Сега кога ве читам сите дека сте купувале специјален бебшки прашок ме фаќа паника дека јас не купив и перев со течен Первол за шарени алишта само пералната ја вклучував двапати на плавење. Инаку алиштата на бебенцето ги перев оделно од нашите и исто ставав омекнувач Ленор бебешки растворен со вода Ми рекоа поискусни мамици дека переле така и не се соочиле со некаков проблем.
И јас не купував никогаш специјален бебешки прашок и повторно да имам бебе, никогаш пак не би го купила. Користев прашок ( не се сеќавам кој тогаш), само во почетокот машината пуштав на плавење два пати. Од омекнувач користев дуел жолтиот (софт). Никогаш немаше проблем со иритација на кожата, од било која причина, ама ете највероватно се е и до кожата. Ако би ми детето било склоно на иритации, највероватно ќе и внимавав повеќе, во тој случај сигурно и специјален бебешки прашок би користила.
не си згрешила воопшто .и јас така ги перев и сеуште ги перам на бебето алиштата само што употребувам персил прашок ,исто ги плавам двапати.дури од овој месец почнав и омекнувач дане купувам сензитив туку користам од истиот за нас што ставам.
Omeksivac na chicco koristev prvata godina a prasok isto kako nasiot.Bebeskite alista posebna korpa.imaa I posebno gi perev.
Мајки, јас користам Ариел, ама мислам да купам некој сензитив, оти мислам дека тој е многу јак. Вие што мислите?
Arielot e mnogu jak i.gi pravi rubite mnogu kruti. Jas koristam Persil sensitiv i sum mnogu zadovolna. Omeknuvacot go isfrliv..
Нормално дека немаш потреба од специјални прашоци кои коштаат дупло а се тоа е исто И јас перам со первол за шарени и chicco омекнувач и никогаш не плавев 2 пати.
И за нас и за него перам со ист прашок и ист омекнувач. Неговите алишта ги перам одделно и за нив ставам сосема малку прашок, а омекнувачот го разредувам со вода. Затоа и не ги плавам по два пати. До сега, пу-пу, сме немале проблем. Инаку, користам Биоактив и Ленор сензитив.
И јас перам со первол за шарени и чико омекнувач и немаме никаков проблем, само што машината ја вклучувам на 5 плакнења.
Јас вчера го купив Персил сензитив течниот прашак, а омекнувач не планирам да ставам првите 3-4 месеца. Преска ја пуштив првата машина од бебушката Прв пат ги перам алиштата за нејзе. Пуштив на 40 степени, на baby care program имам на машината. Ја уклучив и програмата за пеглање да не излезат згужвани алиштата. Се надевам не згрешив ништо.
Kazi mi dali ti se sobraa alistata pri prvo perenje? Jas pustiv na 30 stepeni beli alista ama kako smaleni mi se malku. Uste ne se suvi ama taka mi izgledaa.
Ne, ne se sobra, a i tvoite ne se, ne grizi se.Taka ti izgledaat deka uste se mokri, koga ke se isusat ke si gi ispeglas i ke ti bidat petka
Нај нај лесно ако бебето има било каква можна кожна реакција/адопичен дерматит е Нила течен колор за до 60 степени. Секој детерген што е за вриење 90 степени е јак за бебе
Sakam da ve prasam dali plisanite alista prv pat gi perevte vo masina i na kolku stepeni?Uste plisanite spikozni mi ostanaa za perenje i mi e strav da gi pustam vo masina da ne se soberat ili pustat boja. Sto me sovetuvate vie? Sorry za lat. Od mob sum
Јас исто на 40 ги пуштив со останатите и се си беше во ред. Само како за прво перење не ставив многу детергент, сосем малку. А кога ги пеглав ги превртев плишаните наопаку.