Јас за малиот користев Персил течен, без омекнувач и супер беше. Негде докај 7месеци перев со него, ппсле со капсулите ариел или прашакот ариел. Сега земав пак Персил и убаво мирисаат.
Одма почнав и јас. Ги земав виолета прашакот течен и омекнувачот и ептен убава комбинација, мириса нежно и на бебенце. Ама прашакот ми е слаб, на пример бљуцнато не ми извади портокалово ( нели од мајчиното на почетокот е портокалово) и сега земав персил ама прашак не течен. Тој знам дека 100% вади се, уште со првото дете го користев . А омекнувачот ќе си остане виолета
Здраво на сите, јас од срце би ви го препорачала овој кој моментално за себе го користам На база на кокос, без алергени наменет како за бели, така и за шарени алишта. Јас сум презадоволна, па си велам чекај и со вас да го споделам. Следната недела ќе објавам и рецензија за истиот. Според составот сметам дека е одличен за перење на детски и бебешки алишта.
Дали тие што перите со персил ги пуштате одделно алиштата од беба или може заедно со наши алишта да си перам?
После првата годинка почнав со нашите да ги мешам. Сега и на бебе и на бато заедно перам без чорапите и вешот на бато.
Исто и јас како Моник додека беше само поголемиот до годинка само неговите, после почнав и со нашите. Сега се две шарените ги перам заедно, вешот на големиот посебно.
Персил сензитив користам само за нејзините алишта не мешам со наши, уште мала е мислам. И онака скоро машина се собира со нејзини алишта за 5-6 денови.
Одделно. И јас перев со персил со омекнувач чико, ги потрошив и зедов фрош детергент и омекнувач, ама да ми завршат ќе си се вратам на персилот и чичкото, поубаво ми мирисаа алиштата. Има некоја што користи бекутан детергент и омекнувач? Убави се? Многу убава миризба ми има бекутанот, би пробала некогаш.
Јас со персил си перам и наши алишта ама одделно ги пуштам. Мајка ми по грешка ми купила омекнувач бекутан ама па мене ич не ми мириса убаво. И во шишето ми е чуден мирисот, некако не е тој на бекутан, а на алишта па бетер. Ич не ми мирисаат убаво. Јас сеуште не користам омекнувач, само со прашак перам.
Јас мила перам со бекутан. Еве 4 месеци скоро. Супер е, баш убаво мириса. Сакав да сменам демек на персил.. ама може ќе си останам на бекутанот.
Задоволна си, убаво пере? И персилот и фрошот перат многу убаво, ама сакам малку поинтензивни, а не прејаки мириси. А можда и само омекнувач да земам ако се океј. Па сега тешко дека надвор би ги вадела, ќе почне грејна сезона.. Ќе го мириснам в маркет прво. Ако ми го фати носот, ќе го купам.
Мами пробај го плавиот омекшувач на фрош ако переш со фрош сенситиве, мене ми е рај мирисот. Инаку алиштата на децата ги перам одделно, бебе ионака ми прави една машина дневно