Јас веќе почнав да ги перам алиштата за бебето. Јас не гледам дали алиштата се бебешки или не. Ако пуштам бели алишта ставам се што е бело во корпата, исто и со шарени. Користам омекнувач ОРНЕЛ натурал анд сенстиив, бел. За бели алишта користам Персил Експерт со Силан мислам дека пишува, шарени со Первол течен за шарени или црни, зависи какви се. Спојлер И не го следам упатството на прашокот што го пишува. Ставам прашок колку што е мислам дека е доволно за тоа колку алишта има во машина, ама секогаш ставам помалце од препорачаната доза. И вака и така алиштата се перат и супер чисти се. Нивните упатства според мене, се само колку да се потроши прашокот побрзо па да купиш нов. Ние прашок и омекнувач купуваме во зависност од расположение во моментот кога купуваме. И планирам со перењето да си продолжам како до сега. Освен можеби ќе пробам да додадам сода бикербона и оцет. Јас и онака ги користам за се па зошто да не и за перење.И омнио бланко по потреба. Оливер прашок некој има користено, знаете оној што доби златна папуча од рекламата на К15?
Јас му исправ се на бебуш, со дуел бејби и омекнувач на чико. Се надевам нема да има никаква реакција, се исправ со дупло плавење, после 5 саати во сушална на незнам колку степени и на крај пеглање. Мислам дека треба поголемо внимание да обрнеш на алиштата на бебето, не е убаво да ги мешаш со вашите алишта, а уште помалку пак да му ги переш со 300 различни прашоци и омекнувачи. Одбери си еден само за неговите, најубаво да биде некои од оние сензитив и што ќе те кошта посебно да му ги пушташ неговите. Сепак ти си знаеш, но јас на моево му купив и посебна корпа за алишта, немам намера ни прљави коа ќе му се да му ги мешам со нашите а не пак заедно да ги перам Ни моите не ги мешам со ничии, со на маж ми само може
А каде најде Дуел бејби, јас го немам видено по маркетите во последно време, перев со него и ми беше одличен ама еве неколку месеци не можам да најдам, не дека сум барала под дрво и под камен, ама по големиве маркети го нема.
Da navistina prasokot go nema,a omeknuvacot se naoga i go koristam.Bas onaka bebeski mi mirisa... Mmmm
Во право си, ништо не ме кошта да ги перам посебно бебешките алишта. Ама не сакам да се му ја мислам сега до толку,тие 5-10 мин што ќе ги поминам пред машина, ќе ги поминам со во гушкање со неа или мм.Ако има да се наполни машина само со нејзини работи, супер. Ако не ќе ставам и наши. Сепак, обрнувам внимание на некои работи. На пример ако мм работел кај пријателот во село, миризливи чорапи, алишта што знам дека се нечисти многу многу не само што нема да ги пуштам бебешките, не ги пуштам ни моите. И за прашок и омекнувач внимавам да не биде некој чкарт, ама пак ќе речам, зависи од разположение.
Јас денес почнав со перење на алиштата за бебушката...и зедов Lenor Sensitive па ќе видиме како ќе се покажи.. Некоја од мамите да сподели искуство доколку има со овој омекнувач?
Јас земав ваков пред 2 недели, претходно користев Duel baby care, но не можев да најдам. Убаво мириса, не е лош, но Дуел ми е поубав.
јас перам со мерикс бебешкиот, ми се покажа суоер не ми прави алергија и двапати ги плавам секогаш алиштата. омекшивач не користам и бар до година дена не планирам да користам баш поради алергиски реакции,ете така почнав само со прашак и така си терам
Алиштата нејзини се пуштаат задолжителн во посебна машина не ги мешаме со нашите.. досега со прашок не ги имам перено само со ариел капсулите и зелените и виолетовите. Омекнувач користам Оrnel natural and sensitive flower nectar розевиот *синиот не мириса убаво*.. на сликата се мајка и бебе гушнати. Досега од оваа комбинација сум задоволна.
Прашок duel senzitiv и омекнувач ornel natural and senzitiv - aloe milk(синиот) задоволна сум досега.
Se odluciv za persil sensitiv prasok..se nadevam.deka ke se pokaze dobar.. Se mislev mnogu za omeknuvac i go izbrav ovoj mirisa na kremce.drugite.mi bea mnogu jaki i be me.bendisaa.se nadevam deka i toj ke se.pokaze kako.dobar nema da pravi problemi..plus rubickite ke.gi plavam dvapati na.perenjeto