Како ги перите оградниците за креветче? Не ми е изводливо да ги вадам сунгерите зашиени си се убаво,не знам на која температура и дали може да ги оштетам во машина
Јас на почеток перев на 60 степени зашто секако сите алишта се памучни и не се смалија. Само ставав од оние фаќачите на боја зашто може некоја облека во боја да пушти. Плус ги пеглав сите. Сега шарено перам на 40, а бели на 60 степени. Омекнувач користам од почеток, немал проблем досега.
На брзо перење, или на синтетика на мала температура. Имав 2 вида оградици, едните се собраа внатре, тие поквалитетните ништо не им беше.
Мајки ми треба совет. Кој детергент да го земам, ариел или персил сензитив? Гледам во веро иста е цената на двата, за ист број на перења. И кој омекнувач го користите? Цел веро и дм ги издушкав омекнувачите, ниеден не ми мирисаше убаво. Знам дека е ствар на вкус, ама ми споделете искуство. Сакам омекнувач кој ќе мириса свежо, не тешко и преинтензивно.
Јас цело време користам персил сензитив во комбинација со фрош за беби флеки по потреба и сум задоволна. Ариел го немам пробано. Инаку персилот ќе го најдеш 100 ден поефтин во Стокомак а во Кам е 2.5 литри 430 ден, па таму најефтин испаѓа. Омекнувач засега не користам.
Користам персил сензитив или фрош, задоволна сум и од двата. Ариел не сум пробала, а омекнувач не користам.
Сега ме замислувате со омекнувачот. Да не користам од старт? Додуша сите алиштенца се мекани, памучни, не дека е неопходно омекнувач да се користи, ама ете пример за тертри, ќебенца, постелнина..?
Само да ви кажам ако не сте приметиле дека Персил сензитив во Кам и Стокомак е околу 250 ден литар а во Тинекс и во другите такви маркети е скоро 350 ден. Јас исправ се со него,многу е убав,омекнувач нема да користам,не користам ни за нас,е сега предност е што имам сушара па алиштата се меки и благооо миризливи.
Да, да, во веро е 349 денари 1,1л, а тинекс можда некој денар поскап. И пошто исто пари беше со ариелот, затоа реков една консултација пред да се одлучам. Ама од кам/стокомак ќе си земам и јас.
Во Кам видов имаше и од 2.5л мислам,земи си таков,исто да споделам дека спрејчето од Фрош за флеки чисти одлично
И јас од Персил сензитив да се пофалам, и од Фрош за флеки, се вади буквално, кој нема да си земе. Фаќачите на бои се супер исто така, јас перам на 40 степени се, зошто ништо не е прљаво, само бљуцки се обично, и до сега сите алиштенца се супер. Плишаните ќебенца, и неколку комплетчиња ги перам на рака, жал ми е такви мекани во машина. А за омекшивач, купив на почеток Орнел бејби жолт, многу убаво ми мирисаше, ама престанав са ставам сега за сега, да не му е многу јак, не знам.
Фрош за флеки не вади секакви флеки од храна ако не испрскаш одма. Да знаете за покасно кога ќе почнете со дохрана, одма испрскајте на флеката, инаку каки ми вадеше и мене без проблем. Омекнувач од старт користам Дуел плав бебешки.
Јас секако се пеглам пошто немам сушара. На тој начин тетрите се таман меки. Постелнината и ќебенцата во мекост би поминале и без пеглање ама ги пеглам и нив ради стерилизација.
Јас тетри пеглам, пешкирчиња, и постелнини, алиштенцата не ги пеглам, зошто немам време стварно до сега барем нема проблем.
Јас користев персил сензитив, но од скоро го земав нила бебешкиот и сега за сега не го менувам, преубаво мириса.
Јас си земав персил сензитив а омекшивач почнав да користам после годинка со првото а сега за ова ќе почнам после 34 месеци за постелнината и пешкирите само. Мене на виолета бебешкиот ми се допаѓа ама ко да го немам видено по продавнициве... За флеки фрош е спасот... Проверено
Jas si kupiv se od frosch prezadovolna sum na prvo perenje, rabotitr preubavo mirisaat i se oseka mirisot i posle susara i pegla. Da napomenam deka masinata mi e peri/susi i nasi raboti koa sum susela ic ne se osekal mirisot od detergentot ili omeksivacot. Ova froschot se oseka ubavo. E sea samo da ne mi se isfrli beba od nego i ne planiram da.go menjam
Јас го користам нила бејби ама пустинскиот нигде не можам да го најдам во мојот град...ај препорачајте ми некој друг прашок што можам во тинекс да го најдам,најчесто таму пазарам...а омекнувач и јас не користам
Јас купив прашок персил сензитив, сакав да купам и омекнувач, али сите што беа сензитив омекнувачи некако гаден мирис ми имаат и одлучив само со прашок да перам и мислам дека нема потреба од омекнувач барем не сега додека се толку мали.
Ариел бебешки користам со години за наши алишта, а Персил бебешки за бели работи. И од двата сум задоволна, па со Ариел продолжив и од бебе да перам. Омекнувач уште не користам за неговите работи.