Ариел течен со чико плав омекшивач. Комбинација од мирис убавина. Флеки ми вади исто така ариелот подобро од персил. За првото не користам омекшивач бидејќи има егзема ама за бебе оваа комбинација ми е добитна
Ариелот сега во веро пред некој ден го земав за 400 и нешто големото паковање од 2.2л намален од 600. Види ако е уште на акција ептен се исплати 2месеци ми трае машина пуштам 2 неделно за бебе
Леле јас исправ со Бекутан за бебиња, полош мирис немам мириснато ....самиот детергент во пакувањето не мириса лошо, напротив си го има оној убав мирис на Бекутан, но откако ќе ги испереш алиштата мириса мноогу лошо, и алиштата се тврди.
Супер штом нема проблем. Ја искрено не сум пробала без пеглање. Ама друго е кај вас, моето на 3 саати цица, затоа имам време.
Мајка ми со години наместо омекнувач става оцет во машината, пешкири, постелина премеки. Е сега немаат мирос на омекнувач ама реално се што е парфимирано иритира кожа и ствара алергии. Така да јас планирам да продолжам по нејзини стапки само се мислам уште за кој прашак да го земам гледам сите се прилично парфимирани а ја сум скептик за тоа, веќе со години цела козметика шти ја користам купувам без парфем.
А да ве прашам за помош може малку вон темата, порано нон стоп си перев со течен детергент за нас дома, па се префрлив на капсули и од тогаш не знам кај сум си го ставила она додатокот за течен детергент, едно како кадичка што се става во делот за прашок. Е сега како да си помогнам за да си ги исперам со течен детергент на бебево работите?
јас за нашите облеки и постелнини користам бел оцет наместо омекнувач, а за бебе само детергент, не знаев дали смеам оцет и кај нејзините алишта?
Истава комбинација на прашак и омекнувач и јас ги користам.Ептен нежно мириса,а ариелот и мене повеќе ми вади флеки
Па колку што имам читано и колку што се разбирам алкохолен (бел) оцет испарува така да нема зашто да несмее, никако не би наштетило.
Ми треба помош. Незнам на која опција да ги пуштам бебешките алишта. Машината за перење има слика со бебе, 90степени со 1000вртежи, што е многу силно за нив. Дали на истата опција да намалам температура и вртежи? Спојлер: Слика од машина
Ок е на 90 степени, не мора секогаш, ама нема ништо да им биде,а со 1000 вртежи ќе ги извади по суви.
Јас постелнината, тетрите, ќебенцата, крпите ги исправ на 60°, 1400 вртежи со 5 плавења (таа ми е автоматска програма за бебешки алишта на машината). Останатите алишта планирам на 40° да ги пуштам, исто со 5 плавења и 1400 вртежи, оти ми е страв да не се соберат на повеќе степени (на повеќето од алиштенцата на етикетата пишува да се перат на 30°, ама некако малку ми е).
Ја го оставам бројот на вртежи на беби програмата, само намалувам температура. До сега мислам ниеднаш дека немам пуштено на 90ка
За мирисот и така и така. Додека се влажни некако и мирисаат ама пак кога ќе се исушат и мирисот испарува. Ама што ич не вади флеки е тоа НУЛА голема од мене.
Што е на попуст тоа. Прво користев Персил со Чико омекнувач. Па мери мерино со тета Виолета, сега користам нила прашок течен со орнел. Проблеми со кожата немало никогаш, ниту осип ништо. Планирам да останам на Нила и Мери Мерино течните, а омекнувачи секакви земам, коколино најубаво мириса, и орнел не е лош. Истите и за нас ги користам и за бебе, но посебно перам наши и негови.
Да точно, најважното несум го напишала, невади флеки, ајде додека е бебе на млекце напочеток неприметуваш за флеките, но флека од кашичка нема шанси да исчисти. А незнам зошто и на 30 степени да ги испериш алиштата пак се тврди.
Jas zemav frosch baby a dali pisuvase aloe na nego ne znam....toj vo dm sto go ima tecen i omeksivas...super mi e mnogu ubavo mirisa i trae mirisot
Јас го користам за ќерка ми веќе три години, почнав со персил сенситив, во меѓувреме она појави дерматит (неповрзано со детергентот но тогаш сменив се на хипоалергени) , се префрлив на Фрош сенситив и многу сум задоволна. Ако се флекосани додавам 2.5 капачиња и прскам со фрош за флеки, обично сè ми вади.