°, 4 плакнења и 1400 вртежи. На скоро сите алиштенца што ги имам купено пишува на 30° или 40° да се перат. Некако 30 ми е малку, а ми е страв на 60 да не се соберат.
40 ок е? Кај мене на секоја програма може да и се смени температурата, ама па бејби програма немам Имам памук, и екопамук, може е попаметно на некоја од тие да ги пуштам и тие траат околу 3 саати, а и онака цела облека на бебето е 100% памук, што знам...
А зошто предперење кога тоа е за многу прљави алишта? Ако немате бејби програм тогаш подобро е кога ќе заврши со перење обичниот програм да се уклучи само уште едно плавење (плакнење). Доволно ви е на 40 степени, а 60 за пешкири и укакани алишта. Не се уништуваат на 60 со повремено перење. За флеки од овошје кога ќе почнат да јадат верувајте задолжително е некое средство како Вениш. @Marge мисли му ја богами за сметката за струја ако треба секој втор ден да ти пере 3 саати
Исто и кај мене е таква. Но предперење е да ги откисне тврдокорните флеки. Тоа може да го користите кога ќе наполнат 2 години Е од тогаш, више незнам која програма да ја употребам
Бекутан омекшивачот, го има ли некој пробано? Вчера го купив, стварно се надевам дека мирисот нема да е пресилен
Јас моите алишта едно време ги перев со бекутан, ама искрено миризбата многу брзо исчезнуваше. Јас ич не бев задоволна. Туку мајки, омекнувач се користи или треба да се избегнува за бебешките алишта?
Со двете деца користам од само раѓање, на почеток со плус уште едно плавење. Еве одкога потпркна и гледам нема проблеми на стандардни програми и ги пуштам алиштата.
Јас омекнувач на почеток нема да користам, тргам од себе , сум се исфрлала, па си викам зошто да ризикувам,понатака здравје, да пркне малку.
Јас го имам пробано и не ми се свиѓа си купувам на Орнел во КАМ што го има со бебето таму и најефтин ми е и ставам малце. Ако веќе перете бебешки алишта со бебешки пршак и омекнувач перете ги и вашите зошто нема логика неговите да ги перете со бебешки прашак,а вашите со било кој друг, зошто секако ќе ги допирате бебенцата со вашите алишта и пак можат дас е исфрлат, а нема да знаете од што е
Девојки гнездата ги перете ли? Ако да на која програма за да не се распадне Добивме за подарок и два дена го гледам и му се мислам
Јас го однесов на хемиско, заедно со се оградите за креветот, ми беше страв да не го расипам сунгерот внатре
Јас перам со ариел или персил бејби,ариелот мислам повеќе ми вади флеки,а омекнувач сега почнав по малку да ставам од грош бидејќи ми беа многу крути алиштата,и плус плавам два пати.